Македонија
Ковачевски: До 100 проценти ги покачивме платите во образованието, Армијата, МВР, здравството, обезбедивме највисока просечна, минимална плата и пензии во државата досега
Премиерот Димитар Ковачевски, на седницата за пратенички прашања во Собранието, посочи дека денес минималната плата, просечната плата и пензиите, но и платите во клучните сектори во државата се покачени како никогаш досега. И тоа во услови кога инфлацијата е спуштена од 19 на 3 проценти, на ниво како пред кризата.
„Во тешка година за целиот свет, поради наследените последици од пандемијата и војната на европскиот континент, кога целиот свет се справува со економско-енергетска криза, успеавме да ја заштитиме егзистенцијата на граѓаните и компаниите, да се сочуваат – и дури да се отворат нови работни места, да растат платите и пензиите, да помогнеме на сите, на кои што им е најпотребно. Од оваа гледна точка, Владата што ја предводам го направи потребното, со навремени решенија, кога беше и е потребно – и со системски решенија, со коишто го осигуравме растот на платите и пензиите. Никогаш повеќе растот на минималната плата и на пензиите да не зависи од предизборни калкулации и манипулации како што беше тоа во минатото туку да зависат од законски решенија и методологии кои што се за долг временски период“, порача премиерот Ковачевски и се осврна на конкретни факти.
„Најголемото покачување на платите во образованието, за 18 проценти, се случи токму во 2022 и 2023 година. Платите во образованието, од 2016 година до 2023 година, во просек се зголемени за 40 до 50 проценти!“, соопшти премиерот.
„Наставник во основно образование, во 2016 година имал нето плата од 20.300 денари. Во 2023 година добива 30.000 денари, односно зголемувањето е за 44 проценти – нето плата. Професор во средно образование во 2016 година добивал 21.500 денари. Денес, нето платата е зголемена за 42 процента, односно изнесува 31.000 денари. Во високото образование, професорите добиле зголемување на нето платата за речиси 50 проценти. Во 2016 година имале нето плата од 34.000 денари. Сега нето платата на професор во високо образование е 56.000 денари, посочи премиерот.
Претседателот на Владата направи споредба и со платите во Армијата и во МВР, денес, во однос на износите во време на претходната влада.
„Во МВР, односно во полицијата, во периодот од 2017 до 2023 година, платите се зголемени за 35 проценти. А, се исплатени 6 бонус плати за одработени прекувремени работни часови. Односно во овој ресор има: 5 покачувања на плата за сите вработени во МВР, 4 дополнителни покачувања за одредени категории работни места, 6 исплатени бонус плати. Во 2022 година, до 01.09.2022 година, со донесената Одлука на Влада за усогласување/зголемување на платите на вработените во Министерството за внатрешни работи, спроведено е зголемување на платите за 5%, во септември 2022, започнувајќи со исплата на септемвриска плата. Во 2023 година, со Одлука на Влада започнувајќи од 01.03.2023 година, извршено е линеарно зголемување на платите на вработените, во бруто износ од 3.000,00 ден, со исплата на платата за месец март“, нагласи премиерот.
„Во Одбраната, професионален војник во 2010 година примал 19.000 денари плата. Во 2016 година примал 22.000 денари. Од 2018 година почнува покачувањето на платите. Во 2022 година месечните приходи на војниците драстично се зголемуваат, особено со законското решение на исплата на месечна станарина за сите – и изнесуваат над 36.000 денари! Од 2023 година, професионален војник добива уште поголем месечен приход, вкупно 46.000 денари, односно плата од 35.000 денари, плус скоро 11.000 денари за станарина. Офицер (полковник) – во 2016 година имал 43.700. Од 2023 има вкупен месечен приход од 75.842 денари, односно – околу 65.000 денари плата и скоро 11.000 денари станарина. Подофицер (наредник), во 2016 година имал 27.000 денари плата. А од 2023 година има вкупен месечен приход од 53.000 денари. Платите на НАТО единицата во 2023 се скоро 54.000 денари за професионален војник, околу 58.000 денари за подофицер (наредник) и околу 84.000 денари за офицер (полковник)“, рече премиерот.
„Ова значи Влада којашто е одговорна и ова значат плати на држава членка на НАТО Алијансата. Над 100 проценти зголемени месечни приходи на припадниците на Армијата“, оцени премиерот Ковачевски и соопшти и за направените покачувања во секторот Здравство.
„Вложивме и во достоинството на лекарите и медицинскиот персонал. Основната плата на лекарите специјалисти ја зголемивме за 40 проценти, на медицинските сестри помеѓу 20 и 23 проценти, на општите лекари за 25 проценти, на здравствени соработници за 15 проценти. Платите на лекарите специјалисти некаде се дуплирани. Го корегиравме коефициентот за дежурства. Со тоа дежурствата се повисоки до 160% од тоа што беа во 2016 година. Оваа година во октомври е потпишана Спогодбата со здравствениот синдикат за ново зголемување на платите на здравствените работници“, додаде премиерот Ковачевски.
Претседателот на Владата потенцираше дека просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во октомври 2023 година, изнесува 39.000 денари, што е зголемување од 18 проценти во однос на истиот месец минатата година. Со што, не само што е исполнето, туку е и надминато ветувањето за 500 евра просечна плата, за 150 евра, една година порано, во однос на она што беше ветено. И просечната плата денес е 630 евра! Просечната плата е за 300 евра во однос на она што беше во 2016 година. Дека минималната плата во државата, од 2016 година до денес е покачена за 100 проценти – од 10.000 денари, на 20.000 денари. Дека пензиите веќе пораснаа за 6.000 во однос на 2016 година – просечната пензија во март оваа 2023 година е 21.000 денари, а во 2016 година изнесуваше 13.500 денари, а минималната пензија којашто беше 9.000 денари, денес е 13.500 денари, односно е покачена за 4.000 денари.
„Платите и пензиите ќе продолжат да растат со оглед на тоа што воведовме законски решенија, коишто во себе содржат методологија за пораст врз основа на зголемувањето на трошоците за живот и зголемувањето на просечната плата“, најави премиерот Ковачевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДОМ: Конкретни решенија за една изборна единица, а не само декларативност
Демократска обнова на Македонија (ДОМ) во пресрет на најавената меѓупартиска лидерска средба закажана за 14 јануари 2026 година од премиерот Христијан Мицкоски, ја поздравува можноста за дијалог за суштински политички консултации околу важни реформски закони и процеси што треба да ја зајакнат нашата држава и демократија.
„Како партија цврсто и доследно стоиме зад нашата долгорочна заложба за системски промени во изборното законодавство кои ќе обезбедат пообјективно и пофер политичко претставување на граѓаните на Република Македонија. Во таа насока, апелираме и бараме на агендата на лидерската средба да се стави и да се разговара конкретно за:
· Промена на изборниот модел, односно наместо постоечкиот пропорционален систем со шест изборни единици да се воведе изборен модел со една изборна единица.
ДОМ продолжува со своите заложби и иницијативи за една изборна единица како модел што го поддржуваме со години и сметаме дека е неопходен за подобра репрезентативност и еднаков глас за секој граѓанин:
* Една изборна единица гарантира еднаков глас за сите — без регионални нееднаквости и нерамноправности во вредноста на гласот на гласачите од различни делови на државата.
* Овој модел го зголемува степенот на пропорционалност во распределбата на мандатите, што е клучно за воспоставување пофер и поквалитетно демократско претставување.
* ДОМ ја поддржува идејата изборниот модел да биде со отворени листи и без праг за да се поттикне поголема одговорност на кандидатите кон граѓаните наместо кон партиските врвови.
* 50% жени на листите бидејќи родовата рамноправност не е само бројка, туку цивилизациска вредност. Затоа сметаме дека жените неопходно е да бидат рамноправно претставени во политиката и во процесите на донесување одлуки со цел доследно почитување на сите демократски вредности и приниципи на инклузивност.
За ДОМ ова не е партиски интерес туку општествена потреба што ќе го зајакне демократскиот процес и ќе овозможи гласовите на сите, без исклучок да се рефлектираат реално и праведно во составот на парламентот, како и можност, а во исто време и право на сите политчки субјекти рамноправно да ги презентираат и промовораат своите програмски определби пред сите граѓани. Сето тоа придонесува за поголема доверба на граѓаните во политичкиот систем.
Ја повикуваме власта и сите парламентарни групи да излезат од своите удобни позиции и да ја прифатат оваа заложба и иницијатива за рамноправен простор за сите политички субјекти. ДОМ како вонпарламентарна партија која долги години се залага за воведување една изборна единица ги става на располагање сите свои експертски и организациски ресурси со цел активно да придонесе во обликувањето на законските измени и во спроведувањето на неопходните реформски процеси“, велат од ДОМ преку соопштение.
Македонија
СДСМ ги повикува институциите да постапат по обвинувањата за тендери во општини под контрола на ВМРО
Антикорупцискиот тим на СДСМ очекува реакција од надлежните институции по, како што наведуваат, објавувањето на сомнежите за тендерски злоупотреби во општини под контрола на ВМРО-ДПМНЕ.
Според СДСМ, една иста фирма – „Пирамид билдинг солушнс“ – во периодот од 2022 година до денес добила 51 тендер во вредност од над 16 милиони евра, исклучиво од општини раководени од ВМРО-ДПМНЕ. Партијата наведува дека станува збор за модел на „тендерска пирамида“, во кој јавните средства завршуваат кај фирми блиски до владејачката партија.
„51 тендер. 16 милиони евра. Само една фирма“, се наведува во соопштението, со оценка дека додека нема средства за зголемување на платите и пензиите, пари има за тендери.
Од СДСМ јавно прашуваат зошто Јавното обвинителство, Финансиската полиција и Државната комисија за спречување на корупцијата не преземаат ништо, и бараат одговорност за наводните злоупотреби.
Партијата најавува дека ќе продолжи да објавува докази за, како што наведува, мрежа на сомнителни тендери и дека, според нив, „работата не е завршена“.
Македонија
Најмногу снег на Попова Шапка и во Крушево
Најголема снежна покривка до 7 часот утринава е измерена на Попова Шапка – 26 сантиметри, а 15 сантиметри снег има во Крушево, информира УХМР. Снежна покривка е евидентирана и во Ѓуриште (4 см), Тетово (2 см) и Берово.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од западен правец. Максималната дневна температура ќе се движи од -1 до 7 степени.
Во Скопје, исто така, се очекува променливо облачно време со сончеви периоди, а дневната температура ќе достигне до 5 степени.

