Скопје
На 31 декември и 1 јануари возилата од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред
ЈСП извести дека в недела, 31 декември, и понеделник, 1 јануари, возилата од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред.
На 1 јануари првите вклучувања на возилата ќе бидат подоцна од воообичаеното, а другите во согласност со неделниот возен ред.
Од вторник, 2 јануари, јавниот превоз ќе продолжи да функционира вообичаено, односно по редуциран делничен зимен ред, кој ќе важи до крајот на зимскиот училиштен распуст.
В недела, 31 декември, и понеделник, 1 јануари, сите билетарници и центри за персонализација ќе бидат затворени.
Од вторник, 2 јануари, сите продажни места продолжуваат со вообичаено работно време.
В недела, 31 декември, жичницата ќе работи од 10 до 17 часот, а в понеделник, 1 јануари, од 11 до 17 часот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Без струја делови од Аеродром и Гази Баба
Од ЕВН Македонија добиено е известување дека поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без напојување со електрична енергија ќе останат:
· Од 08:30 до 12:30 часот корисниците од дел од булеварот 3та Македонска Бригада – кај ресторан Дион во општина Аеродром;
· Од 08:30 до 11:00 часот корисниците од дел од улицата Гемиџиска во општина Гази Баба.
Скопје
Интензивно се работи на фекална канализација за дел од Кадино
Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, денеска направи увид во изградбата на фекална канализација за дел од населеното место Кадино во општина Илинден.
Како што истакна градоначалникот Георгиевски во рамки на проектот се гради примарна мрежа со припадни краци на фекалната канализација за дел од населеното место Кадино во вкупна должина од околу 3.500 метри, од кои досега се изградени 730 метри и се поставени 19 шахти. Оваа мрежа на фекална канализација преку препумпен уред и потисен цевковод ќе се поврзе со веќе изградената пречистителна станица во н.м. Кадино и ќе ги опфати домаќинствата кои немаат фекална канализација, а се наоѓаат во еден од најниските делови на населеното место и припаѓаат во источниот и јужниот дел од Кадино.
На овој дел од фекална канализација која во моментов се гради предвидено е да се приклучат приближно 100 домаќинства, додека останатите ќе бидат опфатени во наредниот период со изградбата на останатите фази од овој проект, со што населеното место Кадино ќе биде целосно покриено со систем на фекална канализација.
Средствата за реализација на овој капитален проект се обезбедени од буџетот на Општина Илинден.
Скопје
Герасимовски: Вандализмот да се казнува преку општествено корисна работа
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски во однос на вандализмот со оштетување на јавното добро на територија на општината информира дека се отпочнати одредени програми со цел намалување на деликвенцијата и лошото однесување на одреден број жители во општината.
„Почнавме одредени програми, за држење обуки и на наставниот кадар. Ќе продолжиме и со учениците за да се подигне свеста. Отпочнавме одредени предлог законски измени со цел да се вметнат поригорозни мерки за прекршување односно оштетување на јавното добро. Законски измени не само во делот на зголемување на казните за оштетување урбана опрема, туку и општествено одговорна работа кадешто би се вклучиле и децата и родителите за да ја подигнеме свеста на што повисоко ниво. Со ова, родителите да одвојуваат и што повеќе време со децата и да ги учат во правилна насока на однесување“, рече Герасимовски.
Герасимовски потенцира дека е побарано повторно засилено присуство на полицијата во општината за да се намалат девијантните однесувања на одредени млади луѓе.