Спорт
(Видео) Одемарт ја растури конкуренцијата во Бормио

Швајцарецот Марко Одермат продолжува да доминира во Светскиот куп во скијање. Тој забележа убедлива победа на трката во супер-џи во Бормио.
Во својата осма трка оваа зима, 26-годишниот Одермат стигна до својата трета победа и седми подиум. Беше најбрз за 1:27.72, далеку пред останатите. Со заостанување од 0,98 секунди, втор беше Австриецот Рафаел Хасер, а трет Александер Омот Килде.
Во генералниот пласман води Одермат со 636 бодови, Марко Шварц, кој ја заврши сезоната поради повреда е втор со 464, а Килде е трет со 240.
Сезоната продолжува во Аделбоден следниот викенд, кога се одржуваат трките во супер-џи и слалом.
𝑰𝒏 𝒂 𝒍𝒆𝒂𝒈𝒖𝒆 𝒐𝒇 𝒉𝒊𝒔 𝒐𝒘𝒏 🔥
🇨🇭 Marco Odermatt is on course for his first Super-G win of the season! 🏆#fisalpine pic.twitter.com/5IGwCv616N
— Eurosport (@eurosport) December 29, 2023
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Челси на семејството Жота ќе му донира бонус од освоената светска титула

Фудбалскиот клуб Челзи одлучи да донира дел од бонусите освоени на Светското клупско првенство на семејствата на трагично починатиот Диого Жота и неговиот брат Андре Силва. Потег за почит од страна на клубот и играчите по победата на престижното натпреварување, пишува „Атлетик“.
Да ве потсетиме, во јули, клубот од Западен Лондон ја освои шампионската титула на новото, проширено Светско клупско првенство на ФИФА, победувајќи го Пари Сен Жермен во финалето со убедливи 3:0.
Овој успех им донесе околу 114,6 милиони долари (околу 100 милиони евра). После тоа, клубот воспостави фонд од 15,5 милиони долари за еднаква распределба меѓу играчите на тимот на Енцо Мареска, а со заедничка одлука на клубот и играчите, дел ќе му припадне на семејството Жота.
Вредноста на секој поединечен дел е повеќе од 500.000 долари, пред одбивањето на трошоците за конверзија на валута, даноците и другите такси.
Гестот доаѓа во знак на поддршка на семејството по ужасната трагедија што се случи на 3 јули, само десет дена пред финалето на Челзи. Во сообраќајна несреќа во шпанската покраина Замора, напаѓачот на Ливерпул, Диого Жота, и неговиот брат Андре Силва, фудбалер од португалскиот клуб Пенафиел, ги загубија животите.
И Ливерпул, клубот на Жота, се збогува со својот напаѓач на трогателен начин. Неодамна беа откриени планови за спомен-скулптура на „Енфилд“ во чест на Португалецот, кој постигна 65 гола на 182 настапи за клубот.
Во текот на сезоната 2025/26, играчите ќе го носат амблемот „Засекогаш 20“ на своите дресови, а фондацијата на клубот ќе започне програма за млади фудбалери која ќе го носат името на Жота.
Пред првиот натпревар од сезоната против Борнмут во петок, планирани се специјална кореографија на навивачите и едноминутно молчење. Минатиот месец, Ливерпул исто така објави дека трајно го повлекува дресот со број 20 на сите нивоа на клубот во спомен на играчот кој пристигна на „Енфилд“ во 2020 година.
Спорт
Нема дилема кој ќе ја освои „Златната топка“

Ако поразот од Челзи во финалето на Светското првенство за клубови предизвика сомнеж, Европскиот Суперкуп ги врати работите на свое место, Усман Дембеле е првиот кандидат за „Златната топка“.
Пет минути пред крајот, ПСЖ беше на работ на амбисот. Имаше минус од два гола против Тотенхем, но се врати во мечот со головите на резервистот Канг-Ин Ли и Гонсало Рамош, во 85. и 94.минута.
Иако не постигна гол, Усман Дембеле беше прогласен за играч на натпреварот, бидејќи повторно беше најопасен на теренот, а во судиското продолжение мајсторски го погоди Рамош во „трепката“ за 2:2, со што ПСЖ избори пенали.
Тој беше прецизен и од 11 метри, и го турна својот тим кон нов трофеј оваа сезона.
ПСЖ и Дембеле ја освоија Лигата на шампионите, Лига 1, Купот на Франција, а сега и Европскиот Суперкуп.
Во последната сезона, Дембеле постигна 35 гола и додаде 16 асистенции во 53 натпревари.
Foto/ EPA/Alessio Marini
Спорт
(Видео) На денешен ден Болт влезе во историјата на олимпизмот

На денешен ден пред девет години, Јусеин Болт се запиша во историјата на олимпизмот.
Јусеин Болт се смета за еден од најдобрите спортисти, поточно спринтери, кои некогаш се занимавале со овој спорт.
На денешен ден, 14 август 2016 година, Болт направи нешто што никогаш порано не беше видено на Олимписките игри.
Во Рио де Жанеиро, победи на трката на 100 метри и го освои златниот медал со време од 9,81 секунди. Болт стана првиот спортист во историјата што освоил три златни олимписки медали во оваа дисциплина.
Во 2012 година во Лондон и во 2008 година во Пекинг, Болт победи и на трката на 100 метри со поставени рекорди.