Спорт
Реакцијата на Роналдо кога разбра дека не е меѓу најдобрите 10 во светот
Меѓународниот институт за фудбалска историја и статистика (ИФФХС) на своите страници ја објави листата на десетте најдобри фудбалери во 2023 година. На листата го нема Кристијано Роналдо.
Тој избор не му се допадна на славниот Португалец, кој своето мислење го искажа со емотикони кои се смеат.
Роналдо игра во Саудиска Арабија, во Ал-Наср и оваа календарска година постигна најмногу голови од кој било играч во светот, вкупно 53.
Веројатно затоа мисли дека требаше да се најде на оваа листа.
Најдобрите десет играчи во светот според ИФФХС:
1. Ерлинг Халанд (Манчестер сити, Норвешка)
2. Килијан Мбапе (ПСЖ, Франција)
3. Лионел Меси (Интер Мајами, Аргентина)
4. Родри (Манчестер сити, Шпанија)
5. Џуд Белингем (Реал Мадрид, Англија)
6. Кевин де Брујне (Манчестер сити, Белгија)
7. Хари Кејн (Баерн, Англија)
8. Бернардо Силва (Манчестер сити, Португалија)
9. Винисиус Жуниор (Реал Мадрид, Бразил)
10. Лаутаро Мартинез (Интер, Аргентина)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Србија и Албанија ќе го организараат У21 ЕП во 2027 година
Србија и Албанија заеднички ќе го организираат Европското првенство за фудбалери до 21 година во 2027 година, се чека само УЕФА да ја потврди оваа информација.
Ваквата одлука е сосема извесна откако истече рокот за поднесување на кандидатури, а српско-албанската апликација беше единствена.
Конечната одлука ќе биде донесена на состанокот на Извршниот комитет на УЕФА на 16 декември.
Како што пренесуваат медиумите ширум Европа, проект за заедничка организација на овој натпревар имале и Белгија и Турција, но на крајот се откажале од поднесување на својата кандидатура.
Предлогот на Србија и Албанија, како што е објаснето, има за цел да се надминат политичките тензии меѓу двете земји со идеја за заедничка организација на турнир со 16 селекции.
Покрај сето ова, Србија и Албанија ќе бидат домаќини и на следните два Конгреса на УЕФА.
Спорт
Солскјер би прифатил да се врати во Манчестер јунајтед
Оле Гунар Солскјер бил подготвен да се врати на клупата на Манчестер јунајтет. Норвежанецот ова го изјавил на бизнис форумот во Осло, секако под претпоставка дека некој во клубот го повика да го замени Ерик Тен Хаг.
„Ако вашето семејство ве покани да им помогнете, секако дека ќе го прифатите, нели?“, рекол Норвежанецот и дополнил.
„Сепак, Манчестер јунајтед има тренер. Навистина не сакам да зборувам на таа тема во оваа ситуација. Но, ако треба да одговорам, мојот одговор би бил потврден“.
Солскјер беше сменет од клупата на Манчестер јунајтед во септември 2021 година и оттогаш нема никаков ангажман како тренер или селектор, иако имаше неколку покани, пред се од канадската репрезентација и клубови од Саудиска Арабија.
Манчестер Јунајтед моментално ја зазема 11-та позиција на табелата во Премиер лигата со седум освоени бода од пет натпревари, а во средата вечерта ремизираше на домашен терен против холандски Твенте во првиот натпревар од новото издание на Лига Европа.
Спорт
(Видео) Надреална промоција – Пјаниќ јава коњ на стадионот во Москва
Миралем Пјаниќ (34), легендата на репрезентацијата на Босна и Херцеговина со 115 настапи за националниот тим, потпиша за новиот клуб. Како слободен играч го комплетираше трансферот во ЦСКА Москва. Поранешниот играч на Јувентус, Барселона и Рома потпиша за ЦСКА до крајот на сезоната со опција за продолжување на уште една сезона.
Пјаниќ на Инстаграм ја објави веста за потписот за ЦСКА. Но, вистинското шоу започна кога Пјаниќ го објави официјалното видео за презентација.
ЦСКА по тој повод го сними Босанецот како јава коњ со наметка, на теренот на стадионот во Москва со специјална порака од Пјаниќ до навивачите.
Покрај гореспоменатите клубови, Пјаниќ настапуваше и за Лион и Бешикташ, а последните две години ги мина во Емиратите од Шарја.