Спорт
(Видео) Челси водеше 0:3 па едвај спаси „жива глава“ на Кенилворт роуд

Фудбалерите на Челзи го совладаа Лутон со 3:2 како гостин во натпреварот од 20. коло на Премиер лигата. „Сините“ имаа водство 0:3, на крајот, благодарение на голманот Петровиќ едвај ја сочуваа победата.
Двоен стрелец за тимот на Покетино беше Кол Палмер, тој беше и асистент на голот на Мадуеке, но и покрај водството од 3:0, Челзи едвај успеа да победи.
Неверојатно е какви шанси пропуштаа фудбалерите на Лутон.
Еден гол (при 0:3) им беше поништен поради мал офсајд на играчот кој му асистираше на стрелецот Адебајо. Потоа Адебајо ја погоди гредата, а потоа Рос Баркли, постигна гол за Лутон.
Следеше нов уште посилен напад на Лутон и поразителна игра на гостите кои се повлекоа пред својот гол. По уште една одлична акција Адебајо намали на 2:3.
Рамката од голот на Челси се трешесе по ударот на Морисон, кога Петровиќ со помош на гредата спречи гол. Таа интервенција, ќе испадне, беше клучна за победата на Челси на „Кенилворт Роуд“.
Натпреварот беше продолжен за шест минути, Лутон цело време напаѓаше, а гостите буквално до последните секунди жестоко се бранеа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ѓоковиќ го загуби маратонскиот прв сет, па на Фриц му го предаде мечот

Новак Ѓоковиќ, најуспешниот тенисер на сите времиња, го освои четвртото место на турнирот „Шест кралеви“ во Ријад.
Во саботата навечер во „АНБ Арена“ во Ријад, Ѓоковиќ играше против Американецот Тејлор Фриц, но по одличниот прв сет, реши да го предаде дуелот, очигледно поради физички проблемим иако изгледаше многу добро во 76-те минути поминати на теренот.
Фриц, моментално четвртиот играч во светот, го доби првиот сет со 7:6 (4), и покрај тоа што насмевката беше цело време на лицето на Новак, конечната одлука беше да се предаде. Српскиот тенисер загуби од Јанис Синер со 2-0 во полуфиналето пред два дена.
Публиката во Ријад навистина можеше да ужива во мнечотт меѓу двајца рамноправни ривали.
Заедно, тие прокоцкаа дури 14 брејк топки (Ѓоковиќ пет, Фриц девет), а десеттиот и единаесеттиот гем беа маратонски. При водство од 5:4, Новак имаше четири сет-топки, сепак, Фриц успеа да „преживее“ сè и малку подоцна да го добие тајбрејкот.
Novak Djokovic has retired against Taylor Fritz after losing the first set 7-6.
Following the match, Djokovic said it was "one of the longest sets he ever played." #FritzDjokovic#AlcarazSinner is next up, LIVE now on Netflix! pic.twitter.com/tFCeDphVvH
— Netflix Sports (@netflixsports) October 18, 2025
Спорт
Хулкенберг направи хаос во Остин – Спринтот за Ферстапен

Возачот на Ред Бул, Макс Fерстапен, триумфираше трета година по ред во спринтот за Големата награда на Соединетите Американски Држави, кој се одржа оваа година како дел од 19-та рунда од сезоната.
Актуелниот шампион ја освои својата втора спринтерска победа оваа година во Остин, пред Џорџ Расел во Мерцедес. На двајцата на подиумот им се придружи возачот Карлос Саинц Јуниор.
Спринтот во Тексас беше обележан и со инцидент на стартот, во кој двајцата возачи на Мекларен – Оскар Пјастри и Ландо Норис – ја завршија трката. Самиот почеток на спринтот одреди како ќе се одвива трката во Остин.
Ферстапен го презеде водството, а зад него имаше голем инцидент во кој Нико Хилкенберг од Кик Заубер го удри Пјастри, а лидерот во генералниот пласман потоа удри во колегата од мекларен, Ландо Норис. Во инцидентот учествуваше и двократниот светски шампион Фернандо Алонсо, кој исто така се повлече од трката.
Потоа на патеката излезе безбедносното возило, кое остана до петтиот круг, а Ферстапен тогаш водеше пред Расел, Саинц и дуото на Ферари, Шарл Леклерк и Луис Хамилтон.
Возачот на Мерцедес остана со Холанѓанецот, го предизвика во осмиот круг, по што двајцата излетаа од патеката, но Ферстапен остана лидер.
Директорот на трката процени дека станува збор за тркачки инцидент.
Во меѓувреме, Хамилтон го престигна Леклер, а немаше понатамошни промени во пласманот до 16-от круг, кога Ленс Строл од Астон Мартин го исфрли возачот на Хас Естебан Окон од патеката.
Поради ова, безбедносното возило повторно излезе на патеката, па трката остана во тој режим – Хамилтон беше зад првите тројца, пред Леклер и Алекс Албон во болидот на Вилијамс. Освојувачите на поени ги заокружија Јуки Цунода од Ред Бул и Кими Антонели во Мерцедес, додека Оли Берман, кој заврши осми, беше казнет за излегување од патеката додека го престигнуваше Италијанецот.
Спорт
Легендарниот тренер јавно му се поклони на Коди Милер-Мекинтаер

Кошаркарите на Црвена звезда го победија Реал со 90:75 во петтото коло од Евролигата. Црвено-белите одиграа брилиајнтен натпревар против „кралскиот клуб“, а до победата ги предводеше Коди Милер-Мекинтаер со 18 поени и по осум скока и асистенции.
Играчите на Црвена звезда го воодушевија легендарниот Владе Ѓуровиќ. Српскиот тренер кој изненадувачки го водеше Шибеник до титулата во поранешна Југославија во 80-тите, а сензационално и Задар, сега е аналитичар за Арена Спорт.
По големата победа на Звезда над шампионот на Шпанија, Ѓуровиќ стана од масата во студиото и буквално му се поклони на играчот за кого претходно рече дека на тимот му се потребни засилувања на таа позиција.
„Фантастична победа, голема победа, фантастична публика. Борбеноста на Звезда е фантастична, како што ветија. Саша Обрадовиќ како тренер е фантастичен. Сега морам да станам и длабоко да му се поклонам на Коди Милер-Мекинтеар, морам да му се извинам. Ова е можеби неговата најдобра игра во кариерата. Одигра докторски. Но, сепак мислам дека на Звезда му е потребен уште еден плејмејкер, но сега нема да зборуваме на таа тема.“
Милер-Мекинтаер (31) беше најдобар асистент во Евролигата во 2024 година играјќи за Басконија, по што се пресели во Звезда минатото лето. Тој е Американец, но со бугарско државјанство и игра за репрезентацијата на Бугарија.
Foto/ EPA