Спорт
(Видео) Сити немаше проблеми со Шефилд, Вила се изнамачи со Барнли

Во сабота од 16 часот во ударниот термин се одиграа четири натпревари од 20. коло во Премиер лигата. Очекувана победа оствари шампионот Манчестер сити против фенерџијата од Шефилд. Победи остварија и фудбалерите на Астон Вила, Вулверхемптон и Кристал Палас.
Во Манчестер, Сити пред почетокот на мечот со Шефилд јунајтед се направија пофалија со сите пет трофеи кои ги освоија оваа година: Премиер лигата, Лигата на шампионите, ФА Купот, Суперкупот на Европа и Светското клупско првенство.
Што се однесува до играта, избраниците на Пеп Гвардиола не блескаа, но како и обично ја контролираа ситуацијата на теренот и рутински славеа против последнопласираниот тим на табелата во ПЛ.
Водечкиот гол во првото полувреме го постигна брилијантниот Шпанец Родри по индивидуална акција и прецизен удар, а потоа по еден час игра предноста ја удвои младиот Аргентинец Хулијан Алварез.
По оваа победа Сити му се доближја на само два бода на Ливерпул. Астон Вила има ист број на поени со Ливерпул, по тешко изборената победа над Барнли 3:2.
Барнли во Бирмингем, пружи силен силен отпор и покрај тоа што имаше играч помалку од 55. минута.
Домашните двапати водеа, гостите двапати успеаја да израмнат, вториот пат со играч помалку, но избраниците на Унаи Емери на крајот победија со голот на Даглас Луиз од пенал во 89. минута.
Вулверхемптон ја потврди добрата форма, убедливо го победија Евертон со 3:0, а во градската пресметка Кристал Палас славеше со 3:1 против Брентфорд.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Потер ќе биде новиот селектор на Шведска

Не помина долго време откако беше отпуштен од Вест Хем, а Греам Потер се чини дека е блиску до нов договор. Како што објави Би-Би-Си, Потер е во последната фаза од преговорите за позицијата селектор на Шведска.
Шведска го отпушти Јон Дал Томасон во вторник по лошиот настап во квалификациите за Светското првенство. Шведска е последна во Групата Б со само еден бод од четири натпревари.
Потер не е „странец“ за фудбалските фанови во Шведска. Од 2011 до 2018 година, тој го водеше Остерсунд, со кого стигна до првиот ранг од четвртата лига, и до титулата во Купот на Шведска во 2017 година.
Шведска се покажа исклучително лошо во квалификациите досега, но беше победник во својата група во Лигата на нации и на тој начин сè уште можеше да добие место во плејофот за Светското првенство, кое ќе се игра во САД, Канада и Мексико во 2026 година
Спорт
Аморим оптимист пред дербито со Ливерпул

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, нагласи дека неговиот тим мора да го потврди напредокот во претстојното дерби со Ливерпул.
Португалецот се осврна на нерешениот резултат 2:2 со Ливерпул во јануари, кој, според него, беше пресвртница во сезоната и доказ дека Јунајтед има потенцијал да се натпреварува со најдобрите.
„Се сеќавам дека тогаш одигравме многу добар натпревар. Бев разочаран по натпреварот бидејќи покажавме дека можеме да се справиме со секој ривал. Знам колку тој натпревар им значи на навивачите и колку е посебен за клубот. Но, сега мора да го повториме тоа и да докажеме дека сме напредувале“, рече Аморим.
Тој нагласи дека клучот за успехот во неделното дерби ќе биде ефикасноста во одлучувачките моменти:
„Мислам дека играме подобро од дуелот во јануари, но мора да бидеме подобри во двата шеснаесетника. Ова е уште еден натпревар што мора да го добиеме.“
Најголемото англиско дерби се игра в недела на „Енфилд“ од 17.30 часот.
Спорт
Бецеки го освои спринтот во Австралија, Дукати без подиум

Возачот на Априлија, Марко Бецеки, триумфираше на спринт трката што се возеше во рамките на Големата награда на Австралија, 19-то коло од овогодинешното Мото ГП првенство.
Италијанецот ја освои својата трета спринт победа оваа сезона на патеката „Филип Ајленд“, со повеќе од три секунди предност пред Раул Фернандез од Трекхаус.
На двајцата им се придружи на подиумот Педро Акоста од КТМ Рејсинг, кој во фото-финишот беше за 66 илјадити делови подобар од миленикот на локалната публика, Џек Милер.
Иако возачот на Јамаха, Фабио Квартараро, стартуваше од пол-позицијата, борбата за триумфот се сведе на Бецчеки и Фернандес.
На крајот, Квартараро мораше да се задоволи со седмото место, а освојувачите на поени ги комплетираа Лука Марини на Хонда и Пол Еспаргаро, кој го заменува повредениот Маверик Вињалес во тимот Тех3.
Спринтот на „Филип Ајленд“ беше обележан и со уште едно разочарувачко издание на Франческо Бањаја, кој заврши на 19-то место.
Повредениот Марк Маркез, кој веќе ја освои титулата, води во генералниот пласман со 545 поени, неговиот помлад брат Алекс е втор со 366, додека Бањаја е трет со 274, но Бецеки е само осум поени помалку од него.
Foto/ EPA