Спорт
АИПС: Новак Ѓоковиќ и Симон Бајлс најдобри во светот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/12/biles-novak_news.jpg)
Меѓународната асоцијација на спортски новинари (AIИПС) традиционално на крајот на годината ги прогласи најдобрите спортисти во светот. Лауреати за 2023 година се Новак Ѓоковиќ во машка и Симон Бајлс во женска конкуренција.
Пред неколку дена за најдобри во светот Ѓоковиќ и Бајлс ги прогласи и влијателниот француски спортски весник „Лекип“.
Во гласањето учествувале 405 новинари од 107 земји.
Ѓоковиќ беше прв во анкетата со 616 гласови, зад него е Арманд Дуплантис со 335 гласа, додека трет е аргентинскиот фудбалер Лионел Меси со 277 гласа.
Топ десет листата ја комплетираа Ерлинг Халанд (229), Макс Ферстапен (212), Карлос Алкараз (184), Хуберт Кос (129), Ел Бакали Софијане (119), Никола Јокиќ (115) и Килијан Мбапе (96).
Кај спортистките, Бајлс освои 353 гласови, а потоа следи кениската атлетичарка Фејт Кипјегон со 329 и шпанската фудбалерка Аитана Бонмати со 297 гласа.
Во топ 10 се и Микаела Шифрин (256), Тигст Асафа (237), Ига Швјонтек (203), Фемке Бол (190), Јулимар Рохас (176), Алексија Путелас (158) и Кети Ледецки (135).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Спорт
Ноер: Зрели сме да бидеме шампиони
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/mauel-nojer-185529-768x513.jpeg)
Голманот на германската фудбалска репрезентација Мануел Ноер изјави дека неговиот тим е подготвен конечно да го освои Европското првенство кое во моментов се одржува во неговата земја.
Германија вечерва игра против репрезентацијата на Шпанија, која остави можеби најдобар впечаток на овој турнир.
Сепак, германските медиуми потсетуваат дека нивната репрезентација никогаш не испаднала кога успеала да стигне до осминафиналето во едно натпреварување.
„Долго време сме зрели за титулата европски првак“, изјави Ноер на новинарите во кампот на репрезентацијата во Херцогенаурах, а потоа продолжи:
„Се чувствувам добро и едвај го чекам секој следен натпревар“.
Натпреварот меѓу Германија и Шпанија се игра од 18.00 часот во Штургарт.
Спорт
Хрватска го дозна противникот во полуфиналето од квалификациите за ОИ
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Mario-Hezonja.jpg)
Противник на хрватската кошаркарска репрезентација во полуфиналето од квалификациите за Олимписките игри ќе биде Доминиканска Република.
Ова и официјално беше потврдено откако домаќинот Грција во последниот натпревар го победи Египет со 93:71. Хрватска во сабота од 20 часот ќе игра со Доминиканската Република.
Противникот на Хрватска на овој турнир не може да смета на неколку клучни играчи.
Во споредба со ланското Светско првенство, го нема центарот Карл-Ентони Таунс, ѕвездата на Минесота Тимбервулфс, како и Анхел Делгадо, исто така центар, кој игра за Галатасарај.
Недостига и Лестер Кињонес од Голден Стејт Вориорс.
Еден од предводниците на оваа репрезентација е 26-годишниот плејмејкер Андрес Фелиз, кој од следната сезона ќе настапува за Реал Мадрид, а тука е и Крис Дуарте, шутер кој настапува за Сакраменто Кингс во НБА лигата.
Во случај на победа над Доминиканската Република, Хрватска би се пласирала во квалификациското финале кое ќе се игра веќе во недела.
Нејзин противник би бил подобриот од дуелот Словенија и Грција.
Спорт
Бојан Богдановиќ во Бруклин
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/bojan.jpg)
Њујорк Никс направи голема работа и се договори со Бруклин Нетс.
Њујорк Никс веќе имаат шампионски тим од универзитетот Виланова, бидејќи Џејлен Брансон, Џош Харт и Донте Дивиченцо ја делат соблекувалната, а сега ќе им се придружи и Мајкл Бриџис.
Играчот беше превземен од Бруклин Нетс во Њујорк Никс и сега целата зделка ќе биде завршена.
Според Шемс Чаранија, во се е вклучен и Бојан Богдановиќ.
Никс договорија тригодишен договор вреден 9 милиони долари со Малик Милтон, кој заедно со Бојан Богдановиќ ќе оди во Бруклин Нетс, а во Њујорк доаѓа Кеита Бејтс-Диоп, како и Мајкл Бриџис, кој е централна фигура на оваа размена.
Оваа година, поради големиот број повреди, Никс го пропуштија Источното финале кога беа поразени во седмиот натпревар во Медисон Сквер Гарден од Индијана Пејсерс.