Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Нова година со нови повисоки сметки- граѓаните натоварени со „електродифузна“ такса и пред изборот или да гладуваат или да смрзнуваат
„Нова година, нови повисоки сметки за струја. Власта на Ковачевски на граѓаните им ја честита новата година со нова давачка која ќе биде вкалкулирана во сметките за електрична енергија. СДС се фалеше дека ја укинал радиодифузната такса, ама затоа воведе своевидна “електродифузна такса“ или мрежарина која ќе ги зголеми сметките за 250 денари.
Дополнително со покачувањето во третиот блок сметките ќе пораснат за 120 денари во просек, што значи дека од јануари граѓаните ќе плаќаат по 400 денари повеќе за струја. Ако на ова додадеме дека во изминатите 7 години електричната енергија е поскапена за дополнителни 50% ќе добиеме целосна слика за неспособноста и неодговорноста на оваа власт на ДУИ и СДС. Народот е принуден да избира дали да гладува или да смрзнува, додека функционерите на власта прават криминал со народните пари, особено во енергетскиот систем.
Со ова поскапување на удар ќе бидат граѓаните, нивниот стандард и нивните семејни буџети. Ако досега едвај врзуваа крај со крај, со новите повисоки цени на електричната енергија животот на граѓаните ќе биде уште потежок. Да потсетиме дека околу 600.000 граѓани живеат на работ на сиромаштијата, а 80 илјади во екстремна сиромаштија. Сега овие семејства ќе треба да делат од устата на своите деца, за да платат поскапи сметки и тоа ќе придонесе уште повеќе да расте сиромаштијата во Македонија.
Со секој поминат ден со оваа власт се потврдува дека Никогаш не било полошо. Затоа, важно е да ги поразиме!“
Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) ВМРО-ДПМНЕ предлага Резолуција за осуда на дезинформациите за мигранти
ВМРО-ДПМНЕ денеска претстави „Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција“.
„Во изминатите денови, јавноста беше сведок на организирана и координирана кампања од страна на опозицијата, којашто влеваше несигурност и паника помеѓу граѓаните. Овие лажни сценарија ги нема во владините политики, напротив, ВМРО-ДПМНЕ активно се борела против мигрантите и мигрантските кампови, кои претходната влада на СДС и Заев сакаше да ги направи. ВМРО-ДПМНЕ јавно ги осудува политиките и одлуките на поранешната влада на Зоран Заев, со којашто беа отворени можности за создавање на кампови за мигранти, спротивно на националните и државни интереси“, кажа на прес-конференција, Никола Мицевски, координатор на пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој накусо ја презентираше Резолуцијата.
„Таа е составена од 9 точки, и во неа стои дека се осудуваат дезинформациите за наводно прифаќање мигранти и изградба на кампови, се потврдува дека такви политики не постојат ниту ќе постојат, се поништуваат сите претходни аранжмани на владата на Заев поврзани со мигрантски кампови и се повикува на одговорен јасен говор, заштита на безбедноста, стабилноста и меѓуетничките односи. Исто така, се констатира дека свесното ширење дезинформации ќе биде санкционирано согласно важечките закони. Резолуцијата воспоставува јасна државна политика против нелегалната миграција и стапува во сила веднаш по нејзиното изгласување. Во таа насока, оваа Резолуција на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја предложиме во Собранието на Република Македонија и од таа причина ги покануваме сите парламентарни партии заедно да ја поддржат“, истакна Мицевски.
Македонија
(Видео) Димитријевиќ: Власта носи мигранти за пари
„Во буџетот нема пари. За првпат во историјата, утре – 15 декември – се затвора Трезорот. Државата доцни со сите исплати: нема пари за плати, пензии, социјална помош, породилно, нема ни за поврат на ДДВ. Дупката изнесува најмалку 1 милијарда евра“, кажа денеска на прес-конференција, Александар Саша Димитријевиќ, генерален секретар на СДСМ.
Како што истакна Димитријевиќ, „власта не се грижи за граѓаните, се грижи само за себе, за бизнисите со наместени тендери, за криминалот и за пумпањето пари од буџетот очајно им треба свеж кеш“.
„Затоа ја продаваат Македонија. Затоа прифатиле мигранти во пакет со кредити од 6 милијарди евра. Паралелно, ВМРО-ДПМНЕ спроведува намерна изолација и ја држи Македонија надвор од ЕУ. Не за заштита на националните интереси, туку за свесно оддалечување од Европа. Изолацијата е стратегија. Без ЕУ, без европски контроли и без европско правосудство – полесно се краде и нема одговорност за никојМакедонија сакаат да ја претворат во црна точка на Европа“, вели тој.
Димитријевиќ рече дека „27 земји членки на Советот на Европа јавно бараат ревизија на Европската конвенција за да се олесни депортацијата на мигранти“.
„Каде ќе одат тие луѓе? Во земји надвор од ЕУ – како Македонија. Доколку во Македонија се донесат мигранти осудени за сериозни кривични дела, тоа ќе значи директна закана по безбедноста на државата. Во исто време, тоа целосно ќе го закочи европскиот пат, затоа што со евентуален влез во ЕУ повторно би се отвориле вратите кон Унијата – нешто што европските земји сакаат да го спречат. Затоа на ВМРО-ДПМНЕ ѝ одговара Македонија да остане изолирана. Ова е нивниот „win-win“ :Британија депортира мигранти за пари, а ДПМНЕ добива изолирана држава во која непречено продолжува кражбата. Губитници се само граѓаните и иднината на Македонија“, потенцира генералниот секретар на СДСМ.
Македонија
АХВ: Спречен увоз на над 26 тони замрзнато пилешко месо од Бразил
Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спречија увоз на над 26 тони замрзнато пилешко месо од Бразил на граничниот премин Ќафасан.
Пратката, составена од 2.167 пакувања по 12 килограми, е вратена во земјата извозник поради неисполнување на условите за увоз.
Од АХВ соопштија дека забраната е донесена врз основа на претходно решение за забрана на увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло од Бразил, со цел да се спречи внесување на вирусот на високо патогена авијарна инфлуенса (птичји грип).
Според правилата, забранет е увозот на пратки добиени од животни кои се заклани, натоварени и сертифицирани пред 1 август 2025 година.

