Спорт
(Видео) Спектакл на „Енфилд“, Ливерпул го победи Њукасл

Првиот ден од Новата година донесе фантастичен натпревар на „Енфилд“. Ливерпул го победи Њукасл со 4:2. Головите беа постигнати во второто полувреме.Исто така Салах не искористи пенал, ВАР поништи два гола, голманот на Њукасл, Дубравка имаше 11 интервенции.
Мохамед Салах не реализираше пенал во 21.минута, Дубравка го одбрани неговиот удар, но тој му донесе предност на Ливерпул во 49.минута.
За само три минути потоа, Нуњез не реализираше две добри шанси. Казната Ливерпул го стигна во 54.минута кога Исак го совлада Алисон.
Во 63. минута Дубравка сопре одличен удар на Дијаз, а неполна минута подоцна го одбрани и ударот на Нуњез. Предноста на Ливерпул му ја врати Куртис Џонс во 74.минута, а четири минути подцна гол постигна и Коди Гакпо.
Неизвесноста во 82. минута ја врати Свен Ботман, но сите дилеми околку победникот го реши Салах со гол од пенал.
Ова беше 150. гол на Мохамед Салах во Премиер лигата. Тој е само петтиот играч во историјата кој постигнал 150 или повеќе првенствени голови за еден клуб. Пред него тоа го направија Хари Кејн за Тотенхем, Серхио Агуеро за Манчестер сити, Вејн Руни за Манчестер Јунајтед и Тиери Анри за Арсенал.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Наполи и Хојлунд постигнаа договор, на потег е Манчестер јунајтед

Расмус Хојлунд еден од непожелните играчи во системот на менаџерот Рубен Аморим е чекор поблиску до новиот клуб. До крајот на преодниот рок, Данецот, ќе го засили Наполи. Италијанскиот шампион мораше да реагира на пазарот откако се повреди Ромалу Лукаку.
Вчера, како што објавија италијанските медиуми, Наполи ги заврши клучните преговори. Со фудбалерот клубот го договорил должината на договорот и платата.
Манчестер јунајтед е информиран за сè, па трансферот е многу блиску до реализација. „Црвените ѓаволи“ нема да прават проблем бидејќи Хојлунд не е во плановите на менаџерот Аморим.
Хојлунд по две сезони ќе се врати во Серија А. Претходно го носеше дресот на Аталанта.
Спорт
Продолжува доминацијата на Маркез – Шпанецот ја освои пол-позицијата во Унгарија

Осумкратниот светски шампион Марк Маркез беше најбрз во квалификациите на патеката Балатон Парк во рамките на трката за Големата награда на Унгарија.
Марк Маркез ја продолжи доминацијата во „кралската класа“, во шест наврати го направи најбрзиот круг, а пол-позцијата ја освои со време 1:36.518.
Првиот ред, заедно со 32-годишникот од Сервера го комплетираа Италијанците Марко Бецеки (Априлија) и Фабио ди Џанантонио (ВР46).
Во третата минута од втората квалификациска рунда, Шпанецот Педро Акоста (Ред Бул) излета од патеката и не можеше да продолжи со натпреварувањето. Мотоциклот на 21-годишникот стана неупотреблив.
Енеа Бастијанини (Ред Бул), Франко Морбидели (ВР46) и Фабио Квартараро (Јамаха) ќе стартуваат од вториот ред, а Педро Акоста, Фермин Алдегер (Гресини) и Лука Марини (Хонда) од третиот.
Иако помладиот брат на Маркез, Алекс, го имаше 11-то најбрзо време во квалификациите, возачот на Гресини беше префрлен на 14-та позиција бидејќи, ден претходно заработи казна од три позиции поради блокирањето на Франческо Бањаја.
Тимскиот колега на Маркез од фабричкиот тим на Дукати, Франческо Бањаја, не успеа да ја помине првата квалификациска сесија.
Италијанецот, кој освои две титули по ред во елитното натпреварување, ќе стартува од 17-та позиција.
Foto/ EPA/Tamas Vasvari
Спорт
Заем со право на откуп – Родриго ќе заврши во Тотенхем

Според британските и шпанските медиуми, Тотенхем е блиску до договор со Реал Мадрид за позајмицата на Родриго.
На „Сантијаго Бернабеу“ го прифатиле моделот на позајмица со можност за откуп, а останува да се договори кој колку од платата ќе покрие и согласноста на играчот.
Клубовите се во постојан контакт за позајмица со опција за откуп, а Арсенал, Ливерпул и Манчестер сити претходно покажаа интерес за Бразилецот.
Родриго е во втор план кај новиот тренер Чаби Алонсо што отвори простор за излезен трансфер.
Како што се приближува крајот на преодниот рок, се очекува преговорите да се забрзаат, а исходот ќе зависи од условите на позајмицата и одлуката на самиот играч.
Според „Tрансфермаркт“, Родриго вреди 90 милиони евра. Тој е бразилски репрезентативец и има 24 години.
Foto/ EPA/Mariscal