Македонија
Османи: Честитки до Косово за визната либерализација
Шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи, им го честита на косовските граѓани стапувањето во сила на визната либерализација.
„Честитки до Косово за постигнувањето на визната либерализација со отворање нови можности за патување и проширена соработка, промовирање поголеми врски. Важно постигнување за напредокот и просперитетот на Косово, неговиот народ и за интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ“, напиша Османи на својот официјален профил на Х.
Граѓаните на Косово без визи може да патуваат во 27 земји од шенген-зоната.
Безвизниот режим стапи во сила на полноќ на новогодишната ноќ. Лицата од Косово сега може да патуваат во земјите од шенген-зоната без визи и може да поминат 90 дена во половина година.
Реформата во Приштина се толкува како уште еден чекор кон целосно признавање на државата и кон амбицијата, објавена во 2008 година, за влез во Европската Унија. Кипар, Грција, Романија, Шпанија и Словачка сè уште не го признаа Косово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Свежо утро, а преку ден сончево и релативно топло
Утрово посвежо, а преку ден, времето ќе биде сончево и релативно топло со мала облачност и со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 13, а максималната ќе достигне од 22 до 28 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Во Скопје, исто така, утрото посвежо, преку денот сончево и релативно топло време. Според најавите, минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 27 степени.
Слично време нѐ очекува и утре, додека за во вторник и во среда, најавено е преодно наоблачување со локални врнежи од дожд, наместа поројни, со услови за појава на грмежи.
Македонија
Од денес започнува есента
Есента во земјава и на северната хемисфера почнува денеска во 14:43 часот. Во исто време на јужната полутопка на Земјата ќе настапи пролетта.
Првиот есенски ден е 266-иот ден во годината и ќе трае 12 часа и девет минути. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 21 минута, а ќе зајде во 18 часот и 30 минути. До карјот на годинава остануваат уште 100 дена.
Есента ќе трае 89 дена, до 21 декември во 10 часот и 20 минути, кога календарски започнува зимата.
Синоптичарите на првиот ден од есента најавуваат посвежо утро, а преку ден, сончево и релативно топло време со мала облачност и со слаб променлив ветер.
Македонија
Кавадарци му предаде 220 безбедносни камери на МВР и се вклучи во проектот „Безбеден град“
Со повеќе од 220 камери на територијата на градот кои денеска му беа предадени на Министерството за внатрешни работи, Кавадарци денеска се приклучи на проектот „Безбеден град“ заедно со Куманово, Тетово и Скопје.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска беше во работна посета на Општина Кавадарци каде оствари средба со градоначалникот Митко Јанчев по повод добивањето директен пристап на МВР – ОВР Кавадарци во современиот мониторинг центар, кој е во состав на општината.
„Овој директен пристап во сопствените простории до системот ќе биде во насока на координирано, брзо и ефикасно работење на полицијата заедно со локалната власт во интерес на јавната безбедност на граѓаните на Кавадарци.Со овој систем од над 200 камери кој ќе го имаме во рамки на системот на министерството значително ќе го подигнеме квалитетот на работењето на полицијата. Факт е дека криминалитетот во Кавадарци е значително намален во изминатиот период и очекуваме со пристапот на МВР до овој систем и посветеното работење уште повеќе да се подобри безбедносната состојба во општината. Ние како министерство сме фокусирани максимално на проектот којшто е поврзан генерално со зголемување на безбедноста на граѓаните на целата држава, проектите од ‘Безбеден град’ како во Кавадарци, така и Скопје, Куманово и Тетово. Ќе сториме сѐ во најбрз можен рок да ги ставиме во употреба сите тие технолошки системи во овие четири града, а понатаму на целокупната територија се со цел да добиеме едно побезбедно општество“, потенцираше министерот Тошковски.
Кавадарци во изминатите пет години постави над 220 камери на територијата на градот со цел заштита на урбаната опрема.
„Истите камери со меморандум за соработка ги префрламе на ОВР Кавадарци каде полиција ќе делува првентнтивно во заштита на безбедноста на жителите на Кавадарци. Со поставување на камерите, криминалитетот последните четири години е во драстичен пад, а огромен број од откриените кривични дела се откриени заради присуството на камерите“, нагласи градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.