Македонија
Стоилковски: Минатата беше година на криминал, нерасчистени убиства и спектакуларни бегства од затворите
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, ја оцени минатата како година на криминал. Имаше убиства – двојното убиство во Скопје и Велес, спектакуларни бегства од затвори, пукање во трговски центри – двапати повторени, брутална ликвидација во локал под скопското Кале, а ништо од ова не е до крај расчистено, вели Стоилковски.
„Годината мина без завршница со криминалниот случај ‘Беса транс’, без вистинска завршница за пожарот во модуларната во Тетово, без завршница за случајот со родилката на која ѝ се извадени органи.
2023 е година во која градоначалникот на Струга е ставен на американската црна листа, но тој нема никаккви политичко-правни последици.
Ова е годината во која судијката што судеше за пасоши за мафијаши јавно порача дека предметот не ја опфатил главата на криминалот.
Во 2023 година ЈО за организиран криминал, Ислам Абази, нема случај за коруптивни скандали за семејството на Али Ахмети и Артан Груби и ја прекина соработката со ДКСК затоа што била спомната партијата ДУИ!
Нема предмет за скандалот БРОИЛО, нема предмет за „Соравија“, нема предмет за ништо.
Нема истрага за случајот „Лотарија“, ниту за поврзаноста на главните актери со министерот Артан Груби.
Јавното обвинителство на сега веќе заминатиот Јовески спроведе истрага за влијанието на Мерко, според наводите на американскиот Стејт департмент, ама во судовите не откри баш ништо!
Ова е година во која повторно најмногу профитираа спонзорите на ДУИ од јавни тендери, ама секако нема предмет.
И, секако, 2023 ќе заврши без истрага за Онкологија – за организирано злосторничко здружување со смртни последици, со огромно оштетување на буџетот и криминално коруптивни неказнети врски!
Годината завршува со нереално огромен буџет со криминално-коруптивни мерки само и само во изборни цели за злоупотреби!
Почитувани, никогаш не било полошо. Криминалот владее, а Оливер Спасовски, Димитар Ковачевски и Артан Груби сѐ уште се на власт!
Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме“, рече Стоилковски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нова услуга на ЈСП: Онлајн надополнување на картичката
ЈСП воведува нова услуга – онлајн надополнување на картичките за возење.
„Од сега можете онлајн да ја надополните вашата картичка со билети и/или износ (средства) директно преку нашата официјална веб страна skopjebus.mk — без чекање, без редици и без одење до продажно место. Сè што ви треба е телефон или компјутер и неколку минути. Надополнувањето се прави од далечина, брзо и кога вам ви одговара, од удобноста на вашиот дом“, велат од ЈСП.
Од таму додаваат дека со новата услуга се добива онлајн надополнување со билети и/или средства, брза постапка во неколку едноставни чекори, нема редици и нема потреба од физичко присуство, достапно од телефон или компјутер.
Како да надополните картичка?
* Влезете на skopjebus.mk
* Изберете „Надополни картичка“
* Внесете ги потребните податоци за
картичката
* Одберете дали сакате билети или износ
(средства)
* Потврдете и завршете ја постапката
Пробајте ја новата функционалност тука: https://skopjebus.mk/mk/app/cards/load
Македонија
Утре променливо облачно време, попладне дожд
Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има услови за повремен локален дожд, информира УХМР.
Претпладне тивко, а попладне ќе дува слаб до умерен ветер во западните делови од западен, а во источните и долж Повардарието умерен повремено засилен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, ончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен утре кон крајот на денот кога ќе има услови за слаб локален дожд.
До петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието.
Од петок ветерот ќе го смени правецот во југоисточен. За време на викендот облачноста ќе се зголеми.
Македонија
Утре прекинато водоснабдување во делови од неколку скопски општини
Од ЈП Водовод и Канализација известуваaт дека утре ( вторник ) се планирани неколку интервенции и тоа:
· поради изведување на водоводен приклучок на ул.Борис Трајковски 212, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица (место викано Каменик). Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.(општина Кисела Вода)
· поради изведување на водоводен приклучок ф-150 мм на ул.Варшавска 4, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Варшавска и дел од бул.8-ми Септември. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со работните активности.(општина Карпош)
· поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на ул.Боца Иванова бб(за АБЦ Комерц),
прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Боца Иванова,Томе Пуре, Душко Поповиќ, Александар Бујнов, Бетовенова и дел од Петар Манџуков. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со работните активности.(општина Бутел)
· поради изведување на водоводен приклучок ф-80 мм на ул.20 –ти Октомври 44 прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.(општина Центар)

