Регион
Маж ја проституирал својата сопруга додека била бремена во седмиот месец – ужасната вест го потресе регионот
Поради тоа што ја принудил сопругата, која била во седмиот месец од бременоста, на сексуални односи со непознати мажи, Вишиот кривичен суд во Загреб одлучил 39-годишниот маж од Риека да мора да помине седум и пол години зад решетки во еден од хрватските казнено-поправните установи.
Обвиненителството го товари за кривично дело против сексуалната слобода на сметка на неговата 33-годишна сопруга, но и за измама и принудување на проституција.
Грозоморните злосторства се случиле пролетта 2019 година во станот во кој живееле. Според обвинението, во една пригода осомничениот ја принудил својата бремена партнерка да испие десетина таблети „хелекс“ и три чаши пиво. Но, таа одбила, па тој ѝ се заканил со нож ставајќи ѝ го под вратот.
„Ќе те убијам и ќе те распарчам! Ќе ти го извадам детето од утробата и ќе го фрлам во ѓубре“, ѝ се заканувал осомничениот на мајката на неговото дете. Плашејќи се за сопствениот живот и за животот на своето бебе, таа на крајот го послушала. По тоа, пријавениот донел непознато машко лице во станот и го принудил на обљуба.
На агонијата за несреќната жена ѝ немало крај бидејќи и тој ја заплашувал со цел материјално да ја искористи. Ѝ рекол дека за пари ангажирал луѓе да ја заштитат од поранешното момче и мафијашите, притоа барајќи од неа да ја плати „заштитата“ со сексуални услуги.
Судењето во оваа постапка се одвиваше зад затворени врати, а јавноста беше исклучена од постапката, па одбраната на обвинетиот, како и изјавите на сведоците на немилите настани, не се познати, јавуваат хрватските медуми.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Автобус изгоре на автопат кај Солун, патниците навреме евакуирани
Пожар избувна рано утринава во градски автобус што сообраќал на линија во предградието Синдос во Солун, во северна Грција, јавува „Катимерини“.
Пожарот настанал додека автобусот се движел по автопатот Патра–Атина–Солун–Евзони. Сите тројца патници и возачот навреме го напуштиле возилото, додека автобусот целосно бил уништен од огнот.
Противпожарната служба интервенирала за гаснење на пожарот и спроведува истрага за причините за инцидентот.
Фото: илустрација (Depositphotos)
Регион
Бомба фрлена врз куќата на Здравко Чолиќ во Белград
Доцна синоќа беше фрлена бомба врз куќата на пејачот Здравко Чолиќ во белградската населба Дедиње.
Полицијата и дежурниот обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград се на местото на настанот, а истрагата е во тек, пренесуваат медиумите во регионот.
Деталите, според написите, засега не се познати, но според извештаите никој не е повреден во експлозијата, но е причинета голема материјална штета, пишува „Телеграф“.
Пејачот бил во куќата
Полицијата веднаш ги блокирала приодите кон куќата по приемот на пријавата.
Припадници на Министерството за внатрешни работи спроведуваат истрага, а форензички експерти собираат докази и ги прегледуваат снимките од безбедносните камери за да го идентификуваат сторителот, пишува медиумот.
Во моментот кога била фрлена бомбата, Чолиќ, неговата сопруга и помладата ќерка Лара биле во вилата.
Според Телеграф, тие спиеле во моментот на експлозијата, а звукот ги разбудил.
Фото: ЕПА
Регион
Фалсификуваните пари за Балканот и ЕУ најчесто доаѓаат од Романија
Најголемите количини фалсификувани пари што пристигнуваат на Балканот и во земјите на Европската Унија потекнуваат од илегални фабрики во Романија.
Криминалните групи ги набавуваат фалсификатите по цена од околу 20 отсто од вредноста на оригиналниот новац, што значи дека за еден милион евра лажни пари се плаќаат околу 200.000 евра.
Според наводите, во Романија се фалсификуваат евра, кувајтски динари и американски долари, додека британската фунта се смета за најтешка за фалсификување.
Членовите на овие групи често се претставуваат како Италијанци, Арапи, Грци или Чеси, а меѓу нив има и криминалци од просторот на поранешна Југославија. Тие преку огласи бараат недвижности, луксузни автомобили, јахти, скап накит, уметнички дела и други вредни предмети.
Средбите најчесто се организираат во градови на северот на Италија, а како алтернативи се користат и градови во Франција, земјите на Бенелукс или Шпанија. Криминалните групи дејствуваат во поголем состав, со цел да ѝ го отежнат работењето на полицијата, пренесе Танјуг.

