Спорт
(Видео) 16-годишно момче ќе се бори за светската титула во пикадо

Сензационалниот 16-годишен играч на пикадо Лук Литлер се пласираше во финалето на Светското првенство во пикадо.
Литлет во полуфиналето го победи 22 години постариот сонародник, Роб Крос, поранешен светски шампион со 6:2 во сетови.
На дебито на СП во Лондон победуваше фаворити и од 164. место на светската ранг-листа се пласираше во финалето.
Овој 16-годишник, кој се уште оди на училиште, го освои светот на пикадото.
Тој веќе стана најмладиот победник на меч на СП, а сега има шанса да стане и најмладиот светски шампион во историјата.
Литлер, за кого поради изгледот многумина не веруваат дека има 16 години, остана во игра за наградата од 550.000 евра која ќе му биде доделена на новиот светски шампион, поразениот ќе добие 230.000 евра.
Младиот Британец има можност да стане најмладиот светски шампион во историјата, а рекордот го држи Мајкл ван Гервен, кој стана светкски шампион на 24-годишна возраст.
Негов ривал во финалето ќе биде фаворитот Лук Хемфрис, актуелен шампион на Грен слем, Светско Гран При и Шампионат за играчи.
Со пласманот во финалето стана најдобар играч на светот.
Финалето е вечерва од 21:00 часот.
LUKE LITTLER IS IN THE WORLD CHAMPIONSHIP FINAL!!! 😱
Luke Littler has beaten Rob Cross 6-2!
A 106.05 average from the 16-year-old sensation!
📺 https://t.co/f3RU9WTIoD#WCDarts | SF pic.twitter.com/1x90nLF1oL
— PDC Darts (@OfficialPDC) January 2, 2024
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Гол и хет-трик асистенции за Бони, Интер лесно го порази Кремонезе

Интер забележа убедлива победа против Кремонезе во шестто коло, во Серија А. Во победата 4:1 блескаше поранешниот напаѓач на Парма, Бони.
Интер ја забележа четвртата победа во сезоната и полека фаќа приклучок со водечките тимови. Кремонезе по одличниот старт, две победи во првите две кола, во наредните три одигра нерешено, а вечерва го забележа првиот пораз во Серија А.
Првиот гол на натпреварот го постигна капитенот Лаутаро Мартинез, по додавањето на Бони во 6. минута, а потоа Бони зголеми на 2:0. Во второто полувреме, Бони беше асистент за Димарко и Барела во 55. и 57. минута, за конечни 4-0 на „Џузепе Меаца“.
Во самиот финиш на натпреварот почесениот гол за Кремонезе го постигна Бонацоли.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Бразилскиот тинејџер Естевао му пресуди на Ливерпул во 96.минута

Челси го доби Ливерпул со 2:1 во дербито одиграно во 7.коло, во Премиер лигата. Херој на Челзи е 17-годишниот Бразилец, Естевао, кој погоди за победа во 95.минута.
Актуелниот шампион е во криза, потрошените речиси 500 милиони евра во преодниот рок, засега не даваат резултат. На почетокот на сезоната, Ливерпул се вадеше со голови во финишот на натпреварите, а сега бележи порази на идентичен начин.
Во минатото коло, во Премиер лигата,Ливерпул загуби во судиското надополнување од Кристал Палас, следуваше пораз од Галатасарај во Истанбул, во Лигата на шампионите, а вечерва во 95.минута „црвените“ запишаа пораз на гостувањето кај Челзи.
Ливерпул две и пол години не забележал три порази по ред.
Челзи, вечерва на „Стенфорд Бриџ“ беше подобар и заслужено победи. Не знаеја избраниците на Енцо Мареска, порано да го решат прашањето околу конечниот победник.
Торпедото на Каиседо во 14.минута го отвори резултатот. Ливерпул изедначи во 63.минута, од првата вистинска акција преку Гакпо.
До крајот Челзи имаше неколку шанси, Фернадез ја погоди стативата во 92.минута, но победата стигна три минути подоцна, кога Кукуреља по земја ја испрати топката на подалечната статива, Робертсон заборави дека зад него е Естева кој ја смести топката зад грбот на најдобриот играч на Ливерпул, голманот Мамардашвили.
Со овој пораз Ливерпул му ја препушти челната позиција на Арсенал. Екипата од Лондон има 16 поени, еден повеќе од Ливерпул, додека Челси е на шестата позиција со 11 поени.
Спорт
(Видео) Арсенал без проблеми против Вест Хем, победи и Манчестер Јунајтед

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед и Арсенал забележаа идентични победи (2:0) во натпреварите од 7. коло од Премиер лигата.
Тимот од „Олд Трафорд“ го победи Сандерленд со 2:0 и, барем до следната недела, го симна огромниот товар на притисок што го трпат од навивачите, јавноста, аналитичарите…
Втор натпревар по ред, гол за Јунајтед постигна репрезентативецот на Словенија Бенјамин Шешко.
Во 31. минута, Шешко ја дуплираше предноста на тимот на Рубен Аморим, тој беше во вистинско време на вистинското место и од вториот обид ја погоди мрежата на Сандерленд.
Водечкиот гол за „ѓаволите“ беше дело на Мејсон Маунт. По 822 дена од неговиот трансфер од 63 милиони евра од Челзи во Манчестер Јунајтед, Маунт конечно постигна гол во лигата на „Олд Трафорд“.
Претходните два во Премиер лигата во дресот на Јунајтед, поранешниот репрезентативец на Англија ги постигна на „Џитек стадионот“ против Брентфорд, во две различни сезони.
Ова беше трета победа на Манчестер во седум натпревари, но не и онаа што ќе ги убеди навивачите дека тимот е на вистинскиот пат.
Во исто време, во Лондон, Арсенал рутински го совлада Вест Хем со 2:0.
Во натпревар во кој само еден тим се прашуваше за сè, „топџиите“, до победата дојдоа со головите на Деклан Рајс и Букаи Сака, со што се искачија на врвот на табелата во Премиер лигата.
Рајс го совлада Ареола во 38-та минута, не го прослави голот во знак на почит кон својот поранешен клуб.
Фактот дека тимот на Артета имаше 21 удар кон голот на Вест Хем, во споредба со само четири испратени од гостинските играчи, е можеби најдобриот доказ за играта „мачка и глушец“ на Емирати.
Сака стави крај на триумфот во второто полувреме со својот 55-ти гол во својот 200-ти натпревар за клубот. Сака постигна гол од пенал, кој не требаше да биде досуден. Најстрогата казна е досудена по фаулот врз Тимбер. Нејасно е како судиите во ВАР собата не видоа дека Дуиф го фаулираше Тимбер надвор од шеснаесетникот.
Foto/ EPA