Свет
(Видео) Експлозии на гробот на убиениот ирански генерал, најмалку 50 мртви
Во две експлозии загинаа најмалку 50 луѓе, а десетици се ранети во близина на гробиштата во Иран, каде што се одржа церемонија по повод смртта на врховниот командант на земјата, Касем Сулејмани, убиен во 2020 година во напад на американски беспилотни летала, објавија денеска иранските државни медиуми.
Иранската државна телевизија јави за прва, а потоа и за втора експлозија за време на церемонијата во југоисточниот град Керман, наведувајќи дека најмалку 50 луѓе загинале.
„Огромна експлозија беше во близина на џамијата ‘Сахеб ал-Заман’, каде што се наоѓа гробот на Сулејмани во Керман“, објави државната телевизија додавајќи дека втората експлозија се случила неколку минути подоцна, пренесува „Франс прес“.
BREAKING:
Iranian state media reports an explosion near Kerman city cemetery where Qasem Soleimani is buried. pic.twitter.com/VIof5hkcdM
— Globe Eye News (@GlobeEyeNews) January 3, 2024
Иранската агенција „Ноурњуз“ јавува дека неколку плински боци експлодирале на патот што води до гробиштата и дека властите ја следат ситуацијата.
Агенцијата СНН објави дека амбулантни возила се на пат кон гробиштата, каде што стотици Иранци се собраа да ја одбележат смртта на Сулејмани.
„Нашите тимови за брз одговор ги евакуираат повредените, но брановите толпи ги блокираат патиштата“, изјави Реза Фалах, шеф на Црвената полумесечина во провинцијата Керман, за државната телевизија.
Сулејмани, командант на елитните ирански сили „Кудс“, беше водач на иранските воени операции на Блискиот Исток и беше убиен од САД во јануари 2020 година во Ирак.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Белата куќа ја потврди средбата на Трамп со Зеленски за утре
Американскиот претседател Доналд Трамп ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски утре на Флорида, соопшти Белата куќа.
Според распоредот на американскиот претседател, билатералните разговори ќе се одржат во 15 часот по локално време во Палм Бич, Флорида.
Белата куќа не издаде посебно соопштение во врска со ова, но во распоредот за викендот што го испрати до медиумите, го прецизираше времето за средбата меѓу Трамп и Зеленски за недела во 15 часот, пренесува „Њујорк тајмс“.
Повеќе детали не се соопштени. Зеленски овој состанок го најави вчера на социјалните мрежи.
Тој рече дека во таа пригода ќе претстави нов план од 20 точки за завршување на војната, кој вклучува предлог за демилитаризирана зона, а главен фокус на средбата ќе бидат безбедносните гаранции за Украина.
Свет
Уште трае рускиот напад, во Киев нема струја и парно, има и загинати
Речиси 9 часа Киев ноќеска беше под опсада. Во градот воздушната опасност сè уште е на сила поради заканата од балистички ракети. Русија лансираше повеќе хиперсонични ракети „Кинжал“, балистички ракети „Искандер“ и крстосувачки ракети „Калибр“ врз украинскиот главен град. Во нападот, најмалку 11 лица беа повредени, пишува „Киев Индепендент“.
Речиси една третина од украинскиот главен град е без греење, а во некои делови од Киев нема електрична енергија.
Kyiv is dying – just a few hundred kilometers from the NATO border.
All because Europe is led by the most cowardly and stupid politicians like Merz, Macron, Starmer, Meloni, and Tusk. pic.twitter.com/GqvmYbCwMf
— Jürgen Nauditt 🇩🇪🇺🇦 (@jurgen_nauditt) December 27, 2025
Свет
Урсула фон дер Лајен денеска телефонски ќе разговара со Зеленски
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска телефонски ќе разговара со украинскиот претседател Володимир Зеленски и други европски лидери, изјави портпарол на ЕК.
Белата куќа претходно соопшти дека Трамп ќе се сретне со Зеленски утре во Палм Бич на Флорида.
Средбата е закажана за 15 часот по локално време и ќе биде посветена на напорите за прекин на војната во Украина.

