Македонија
Директорите се плашат за своите фотелји, ако се способни, нека работат сами, не ја исклучуваме можноста од штрајк: Тасевски по случувањата во М-НАВ
Претседателот на Синдикатот на контролорите на летање, Александар Тасевски, потврди дека вчера бил повикан во МВР, каде што, како што рече, му била презентирана пријава од страна на двајца од тројцата директори, кои поднеле кривична пријава против него и се пожалиле дека им се заканувал.
„Најодговорно тврдам дека соджината на тој имејл не содржи нешто што асоцира на закани. Оценувам дека тенденциозно и намерно тоа се интерпретира така за овие информации да се искористат против мене како еден вид притисок со намера да се откажеме од нашите активности. А преку мене и до Синдикатот на контролорите на летање, а со самото тоа и до сите професионалци, кои во изминатиот период покажаа доблест и се охрабрија да го кренат својот глас и да покажат дека навистина се подготвени да застанат во одбрана на својата професија и да кажат стоп на клиентелизмот и на непотребните и нестручни вработувања“, рече Тасевски.
Според него, последните чекори преземени од страна на инженерите и техничарите што си дадоа оставки од своите позиции и функции, дефинитвно, кај директорите покажале одреден страв, но тој страв, како што рече, не е за нивните животи, туку е страв што се однесува на директорските фотелји.
„Тоа само дополнително им покажува дека ние сме на вистинската патека. И ова што се случи вчера, дефинитивно, нема да нѐ заплаши“, вели тој.
Најави дека од денеска ќе се почне со депонирање оставки на контролорите и нивните заменици, кои имаат раководни функции, а не ја исклучи и можноста од организиран штрајк.
„Не ја исклучуваме можноста да се продолжи повторно со штрајк, нормално, тоа нема да биде во наредните неколку дена, но верувам дека овој пат нема да биде штрајк на контролорите на летање, туку ќе биде штрајк на сите вработени во македонска навигација“.
Навраќајки се на огласот за вработување, Тасевски вели дека тој бил доста контроверзен. Не бил почитуван временскиот рок, селекцијата била спречена, Синдикатот не бил известен за спроведување на огласот и наспроти обврската на работодавецот.
Тасевски нагласи дека ќе биде поведена постапка и ќе се бара оспорување на конкурсот за вработување, а ќе се оспорат и вработувањата на претходните директори.
Побара вклучување и на Трудовата инспекција, која треба да ги испита сите нерегуларности, но и вклучување на антикорупциската комисија и сите други надлежни институции за случувањата во М-НАВ.
„Треба да покажеме дека не може вака да се продолжи и директорите да работат под притисок кон вработените и кон Синдикатот. Со ваков начин на вработување нека продолжат да работат сами ако се способни за такво нешто. Ова што се случи нема да нѐ заплаши и да нѐ отргне од нашата идеја“, нагласи тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

