Македонија
(Видео) Стојкова-Серaфимовска: СДС и ДУИ дојдоа на власт ветувајќи чиста животна средина, но, за жал, останаа само на зборови

Скопје веќе повеќе од 10 дена е еден од најзагадените градови во светот, прв во Европа, вели Велика Стојкова-Серафимовска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ.
Прашува што прави Владата за да се справи со вонредната ситуација во која аерозагадувањето ги надминува сите предвидени мерки за здрава животна средина.
Според неа, СДС дошле на власт ветувајќи чиста животна средина и чист воздух.
„Со особен осврт се зборуваше и се зборува за прашањата поврзани со животната средина. Но, за жал, власта остана на зборови.
Прашува дали вреди да го зголемуваме профитот на компании – големи загадувачи за сметка на здравјето на нашите деца?
„Па зарем децата на СДС не дишат воздух овде?
До каде сме со законот за индустриски емисии? Владата на СДС и градската власт на Шилегов на секој начин се обидуваа да го уништат системот за централно греење во Скопје со одземање лиценци за дистрибуција, со превработувања (кои патем не знаат ни каде е компанијата) во ЕСМ во делот на топлификација на Скопје.
Преку Фондот за иновации се испрани милионски суми, кои требаше да придонесат за почист воздух.
Министерството за животна средина веќе 7 години работи како филијала на ДУИ за обезбедување концесии за компании блиски до власта, а никако во интерес на граѓаните. За жал, нашите деца сѐ уште се разболуваат од загадениот воздух“, вели таа.
Оценува дека никогаш не било полошо.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Градоначалникот од СДС на Крива Паланка, Митовски кривично да одговара за лагите со водата

Градоначалникот на Крива Паланка, секојдневно минатава недела ширеше паника меѓу сожителите и јавно говореше невистини, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„СДС продолжува да биде промотор на лажни вести и тие се оние кои бараат селективна правда.
Откако јавно Државниот инспекторат за животна средина утврди дека цијанид во водите на Крива река нема, СДС продолжи со своите лажни вести да обвинува кој стигне, но не погледнува во својот двор.
Градоначалникот на Крива Паланка од редовите на СДС, Сашко Митовски, кој велеше дека за 100 пати над дозволеното имало цијанид во водите на Крива река, излезе дека излажал. За овие изнесени лаги и ширење на паника меѓу сограѓаните, кривично се одговара.
Иако бил свесен за изнесените лаги, Митовски за политички поени во пресрет на локалните избори, свесно ширел паника меѓу своите сограѓани во Крива Паланка.
Ги повикуваме надлежните институции да го проследат овој однос на Митовски и да реагираат.
За крај, да ја потсетиме јавноста дека цијанид над дозволената граница во Крива река, нема“, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Трајков: Регионалната соработка ќе ги забрза евроинтеграциските процеси

Регионалната соработка е клучна за забрзување на евроинтеграциските процеси е пораката од вчерашното обраќање на заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков, на дводневната панел-дискусија на тема “Европски проекти за прекугранична соработка за унапредување на административните капацитети на институциите на македонската заедница во Србија”, која што се одржува во Белград.
Во своето обраќање, заменик-министерката за европски прашања Трајков, истакна дека со Србија негуваме пријателски односи и взаемно почитување на правата на заедниците, со што се овозможува понатамошно продлабочување на традиционалното пријателство со нашиот северен сосед.
Заменик-министерката за европски прашања, Трајков истакна дека земјите од регионот немаат друга опција освен да продолжат да се движат по европскиот пат кој ќе овозможи просперитет и благосостојба за сите, а ќе отвори и можности за младите луѓе да останат во своите родни земји.
Реализацијата на европските проекти посебно во прекуграничната соработка, како што потенцираше заменик-министерката Трајков, ќе помогне во спроведувањето на реформските процеси со што ќе се подобрат состојбите во сите сфери, а тоа ќе овозможи подобар живот за граѓаните.
Панел-дискусијата е во организација на Националниот совет на македонското национално малцинство во Република Србија.
Македонија
Семејствата на починатите во кочанската дискотека денеска излегуваат на протест

Семејствата на починатите во кочанската дискотека организираат „Марш за ангелите“.
Протестот ќе се одржи денеска во 12:05 часот.
Маршот ќе започне од Градскиот парк во Кочани, ќе продолжи кон Трговскиот центар, Општина Кочани, Полициската станица и ќе завршат пред Судот.
„Маршот на семејствата на покојните не е за поддршка на обезбедувањето, единствено и исклучиво за почит спрема покојните и барање на правда“, стои во известувањето.