Македонија
Буџетот во Општина Карпош го гласаа сите советнички групи, освен ДПМНЕ, велат од Левицата

На продолжението на 38. седница на Советот на Општина Карпош беше изгласан предлог-буџетот за 2024 година, а за неговото усвојување гласаа сите советнички групи, освен онаа на ДПМНЕ, велат од Левицата.
„Советниците на Левицата гласаа во заштита на интересите на карпошани и доследно на партиската идеологија ги дадоа следните предлози, кои беа прифатени како дел од буџетот за 2024 година: намален е буџетот за прославата на годишнината од формирањето на Општина Карпош за 1 милион денари. Субвенциите за возачки дозволи добиваат социјален карактер и со нив ќе бидат опфатени повеќе млади лица! Со програмата за урбанистичко планирање, предлог на Левицата, сега Советот ќе биде дополнителен ФИЛТЕР пред изготвувањето и носењето ДУП-ови во Општината! Воведување нов правилник за распределба на награди и стипендии во спортот“, велат од Левицата и додаваат:
„И обезбедување психолошка поддршка на лица жртви на семејно насилство“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Големиот пожар кој избувна попладнево во близина на Струмица е под контрола

Големиот пожар кој избувна попладнево во близина на Струмица меѓу Градските гробишта и селото Баница и зафати огромна површина и со голема брзина се ширеше кон месноста Софилар и куќите во тој дел на градот е ставен под контрола, објави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДСЗ), Стојанче Ангелов.
Според него, големиот и црн чад излегува од склад во чиј двор од пожарот се зафатени гуми, а пожарникарите не дозволуваат пожарот да се шири кон селото Баница, градот и викендички во овој простор.
-Пожарот се движи во неколку насоки и има големи шанси да биде ставен под целосна контрола. На едно место навлезе делумно во Гробиштата во Струмица, зафати неколку квадратни метри и тука е запрен. Нема потреба од вознимереност и паника. Струмичките пожарникари побараа помош од соседните противпожарни единици, а доаѓаат и два „пинцгауери“ на ДЗС, а во случај на лош развој на настаните ќе упатиме и „ер трактори“. Во овој момент нема таква потреба, иако едниот „ер трактор“ превентивно е упатен кон Струмица, рече Ангелов во изјавата за медиумите објавена од местото на пожарот.
Соред командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев, се работи за пожар од големи размери, кој засега го гаснат 30 пожарникари и 10 возила, а побарана е помош од пожарникарите од Валандово и вклучување на хеликоптер.
Од СВР Струмица попладнево упатија апел до граѓаните да не се движат во делот зафатен со пожар, а лицата кои се затекнати таму веднаш да го напуштат подрачјето.
Македонија
Голем пожар до Струмица

Голем пожар избувна попладнево во близина на Струмица меѓу Градските гробишта и селото Баница и зафати огромна површина и со голема брзина се шири кон месноста Софилар и куќите во тој дел на градот.
Според командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев, се работи за пожар од големи размери, кој засега го гаснат 30 пожарникари и 10 возила, а побарана е помош од пожарникарите од Валандово и вклучување на хеликоптер.
Од СВР Струмица попладнево упатија апел до граѓаните да не се движат во делот зафатен со пожар, а лицата кои се затекнати таму веднаш да го напуштат подрачјето.
Македонија
Револуционерна здравствена апликација најавена од министерот Алиу

Пациентите наскоро ќе можат полесно и побрзо да комуницираат со своите лекари преку нова апликација што ја најави министерот за здравство Азир Алиу. Новото софтверско решение е дел од стратегијата за дигитализација на здравствениот систем и ќе овозможи секој пациент во секое време да внесе здравствени параметри – како притисок, шеќер или други индикатори – на кои докторот ќе може веднаш да реагира.
Тој нагласи дека оваа апликација е само дел од поширокиот процес на дигитална трансформација, кој вклучува и усогласување на 12 закони со цел поголема транспарентност и ефикасност во здравството.
Министерот објави и новина во онколошката грижа – третманот на пациенти со карцином веќе нема да биде ограничен само на Скопје. Онколошките услуги ќе бидат дисперзирани и во болниците во Штип, Тетово, Битола и ГОБ „8 Септември“.
– Во завршна фаза сме со изработка на протоколите. Почетно, лекувањето ќе се врши со асистенција преку телемедицина од Скопје, а наскоро очекуваме во овие центри да се воспостават и ЦТ симулатори. Така пациентите ќе добијат квалитетен третман поблиску до своите домови – додаде министерот.