Македонија
Нема притвор за Беким Незири – функционерите на ДУИ се недопирливи, велат од Левица
Додека Исмет Гури, поранешен функционер на ДУИ, е во бегство, за Беким Незири судијата одби да изрече притвор, иако Незири се сомничи за тешко кривично дело за кое е предвидена затворска казна од минимум 5 години, велат од Левица.„Пајазит Пајазити е судијата на претходна постапка, кој не го прифатил предлогот за притвор на Беким Незири за нападот во М-НАВ. Овој судија е заменик претседател на Кривичниот суд Скопје, додека во времето кога Груевски беше во бегство, бил судија за санкции кој ја носел одлуката за издржување на казната затвор. И овој судија се поврзува со криминогената ДУИ, што потврдува дека целокупниот правосуден систем е окупиран од недопирливите ДУИ“, истакнуваат од партијата.Потсетуваат дека ова не е прв инцидент на функционерот од ДУИ, односно при сличен ваков инцидент во 2010 (во кој напаѓач исто така бил Незири) снимките од сигурносните камери биле избришани.
„За ваквиот инцидент, не само што Незири не одговарал, туку лицето кое било нападнато подоцна се иселило и од државата поради заканите од Незири. Наместо партиските директори на ДУИ во М-НАВ да го релативизираат насилството, истите треба веднаш да дадат оставка и да се иницира постапка за да се расветли случајот со приватната агенција за обезбедување “2СС секјурити”. Оваа агенција е во сопственост на Самир Билбилоски од Кичево, кој важи за човек близок до Ахмети’, посочуваат од Левица.Левица бара институциите веднаш да го испитаат работењето на Агенцијата “2 СС Секјурити” и какво е влијанието на Ахмети за делењето милионски тендери на оваа агенција од Кичево.„Безбедносниот инцидент, кој можеше да прерасне во катастрофа, докажа дека безбедноста не смее да биде во рацете на приватните агенции за обезбедување и дека приватизацијата на јавниот сектор е погубна во секоја сфера“, завршуваат од Левица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Кисела Вода и Чаир денеска без струја
Од ЕВН Македонија информираат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците од улиците Кујунџиска и Битпазарска, објектите лоцирани околу националната галерија Чифте Амам, како и дел од корисниците од старата чаршија. (општина Чаир)
– во периодот од 10.00 до 14.00 часот, корисниците од ул. Јустинијан Први лоцирани околу ДИМ Маркет, како и дел од корисниците од улицата Речиште. (општина Кисела Вода)
Македонија
Поради протест блокирани повеќе гранични премини за влез и излез од државата на товарни возила
Поради протест блокирани се повеќе гранични премини за влез и излез од државата на товарни моторни возила.
Како што известуваат од Макам-Транс, превозниците од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора на 26.01.2026 година започнаа протест со блокада на граничните премини за влез и излез на товарни моторни возила од државите кој ќе трае до надминување на проблемот за евиденција на престој на возачите во Шенген зоната.
Граничните премини кои се блокирани се: Деве Баир, Делчево, Ново Село, Дојран, Богородица, Меџитлија, Ќафасан, Блаце, Блато и Стење.
Затворени се граничните терминали за влез на товарни моторни возила на територија на нашата држава и на коловозните ленти на самите гранични премини за излез од државата, но само на делот за товарен сообраќај.
Патничкиот сообраќај за патници несметано ќе се врши на секој граничен премин, велат од Макам-Транс.
Како што информира АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Центар
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради давање водоводен приклучок од ф – 200 мм на улицата Титотвелешка б.б без вода ќе останат корисниците од населба Маџар Маало, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.30 часот па се до завршување на работата.

