Црна хроника
Царинско куче намириса дрога вредна 10.000 евра, двајца Албанци приведени во Македонија
Од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога, Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи при Одделот за криминалистичка полиција, лишени од слобода се А.Н.(64) и Ф.Т.(56), двајцата државјани на Република Албанија.
Имено, Единицата за недозволена трговија со дрога при Одделот за криминалистичка полиција, во координација со полициски службеници од СВР Тетово и сообраќајната полиција од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово, на наплатна станица Тетово, сопреле патничко возило „мерцедес“ со албанска национална ознака, управувано од А.Н., во кое сопатник бил Ф.Т.. Поради постоење на сомнение дека со возилото се пренесува дрога во координација со Мобилен тим од Царинската управа извршен е претрес на возилото, при што е употребено и царинско куче.
При претресот, во резервна гума во багажниот простор на возилото пронајдени се три пакувања со марихуана, во количина од околу три килограми со вкупна вредност од 10 илјади евра. Лицата се приведени во полициска станица и од страна на СВР Тетово по комплетирање на целокупната документација ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО Тетово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Вработен во фабрика за медицински канабис во Охрид фатен со дрога
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ј.П.(42) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
Според информациите на МВР, при излез од фабрика за производство на медицински канабис во Охрид, полициски службеници извршиле преглед на пријавениот, при што кај него бил пронајден и одземен хашиш.
Црна хроника
Ограбено финансиско друштво во Гази Баба, разбојникот ја скршил влезната врата
Разбојник ја скршил влезната врата на финансиско друштво во Скопје, влегол внатре и украл пари.
Вчера околу 05:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во периодот од 19:00 часот на 09.02.2026 до 04:40 часот на 10.02.2026 со употреба на сила и подесен алат е скршено стакло од влезна врата на објект на финансиско друштво на подрачјето на Гази Баба во Скопје, по што е влезено внатре и се одземени пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Возач удри жена на улица во Скопје и побегна, МВР го пронајде
Вчера нешто пред 17 часот, на улицата Његошева во Скопје се случи сообраќајна несреќа во која 69-годишната В.Д. заврши со телесни повреди.
Возилото што ја удрило било „рено“ со скопски регистарски таблички, а зад воланот бил 46-годишниот А.С. Наместо да застане и да ѝ помогне, возачот – според пријавата во СВР Скопје – побегнал од местото на настанот.
Повредената жена била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што лекарите ѝ констатирале телесни повреди. Полицијата веднаш презела мерки за лоцирање на возачот, кој бил пронајден и со него бил извршен службен разговор.
Според информациите од СВР Скопје, за случајот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

