Спорт
Легендата на Атлетико по осум години го напушта Мадрид
Црногорскиот стопер Стефан Савиќ (32) по осум успешни години е пред заминување од Атлетико. Поранешниот играч на Партизан, Манчестер сити и Фиорентина оваа сезона падна во втор план кај тренерот Чоло Симеоне и одигра само 972 минути во сите натпреварувања.
Турските медиуми пишуваат дека Фенербахче инсистира на трансферот на официјално најдобриот црногордки фудббалер во 2023 година.
Дека Атлетико е подготвен да се раздели со Савиќ покажува и податокот дека клубот за него нема да бара обесштетување.
Договорот на Савиќ истекува на лето, но во договорот има клаузула дека договорот автоматски ќе биде продолжен на уште една година доколку одигра најмалку 20 натпревари во тековната сезона. Савиќ досега настапил на 13 натпревари, а бидејќи клубот не планира да го задржи, веќе во јануари се подготвени бесплатно да се ослободат од него. Со тоа во буџетот за плати клубот би ослободил 4,5 милиони евра.
Турските медиуми пишуваат дека Црногорецот би прифатил да се пресели во Истанбул доколку добие тригодишен договор вреден најмалку 3,5 милиони евра по сезона.
Наводно од Фенербахче му дале задача на Един Џеко да го убеди Савиќ да дојде во Турција. Савиќ го освои шпанското првенство со Атлетико и играше едно финале во Лигата на шампионите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Барселона сака да врати поранешeн играч од Саудиска Арабија
Барселона има намера да ја засили својата одбрана во зимскиот преоден рок. Клубот притиснат од финансиката криза, мора да бара алтернативни и пред се ефтини решенија.
Шпанските медиуми објавија дека „блауграна“ се заинтересирани за Португалецот Жоао Кансело (31), кој игра за саудискиот Ал Хилал од летото 2024 година.
Кансело би сакал да се врати во Европа, бидејќи сезонава не е во преден план кај тренерот на Ал Хилал, Симоне Инзаги. Оваа сезона, тој одигра само шест настапи, па затоа неговиот статус во португалската репрезентација е под знак прашалник, односно дали ќе биде на списокот на играчи за СП 2026.
Пристигнувањето на „Камп Ноу“, би значело враќање во добро позната средина, бидејќи во сезоната 2023/24 беше на позајмица во Барселона. Во својот мандат, Кансело одигра 42 натпревари, постигна четири гола и пет асистенции.
Кансело остави најдлабока трага во дресот на Манчестер Сити, каде што запиша девет гола и 22 асистенции во 154 натпревари. Играше и за Валенсија, Интер, Јувентус и Баерн. Во дресот на португалската репрезентација постигна 12 гола на 64 натпревари.
Foto/ depositphotos
Спорт
(Видео) Рома за 17 минути ја декласира Џенова
Со натпреварот Рома-Џенова заврши фудбалската 2025 година во Серија А. Рома рутински ја победи Џенова со 3:1. Гостите од клупата ги предводи легендата на „волчицата“ даниеле Де Роси.
Со оваа поведа, Рома се врати на четвртата позиција, последна што води во Лигата на шампионите, додека Џенова, со третиот пораз по ред, остана веднаш над зоната за испаѓање.
Победникот практично беше познат веќе во првото полувреме, по само половина час игра, кога Рома ги постигна головите. Во интервал од 14-та до 31-та минута голманот на Џеонова го совладаа: Суле, Коне и Фергусон.
Почесниот гол за Џенова го постигна Ехатор во 87-та минута.
Foto/ depositphotos
Спорт
(Видео) Паника во Денвер, се повреди Никола Јокиќ
Убедливиот пораз на Денвер против Мајами, 147:123, мина во сенка на повредата, на најдобриот играч во лигата, Никола Јокиќ. .
Србинот го напушти натпреварот поради проблем со коленото на полувремето и не се врати на теренот до крајот на натпреварот.Повредата се случи несреќно, по судир со соиграчот Спенсер Џонс.
До тој момент Јокиќ блескаше на теренот со 21 поен, пет скока и осум асистенции.
This is the play where Nikola Jokic appeared to hurt his leg — hope it is nothing serious. 🙏
pic.twitter.com/XCihk0Fld4 https://t.co/NdTEYkKsbC
— Hoop Central (@TheHoopCentral) December 30, 2025
NOOOOOOO 💔
I am depressed.
My goat can’t even walk right to the locker room. Please be ok please be ok. Please be ok. pic.twitter.com/MyvBfpf2qd— Tatiana (@Tatianaclinares) December 30, 2025
Без него, но и без уште тројца играчи од стартната петорка, кои од претходно се повредени, Денвер немаше шанси против Мајами.
И покрај тоа што не играше во вториот дел Јокиќ беше најефикасен во својот тим, го следеа Џамал Мареј со 20 поени, шест скока и 11 асистенции, Хардавеј и Џонс со по 16, Браун со 15 и Вотсон со 11 поени.
Никола Јовиќ го предводеше Мајами со 22 поени, четири скока и пет асистенци, Норман Пауел уфрли 25, а Хаиме Хакез 20 поени и 11 асистенции.

