Регион
Предупредување за невреме во Хрватска: на сила е црвен метео аларм, затворени патишта поради снег
Во Хрватска на сила е црвен метео аларм поради ураганските ветрови во неколку места а многу патишта се целосно затворени или за одредени категории возила.
Можни се урагански ветрови со сила и до 200 километри на час, пренесува „Index.hr“.
Во останатиот дел од земјата исто така поради најавените ветрови на сила се жолти и портокалови предупредувања, додека во Славонија, во Загреб и Карловац и на планините, во сила е жолто предупредување поради можен снег.
Поради невремето патниот правец А1 е целосно затворен за сообраќај, додека на повеќе патни правци има забрана за движење за двокатни автобуси, мотоцикли и возила со приколки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Невреме во Крагуевац: Град искрши автомобили, поплавени и улиците
Невреме со врнежи од дожд и град го зафати подрачјето на централна Србија во еден часот попладне, а неколку автомобили беа искршени.
Како што потврдија за ТВ Крагуевац од Управата за вонредни состојби, невремето најмногу ги погодило Аранѓеловац, Топола и приградските населби Крагуевац, јавува Радио телевизија Крагуевац.
View this post on Instagram
Противградобијната заштита оперира од областите Книќ, Топола и Аранѓеловац, Велики Шењ, Рамаќа, Рогоевац, Каменица, Грбица, Лужница.
View this post on Instagram
Силно невреме пропратено со силен град попладне го зафати и Горњи Милановац, а суперклеточно невреме со град и обилни врнежи со грмежи ги зафатија областите на Љиг, Пожаревац и делови од Шумадија.
Регион
Падна снег во Словенија
Словенија денеска ја зафати студен фронт кој донесе пониски температури, но и, како што претходно прогнозираа метеоролозите, јунски снег во ридските предели.
Метеоролозите на Агенцијата за животна средина (Арсо) на мрежата Х напишаа дека зимата се уште не се збогувала во ридовите.
„Зимата во ридовите сè уште не се збогува. Снег врне на нашата највисока метеоролошка станица во Кредарица“, напишаа тие.
☃️Zima v visokogorju se še ni poslovila. Na naši najvišji vremenski postaji na Kredarici sneži. Iz novega mokrega snega je nastal snežak, ki bo v naslednjih dneh krasil pogled tudi na naši vremenski kameri.#snežak #kredarica #snowman pic.twitter.com/FU4xCIfnY7
— ARSO vreme (@meteoSI) June 13, 2024
Од северозапад се очекува разведрување во текот на вечерта.
Регион
Во Грција исчезнаа уште двајца туристи
Двајца туристи, еден од САД и еден од Холандија, исчезнале додека пешачеле одделно во Грција. 59-годишниот Американец Алберт Калибет исчезнал во вторникот на островот Аморгос на пат кон селото Катапола, соопшти општина Аморгос.
Попи Деспотиди, функционер за туризам, изјави денеска за Си-ен-ен дека Калибет доаѓа во Аморгос речиси секоја година веќе десет години.
Седумдесет и четиригодишен холандски турист исчезна на островот Самос во неделата, а во тек е голема операција за пребарување и спасување, соопштија властите, а на помош се и локалните жители. Мажот отишол на планинарење во областа Маратокампос.
Константија Димоглиду, портпаролка на грчката полиција, денеска за Си-ен-ен изјави дека полицијата, пожарникарите и доброволците трагаат по двајцата мажи.
„За жал, сè уште не ги најдовме“, рече таа.
Да потсетиме, минатата недела на грчкиот остров Сими исчезна Британецот Мајкл Мозли (67) додека се шеташе на високи температури. Неговото тело било пронајдено по неколку дена. Прелиминарната истрага покажала дека тој починал од природна смрт.
Грција ја зафати силен топлотен бран кој денеска треба да го достигне својот врв, температурите се блиску до 40 Целзиусови степени. На луѓето им се препорачува да избегнуваат излегување надвор во топлите попладневни часови, да пијат многу вода, да избегнуваат алкохол, да не јадат премногу и да избегнуваат енергично вежбање на отворено.