Црна хроника
Вработен во државна агенција си се послужил со државни пари: Покрај за службеното возило, платил гориво и за лични цели

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против И.М.(64) од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „послужување во служба“.
Тој, вработен како службено лице во државна агенција, неовластено се послужил со парични средства доверени од страна на агенцијата со кои, покрај горивото што го ставил во службеното возило, дополнително платил и за гориво што го искористил за лични цели.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсен кумановец: возел со 2,05 промили алкохол во крвта

Вчера во 21.20 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово го лишиле од слобода 51-годишниот В.К. од Куманово.
При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,05 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Црна хроника
Вработените користеле неисправни и нерегистрирани возила: кривична против директор на јавно претпријатие во Делчево

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево, до Основното јавно обвинителство Делчево поднесе кривична пријава против С.С.(60) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 и „несовесно работење во службата“ по член 353-в, а во врска со член 45 од Кривичниот законик.
Пријавениот, директор во ЈКП „Брегалница“-Делчево, во периодот од 31.07.2024 до 24.03.2025, иако знаел и бил должен да знае, во повеќе наврати дозволил вработени да управуваат службени моторни возила кои не биле технички исправни и не биле регистрирани.
При извршени контроли, од полициски службеници од ОВР Делчево е констатирано дека возилата не биле регистрирани подолг период и биле издадени неколку прекршочни платни налози со вкупен износ од 50.909 денари, кој бил платен од пријавениот.
На тој начин, С.С. нанел штета на јавното претпријатие за наведената сума од 50.909 денари.
Црна хроника
Граната од Втората светска војна пронајдена во Бардовци

Вчера околу 13 часот во СВР Скопје е пријавено дека при вршење на градежни работи во с.Бардовци, скопско, била пронајдена стара експлозивна направа.
Полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото, а била известена и Дирекцијата за заштита и спасување и било констатирано дека станува збор за граната која најверојатно потекнува од Втората светска војна.
Гранатата ќе биде безбедно подигната од страна на Дирекцијата за заштита и спасување.