Свет
(Видео) Експлозија во град во Тексас, има повредени; Полицијата: Избегнувајте го центарот на градот

Голема експлозија била пријавена во центарот на градот Форт Ворт во американската сојузна држава Тексас. Експлозијата се случила вчера во попладневните часови по локално време.
JUST IN: Mass casualty event declared in Forth Worth, Texas at The Sandman Signature Hotel after MASSIVE explosion.
POLICE: “We are currently working a Major Incident. Please avoid the downtown area…”pic.twitter.com/t0gr1eka8D
— Our Country Our Choice (@OCOCReport) January 8, 2024
Повеќе од 20 лица се повредени во експлозијата во хотелот „Сендмен сигначр“, соопштија службите за итни случаи.
Од повредените едно лице е во критична состојба, двајца се тешко повредени, а другите полесно. Портпаролот на градската управа на Форт Ворт, Рејн Телес, изјави дека експлозијата се случила во центарот на градот и дека над облакодерот е забележан облак од густ чад, пишува Си-ен-ен.
🚨Explosion at the Sandman Signature Hotel in ForthWorth Texas.🚨
Multiple injuries reported.
Video of the scene
— The Breaking Report (@TheBreakingRprt) January 8, 2024
Телес рече дека остатоците биле расфрлани околу областа на градското собрание.
We are currently working a Major Incident. Please avoid the downtown area.
PIOs are on scene.
We will share more details as soon as we can confirm more information. pic.twitter.com/oI7DxKO7eR— Fort Worth Police (@fortworthpd) January 8, 2024
„Во моментот работиме на голем инцидент. Избегнувајте го центарот на градот“, објави полицискиот оддел на Форт Ворт на X.
Полицијата соопшти дека ќе објави детали за инцидентот кога ќе има повеќе информации.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Инциденти по протестот во Белград: Петпати фрлија солзавец, но луѓето бришат солзи и не се откажуваат, летаат јајца и шишиња по полицијата

Голема толпа народ не се повлекува од улиците на Белград иако студентскиот протест, преку кој испратија порака за предвремени парламентарни избори, заврши. Полициски кордони има насекаде и се обидуваат да ја потиснат масата луѓе. Граѓаните на многу места фрлаат со шишиња, лименки, камења и јајца по полицијата, се жалат дека се чувствува солзавец во воздухот, но велат дека нема да се откажат.
„Бевме пред кордонот полиција, во првиот ред. Петпати фрлија солзавец, но луѓето бришат солзи и не се откажуваат. Доста е страв, нема понатаму. Ова е нивен крај, не наш. Остануваме до крај“, вели за српската телевизија „Н1“ студентка која на протестот е со мајка си и не сака да си замине.
„Спуштете ги штитовите“ извикуваат граѓаните и не сакат да отстапат. Ставаат маски на лицата и пренесуваат повик „да не се откажуваме, се додека сме мирни, ништо не можат“.
Студентскиот протест на кој беа пренесени пораките за предвремени избори заврши мирно, а инцидентите почнаа во моментот кога студентите ги соблекоа елеците.
Регион
(Видео) Студентите на протестот во Белград ќе развеат знаме „какво што не се очекува“

Студентскиот протест во Белград почна со огромен број луѓе кои се уште се слеваат кон плоштадот Славија. Студентите за вечерва најавија дека ќе развеат знаме „какво што досега не е видено“. Откога почна протестот тие на социјалните мрежи објавија кусо видео од последните подготовки за изнесување големо знаме на улица со најава дека „тоа ќе биде знаме кое не сте го очекувале“.
Biće to zastava koju niste ocekivali pic.twitter.com/qeFNGlGmHD
— Žaklina Tatalović (@zaklina_prva) June 28, 2025
Протестот е предвидено да заврши во 21 часот кога истекува рокот кој студентите го дадоа на власта за распуштање на Народното собрание распишување предвремени парламентарни избори како и растурање на протестот во Пионерскиот парк каде некои студенти на контрапротест три месеци кампуваат и бараат продолжување на универзитетската година. За се што ќе се случува по 21 часот, студентите кажаа дека не се надлежни, а претседателот на Србија, Александар Вучиќ, попладнево рече дека очекува насилство, токму во периодот од 21 до 22 часот.
Регион
Плоштадот Славија во Белград се преполни, реки луѓе доаѓаат од сите страни на видовденски протест

Под слоганот „Се гледаме на „Видовден“ попладнево плоштадот Славија во Белград, Србија се преполни луѓе. Српските медиуми јавуваат дека реки народ се уште доаѓаат кон плоштадот од сите страни на државата.
Студентите, поддржани од огромен број граѓани имаат две барања од властите. Првото барање е распуштање на Народното собрание и распишување предвремени парламентарни избори до 21 часот денес, а второто барање е да прекине протестот на некои од студентите кои бараат продолжување на универзитетската година и три месеци кампуваат во Пионерскиот парк во центарот на Белград.
Студентите кои го организираат протестот најавија дека тој ќе трае три часа, треба да заврши во 21 часот и се огласија за ненадлежни за се што ќе се случува по 21 часот.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес изјави дека очекува насилство на протестот кое ќе почне меѓу 21 и 22 часот.