Спорт
Тајгер Вудс останува без спонзор: објавено е прекинување на соработката по речиси 30 години

Американскиот професионален играч на голф, Тајгер Вудс, и компанијата „Најки“ објавија крај на соработката по повеќе од 27 години.
Во објавата на социјалните мрежи, Вудс му се заблагодари на коосновачот на компанијата, Фил Најт, за неговата „страст и визија“.
— Tiger Woods (@TigerWoods) January 8, 2024
„Пред повеќе од 27 години имав среќа да почнам партнерство со еден од најпознатите брендови во светот. Тие денови беа исполнети со толку многу неверојатни моменти и спомени, ако почнам да ги именувам, тоа може да потрае засекогаш“, објави голферот на платформата „Икс“ („Твитер“).
„Луѓето ќе прашаат дали има друго поглавје. Да, дефинитивно, ќе има уште едно поглавје. Се гледаме во ЛА!“, напиша Вудс во својата објава.
Производителот на спортска опрема објави и фотографии на социјалните мрежи.
View this post on Instagram
„Тоа беше пеколна рунда, Тајгер. Ги предизвикавте вашата конкуренција, стереотипите, конвенциите, старите училишни начини на размислување. Ја предизвикавте целата институција голф. Нè предизвикавте. И најмногу себе си. И ние сме благодарни за тој предизвик“, додаваат од компанијата.
Вудс освои 15 големи првенства (како грен слемовите во тенис) и ги освои сите носејќи црвена кошула со логото на „Најки“ на предната страна.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Ван Дајк херој на Ливерпул, Баерн пресилен за Челзи, ПСЖ рутински со Аталанта

Во одличен натпревар од првото коло на Лигата на шампионите, фудбалерите на Ливерпул го победија Атлетико Мадрид со 3:2 со голот на Вирџил ван Дајт во 92.минута. Во уште едно дерби, Баерн беше подобар од Челзи со 3:1, додека ПСЖ и Интер исто така победија против Аталанта односно Ајакс.
Атлетико минута го делеше од бод на „Енфилд“, иако имаше два гола негатива на од шестата минута. Шампионот на Англија го започна натпреварот фуриозно и со среќниот гол на Робертсон, а потоа и на Салах имаше водство од 2:0.
Дека Атлетико нема да се предеда најави Љоренте во третата минута од надополнувањето на времето во првиот дел. Истиот играч во 83.минута изедначи на 2:2.
До до 92-та минута тимот на Диего Симеоне имаше бод во џеб. Сепак, Ван Дајк, со одлично скона по корнерот на Доминик Собослај и го постави конечниот резултат.
Додека домашните го славеа голот тренерот на Атлетико Диего Симеоне, доби црвен картон поради конфликт со навивачите на Ливерпул.
Преостанатите три натпревари одиграни вечерва не беа толку интересни, особено не оној во кој бранителот на титулата ПСЖ ја победи Аталанта со 4:0.
Мркињос и Кварацхелија во првото полувреме, и Мендес и Рамос во второто полувреме, ја погодија мрежата на тимот од Бергамо.
Баерн покажа класа против Челзи, а два од трите гола во победата од 3:1 ги постигна Хари Кејн. Капитенот на англиската репрезентација беше особено мотивиран против поранешниот градски ривал и со овие два стигна до бројката од десет гола во дуелите со „сините“.
Во 27-та минута, Баварците имаа предност од два гола благодарение на автоголот на Чалоба и голот на Кејн, а Палмер им донесе надеж на гостите кратко откако германскиот гигант го дуплираше водството.
Сепак, резултатот не се промени сè до 63-та минута кога Кејн стави точка на натпреварот на „Алијанц Арена“.
Маркус Тирам се погрижи Интер да забележи рутинска победа во Амстердам. Францускиот напаѓач постигна два гола во рок од пет минути (42-та и 47-та).
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Пафос освои бод кај Олимпијакос, Бодо/Глимт се врати од 2:0 против Славија

Вчера деботантите Карабаг и Унион Сен Жилоа забележаа сензационални победи во Лисабон над Бенфика, односно во Ајндховен над ПСВ, а и вечерва клубвите што прв пат играат во Лигата на шампионите имаа успешни настапи. Пафос одигра 0:0 против Олимпијакос во Атина, а Бодо/Глимт во Прага се врати по минусот од два гола и одигра 2:2 со Славија.
Спорт
Одбраната на трофејот во Купот Вардар ќе ја почне против Новаци
Фудбалскиот клуб Вардар одбраната на титулата во Купот на Македонија ќе ја започне на домашен терен против Новаци.
Во Куќата на фудбалот со ждрепка беа одредни осминафиналните двојки. Се игра еден натпревар, а термините се 24.09.2025 и 29.10.2025.
Осминафинални двојки во Купот на Македонија:
Македонија ЃП – Струга Трим Лум
Охрид Лихнидос – Шкупи 1927
Вардар – Новаци
Башкими 1947 – Силекс
Шкендија – Тиквеш
Работнички – Брегалница 2008
Шкендија Арачиново – Пелистер
Беласица – Детонит Плачковица