Македонија
„Во Македонија мафијашките пресметки се секојдневие, за ниеден случај нема разрешница“, вели ВМРО-ДПМНЕ
„Во Македонија, само минатата година, се случија куп мафијашки пресметки и криминални дејства од најлош тип, како на улиците во Скопје така во државата, а за ниеден од тие случаи нема разрешница од страна на неспособниот Спасовски“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„Пукотниците среде Скопје, во Шиша Бар, каде криминалното подземје ги решаваше своите сметки, заврши со мртви и повредени, но полицијата на Оливер Спасовски, нема мрднато со прст во истрагата, а тоа само посочува на тоа дека, тука се вмешани луѓе, кои биле поддржувачи од страна на власта, каде јавноста можеше тоа да го увиди, од многуте фотографии, каде овие криминалци, се сликале со високи функционери на ДУИ и СДС.
Се случи и пукање во најголемиот трговски центар во Скопје, Ист Гејт Мол, каде во сред бел ден, повторно се случи пресметка со пукање и повредени, меѓу криминалното подземје во Македонија, а ни во овој случај, се уште нема разрешница, ни уапсени луѓе.
Во случајот со грозоморното убиство на Вања и Панче, се увиде дека полицијата можела и морала да го спречи ова двојно убиство, додека возилото на убиениот Панче се возело со денови низ скопските улици, па со истото возило, убијците да ја киднапираат Вања и потоа да ја убијат. Спасовски ја лажеше целата јавност пред камери, дека возилото не било користено во тие денови, што се потврди како голема лага. Јавноста до ден денес нема одговор.
Се случи и упадот во М-НАВ, каде партиска војска на ДУИ влезе и нападна контролори на летање, додека авиони летаа над македонското небо, а дел чекаа и зелено светло за слетување. Овој случај Спасовски го сфати сериозно откако цел народ стана на нозе барајќи одговори, но заврши со бегство на четворица напаѓачи, а другите четворица, место притвор, беа пуштени дома.
Ова лудило веќе мора да престане, на оваа криминална и неспособна власт ќе ѝ пресудат граѓаните на следните избори. Никогаш не било полошо! Важно е да ги поразиме!“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Студени утра, посвежи денови: променливо облачно време со сончеви периоди
Времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во западните делови ќе дува умерен западен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -3, а максималната ќе достигне од 0 до 7 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 3 степени.
До крајот на седмицата ќе се задржи стабилно и суво време. Од среда по котлините ќе има услови за појава на магла, а температурата ќе биде во благ пораст.
Македонија
Без струја делови од Аеродром и Сопиште
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, на ден 13.01.2025 година ( вторник ) без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Ѓорѓи Андреевиќ Кун. (општина Аеродром)
· од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од ул. 23 Село Сопиште (со сите подулички). (општина Сопиште).
Фото: pexels
Македонија
18-годишникот кој усмрти жена во Капиштец избега од државата, МВР распиша потерница
Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 18-годишникот кој прегази жена во Скопје и избега од местото на настанот. Според најновите информации, тој избегал и од државата.
„Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по Саитов Саит (18) од Скопје од татко Берти и мајка Ганимете од Скопје. Лицето е барано по централна и меѓународна потерница по барање на ОЈО Скопје за кривично дело по член 300 од Кривичниот законик“, соопшти МВР.
Според истрагата, на 9 јануари, Саитов со „фолксваген пасат“ се движел по улицата „Народен фронт“ без да поседува важечка возачка дозвола. Тој се движел со неприспособена брзина и извршил непрописно поместување во левата коловозна лента, по што со возилото удрил во пешакот 79-годишната Љуба Јаковлеска. По несреќата, тој избегал.
фото/МВР

