Македонија
„Вевчанскиот карневал е нешто на што Македонците се гордеат“, рече Џамбазов и со министерката за култура го најави почетокот на фестивалот

Игор Џамбазов на прес-конфенренција рече дека Вевчански откарневал е нешто на што Македонците се гордеат и заедно со министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, го најаваи почетоткот на фестивалот.
„Најкреативните луѓе во Македонија, вевчанците, знаат да направат шега и смеа. Вевчанскиот карневал е бренд што не смее да се одбие. Драго ми е што Министерството за култура е голем подржувач на Вевчанскиот карневал. Јас одвај го чекам почетоткот на самиот карневал и посакувам едно успешно издание“, рече Џамбазов.
Официјалниот почеток на фестивалот ќе биде на 13 јануари. Според програмата, в петок ќе настапат Dj Ampov, Younge Daddy, Best od Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, како и „Нокаут“, а в сабота најпрвин ќе настапат Akustik band live, Наум Петрески, оркестарот со зурли и тапани „Вевчани“ и Перо Бели и Коки од „Биоритам“.
„Благодарност до Министерството за култура, кога ќе видите што ќе направиме оваа година, ќе сакате и повеќе да ви дадеме наредната година“, додаде Џамбазов.
Како што соопшти министерката, склучен е договор за финансирање на фестивалот од 3 милиони денари и сумата е префрлена на сметката на Општината пред почетокот на карневалот.
„Вевчанскиот карневал е нематеријално културно наследство“, додаде министерката Стојчевска.
Градоначалникот на Вевчани, Спасе Кочовски, потенцира дека Вевчанскиот карневал е име и бренд,и дека треба да биде гордост за секоја власт и за секој министер.
„Имаме гости од цела Европа, новинари се присутни секоја година. Има докази дека карневалот се одржувал онолку колку што е старо и Вевчани. Карневалите тогаш се одржувале бидејќи луѓето на тој начин одговарале на природните непогоди што ги наоѓале – суша, глад, болести. Со текот на времето се формирала администрација, се формирала држава и сега Вевчани е место каде што сите функционери и политичари, оние што цела година правеле негативни работи, може да се видат на карневалот, без навреда. Вевчанскиот карневал нуди хумор и сатира“, додаде Кочовски на прес-конференцијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Забрана за тешки товарни возила на неколку патни правци

Од 19:45 часот на магистралниот пат Маврово – Дебар воведена е забрана за тешки товарни возила поради задржување на снег на коловоз, извести АМСМ.
Од 19.55 часот воведена е забрана за тешки товарни возила и за патниот правец Гостивар – Стража, додаваат од АМСМ.
Македонија
Посебен сообраќаен режим утре во Скопје

Од утре петок до сабота, во официјална посета на Р.С.Македонија ќе присуствува претседателот на Владата на Република Србија, Ѓуро Мацут.
Од тие причини Едницата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај на подрачјето на град Скопје.
МВР апелира до граѓаните да се почитуваат наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници.
Македонија
Судијата за врски на Франција за балканскиот регион во посета на Јавното обвинителство

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски денеска се сретна со францускиот амбасадор Кристоф Ле Риголер, на средба за претставување на новоназначениот судија за врски на Република Франција за регионот Сирил Лакомб.
Тој е еден од вкупно 20 судии за врски на Франција во светот, а од државниот обвинител Коцевски се информираше директно за состојбите во обвинителството. Притоа, судијата за врски Лакомб понуди поддршка со оперативна и техничка помош, но и експертиза преку француските правосудни органи.
Бидејќи и самиот бил јавен обвинител и лице за врски на Република Франција со Европравда, Лакомб се интересираше и за постапката за делегирање на обвинителот за врски на Република Северна Македонија во оваа меѓународна институција.
Јавниот обвинител Коцевски, од своја страна, изрази благодарност за континуираната француска поддршка за работата на Јавното обвинителство.