Свет
(Видео) САД и Британија почнаа жестоки напади врз цели поврзани со Хутите

Соединетите Американски Држави и Велика Британија почнаа тешки напади врз цели поврзани со Хутите во Јемен. Четворица американски претставници ги потврдија нападите за „Ројтерс“. Американската и британската војска бомбардираат локации што ги користат Хутите во Јемен и неколку јеменски градови се погодени.
Тоа е масовен одмазднички напад против таа милитантна група поддржана од Иран. Ова е првпат САД и Велика Британија да почнат напади против групата откако таа почна да таргетира меѓународни бродови во Црвеното Море кон крајот на минатата година. Згора на тоа, се верува дека ова се првите напади што Соединетите Американски Држави ги извршиле против Хутите во Јемен од 2016 година.
Официјалните лица, кои зборуваа под услов да останат анонимни, рекоа дека набргу се очекува официјално соопштение со детали за нападите. Но, открија дека нападите биле извршени со авиони, бродови и подморници, дека Австралија, Канада, Бахреин и Холандија дале поддршка за операцијата и дека повеќе од десетина локации биле цел.
#BREAKING: Second wave of the airstrikes and cruise missile strikes against #Houthi rebels of #Iran in #Yemen has now been launched by the #US & #UK. This video shows massive explosions at #Saada during the first round of airstrikes just a few minutes ago. pic.twitter.com/45n5acQeYX
— Babak Taghvaee – The Crisis Watch (@BabakTaghvaee1) January 12, 2024
Американските власти, цитирани од „Асошиетед прес“, зборуваа за масовен напад со помош на крстосувачки ракети „Томахавк“ и борбени авиони лансирани од воени бродови. Целите вклучуваат логистички центри, системи за противвоздушна одбрана и складишта за оружје, рекоа тие.
Официјален претставник на Хутите ги потврди нападите во Јемен
Официјален претставник на Хутите поддржани од Иран потврди на „Икс“, поранешен „Твитер“, дека нападите биле извршени во Јемен.
„Американско-ционистичко-британската агресија против Јемен почна неколку напади врз главниот град Сана, провинцијата Худајда, Саада и Дамар“, објави функционерот на Хутите, Абдул Кадер ал-Мортада.
BREAKING:
First videos of the U.S. airstrikes against the Houthis in Yemenpic.twitter.com/hTvyip6utt
— The Random Guy (@RandomTheGuy_) January 12, 2024
Телевизискиот канал „Ал-Масира“, управуван од Хутите, на „Телеграм“ ги објави локациите на нападите предводени од САД.
Мрежата соопшти дека имало напади врз главниот град Сана вклучувајќи ја и воздухопловната база Ал Дулаими, во близина на меѓународниот аеродром во земјата. Други цели вклучувале камп источно од градот Саада, локации околу аеродромот „Худајда“, меѓународниот аеродром „Таиз“ и крајбрежната област Абс.
„САД и Британија ќе платат висока цена“
Заменик-министерот за надворешни работи, Хусаин Хусеин ал-Изи, даде изјава за јеменскиот ТВ-канал „Ал-Масира“.
Рече дека САД и Велика Британија „ќе платат висока цена“ за „оваа бесрамна агресија“.
Нови експлозии во главниот град на Јемен
Претходно, претставник на Хутите изјави дека во Сана се случуваат „непријателски напади“, пренесе „Ројтерс“. Поголеми удари беа забележани и во пристаништето Худајда, упориштето на Хутите во Црвеното Море.
Јеменскиот хонорарен новинар Али ал-Сакани исто така ги потврди нападите. На мрежата „Икс“ тој напиша: „Воздушни напади врз позициите на Хутите во провинциите Сана, Саада, Дамар и Худаида, ми кажаа локалните жители“.
❗️🇾🇪 W operacji na cele Huti w Jemenie bierze udział udział 6 państw:
🇬🇧 Wielka Brytania
🇺🇸 USA
🇦🇺 Australia
🇳🇱 Holandia
🇧🇭 Bahrajn
🇨🇦 Kanada pic.twitter.com/Bbl7pObLWA— Dominik Serwacki 🇵🇱 ✍️ 🌍 (@DominikSerwacki) January 12, 2024
Новинарите на АП во Сана слушнале четири експлозии, но не виделе борбени авиони. Двајца жители на Худајд изјавија дека слушнале пет силни експлозии.
Хутите ги напаѓаат бродските рути во Црвеното Море речиси два месеца
Хутите, кои контролираат голем дел од Јемен, ги таргетираат бродските рути во Црвеното Море за да покажат поддршка за Хамас, палестинската исламистичка група. Во исто време, нападите ја прекинаа меѓународната трговија на клучната рута меѓу Европа и Азија, која сочинува околу 15 отсто од светскиот бродски сообраќај. Повеќе бродски линии престанаа да пловат на Црвеното Море и, наместо тоа тргнаа на подолго патување околу Африка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Русија: Сведоци сме на враќање на нацизмот на Западот

Сведоци сме на враќање на нацизмот на Западот, а Русија сама води борба против целиот тој регион, тврди рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, пренесува „Њузвик“.
„Досега – дури и за време на Студената војна – постоеше дијалог, што им овозможуваше на спротивставените блокови подобро да ги разберат намерите на другата страна, со главна цел да се спречи голема војна“, изјави Лавров на Националниот образовен младински форум Terra Scientia, пренесе руската државна новинска агенција ТАСС.
„Меѓутоа, Европа го изгуби тој инстинкт, а исто така, вакцината против нацизмот почна да слабее.“
Рускиот претседател Владимир Путин повеќепати го наведуваше наводниот неонацизам во Украина како една од причините за напдот врз земјата во февруари 2022 година, кој сè уште трае.
„Силите кои во минатото сакаа да ја уништат Русија повторно се раѓаат во Европа и сега за своја ударна точка ја избраа Украина, безрезервно одобрувајќи сè што таа прави“, рече рускиот министер за надворешни работи.
Тој додаде дека овој конфликт се разликува од Првата и Втората светска војна затоа што Русија „нема сојузници на бојното поле“. „Мораме да се потпреме на себе и нема место за слабост“, нагласи Лавров. „Мислам дека секој ден можеме да видиме како Европејците навистина сакаат да ја поразат Русија“, додаде тој.
Трамп вчера изјави дека ќе го скрати 50-дневниот рок што претходно ѝ го даде на Русија за постигнување прекин на огнот, во спротивно ќе се соочи со санкции.
„Многу сум разочаран. Разочаран сум од претседателот Путин. Многу разочаран. Така што, ќе мораме нешто да преземеме и ќе го скратам тој рок од 50 дена што му го дадов“, изјави Трамп пред новинарите.
„Едноставно не гледаме никаков напредок“, изјави Трамп вчера и нагласи дека планира да воведе санкции кон Русија за околу 10 или 12 дена.
Свет
Крвава расправија за паркинг во Атланта: Еден загинат, десет ранети

Едно лице е убиено, а десет се ранети во пукање што се случило рано во понеделникот во Атланта, потврди локалната полиција. До престрелката дошло во популарна четврт позната по ноќниот живот, а инцидентот се случил по викенд обележан со бран вооружено насилство.
Полицијата примила дојава за пукање околу 1:30 по полноќ на улицата Еџвуд, во четвртта Свиит Оборн. На местото на настанот биле затекнати 11 застрелани лица, од кои едно, 27-годишен маж, починало на самото место. Неговиот идентитет сè уште не е објавен. Останатите жртви, на возраст од 18 до 29 години, биле пренесени во болница.
Според зборовите на шефот на полицијата, Дарин Ширбаум, еден 18-годишник е во критична состојба, а уште едно лице било оперирано. Се верува дека трагичниот настан бил предизвикан од бизарна расправија околу паркинг место. Полицијата интензивно трага по тројца мажи и една жена, за кои се сомнева дека го започнале конфликтот, и ги повикува граѓаните да споделат корисни информации.
На местото на инцидентот било пронајдено огнено оружје и 34 чаури. Иако точниот мотив сè уште се утврдува, полицијата засега не се сомнева на поврзаност со банди и верува дека поголемиот дел од жртвите биле случајни минувачи.
Ширбаум истакна дека овој инцидент е дел од црн викенд кој го зафати градот, во кој во 12 насилни инциденти биле повредени вкупно 29 лица, а две починале. Останатите инциденти вклучувале семејно насилство и конфликти поради блокирање на возила.
Регион
(Видео) Турист падна во базен откако му се откопча падобранот за време на парасејлинг во Црна Гора

Турист доживеа опасен инцидент за време на парасејлинг во Бечичи, откако поради силен ветер му се откопча падобранот.
Снимка од инцидентот кој можел да заврши трагично беше објавена на популарната страница Подгорички времеплов, со опис:
„Туристот имал многу среќа што поминал без повреди. Имено, станува збор за странски државјанин кој во Бечичи останал неповреден кога поради силен ветер се откопчал падобранот што го влечел глисер. Туристот паднал во базен. Станува збор за адреналинскиот спорт парасејлинг.“
View this post on Instagram
Полицијата, според досегашните информации, не добила пријава за овој инцидент.