Македонија
(Видео) Спасовски и Меклејн од Вашингтон: Одличната соработка ја негуваме и постојано работиме на нејзино унапредување
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, оствари средба со конгресменката Лиза Меклејн, која е копретседавач со Конгресниот кокус за Македонија и за Американците со македонско потекло.
Изразувајќи благодарност кон конгресменката Меклејн, во свое и во име на Владата на Република Северна Македонија, министерот Спасовски ги потенцира придобивките од заложбите на Конгресниот кокус за Македонија.
„Можам да констатирам дека Американците со македонско потекло успешно се вклопија во американското општествено живеење и учествуваат на рамноправна основа во граѓанските и верските слободи, како и во заштитата на основните човекови права, што ги направи значајни актери во американската заедница“, рече Спасовски додавајќи дека овој модел го следи и Република Северна Македонија.
„Република Северна Македонија се стреми да го усвои и подобри овој модел работејќи кон создавање општество во кое секој има еднакви можности и шанси за успех. Со гордост можеме да кажеме дека оваа двонасочна културна и општествена размена го збогатува и подобрува искуството на животот како во Република Северна Македонија така и во Соединетите Американски Држави создавајќи мостови на разбирање и соработка, кои ја надминуваат географската дистанца и ги обединуваат заедниците во заеднички цели и вредности“, рече Спасовски.
Министерот Спасовски во оваа пригода побара поддршка за процесот на визна либерализација за Република Северна Македонија и за усвојување на нацрт-законот за демократија и просперитет на Западен Балкан.

Конгресменката Меклејн изрази особено задоволство за денешната средба потенцирајќи ги во оваа пригода одличната соработка и релациите со македонската заедница во САД, која се негува и опстојува со еден заемен однос на почит и соработка. На предложените иницијативи за поддршка од страна на министерот Спасовски, Меклејн истакна дека со задоволство ни стои на располагање да помогне во зајакнување и унапредување на соработката помеѓу нашите две пријателски земји.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на ГП „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 15:00 часот е нормализиран во двата правци, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.
Македонија
Утре сончево време со температура до 15 степени
Утре во утринските часови ќе има појава на магла по котлините. Во текот на денот ќе биде претежно сончево и тивко, освен во југоисточните делови каде ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на слаба магла. Во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 11 степени.
До крајот на неделата нашата држава ќе биде под влијание на висок воздушен притисок кој ќе услови стабилно и релативно топло време. По одделни котлини во претпладневните и ноќните часови ќе има појава на магла.
Македонија
(Фото) Колони возила чекаат влез во Македонија преку „Дојран“, „Богородица“ е затворен
Колони возила чекаат на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.
На ГП „Ники“ (Меџитлија) сообраќајот е блокиран само за товарни возила и автобуси, информира АМСМ.
Според најновата информација од АМСМ, сообраќајот на ГП „Богородица“ (ГП Евзони) од 15 часот е нормализиран во двата правци.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.

„Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничниот премин Дојран, времето на чекање за излез од државата изнесува 30 минути. На граничниот премин Табановце, времето на чекање за излез од државата изнесува 40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата“, информира АМСМ.

