Македонија
Маричиќ: Добредојде за премиерот на Ирска, Лео Варадкар
Вицепремиерот Бојан Маричиќ денес го пречека премиерот на Ирска, Лео Варадкар, кој е во официјална посета на земјата.
„Денес, му посакав добредојде во Скопје на премиерот на Ирска, Лео Варадкар“, рече Маричиќ.
Варадкар е во посета на Северна Македонија, која е дел од посетите на трите земји кандидати за членство во ЕУ од регионот.
Неговата посета на Западен Балкан доаѓа во време кога продолжуваат преговорите за проширување на ЕУ.
Маричиќ оценува дека посетата е позитивен сигнал за европската перспектива на регионот и државата.
На билатералните средби со премиерот Варадкар ќе разговараат за локалните и регионалните безбедносни прашања, како и за процесите што се во тек за членство во ЕУ.
Тема на разговор ќе бидат реформите потребни за влез во ЕУ, предизвиците на Западен Балкан, војните во Украина и во Газа, како и споделувањето на искуството и знаењето за тоа како побргу да стасаме до Европската Унија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Времето денес променливо облачно со сончеви периоди
Времето денес ќе биде променливо облачно време со сончеви периоди и со локална појава на пороен дожд и грмежи.
Наместа процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (поголема количина за кратко време), силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени. УВ=7
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 31 степен, јавува УХМР.
Во наредните денови се очекува сончево и топло време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер, во вторник од западен, а потоа од северен правец. Во попладневните часови ќе има услови за ретка појава на пороен дожд и грмежи.
Македонија
Делови од Радишани и Волково без струја
ЕВН Македонија АД извести дека н 3 јуни ( понеделник ) без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од Волково лоцирани на потегот од кружниот тек кон село Кучково. (општина Ѓорче Петров )
– во периодот од 11.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. Ѓоре Ѓоревски, лоцирани на третиот влез во населба Радишани. (општина Бутел )
Македонија
„Простор за разговор“ во Охрид
Вечерва со почеток во 20 часот, ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување во соработка со Интерарт културниот центар организира настан „Простор за разговор“ во Младинскиот центар во Охрид, за зајакнување на родовата еднаквост.
Настанот е дел од проектот „Простор за разговор“ со кој преку уметност, танц, театар и филм сплотени во еден перформанс целта е да се зајакне чувството на припадност кон заедницата, да се искоренат стереотипите и да се зајакнат младите, маргинализираните и лицата во социјален ризик.
„Простор за разговор“ се состои од краток филм и танцов перформанс, кои претставуваат уметничка рефлексија на темата и ќе бидат изведени од танчерите на Скопје танцовиот театар. По перформансот ќе има разговор на темата за родова еднаквост со публиката, со цел справување на проблемите на младите. Поканети се социолози, активисти и психолози, кои ќе говорат за тоа, каде сме и што треба понатаму да направиме во однос на социјалната положба и родовата еднаквост.
На 4. јуни (вторник) настанoт се одржува во Струга во Домот на културата во 12 часот, со што завршуваат низата перформанси што се одржаа изминатите 10 дена во шест градови низ државата.
Проектот „Простор за разговор“ е поддржан од Германија преку Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ) во рамки на регионалниот проект за социјално вклучување на ранливи групи во Западен Балкан.