Црна хроника
Казнети 119 возачи во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 119 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 16 санкции, 14 санкции за управување под дејство на алкохол, осум мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за користење мобилен телефон при возење, четири мерки за минуваље на затворен сигнал – црвено светло…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, велат од МВР.
Полицијата апелира до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Граната од Втората светска војна пронајдена во Бардовци

Вчера околу 13 часот во СВР Скопје е пријавено дека при вршење на градежни работи во с.Бардовци, скопско, била пронајдена стара експлозивна направа.
Полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото, а била известена и Дирекцијата за заштита и спасување и било констатирано дека станува збор за граната која најверојатно потекнува од Втората светска војна.
Гранатата ќе биде безбедно подигната од страна на Дирекцијата за заштита и спасување.
Црна хроника
Тешка сообраќајна несреќа кај Блаце, едно лице загина

Едно лице загина во сообраќајна несреќа што се случила вчера на патот од село Горњане кон село Блаце.
Според информациите од МВР, вчера во 17.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на локалниот пат од с.Горњане кон с.Блаце, скопско, товарно возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.Ш.(46) од с.Желино, тетовско, излетало надвор од коловозот.
Од здобиените повреди на местото на настанот починал Б.Ш., а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција.
Црна хроника
Предизвикале пожар на градската депонија: уапсени две лица во Демир Хисар

Вчера во 13.30 часот полициски службеници од ОВР Демир Хисар ги лишиле од слобода С.Ф.(28) и А.С.(48), двајцата од Прилеп.
Тие се сомничат за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност” по член 288 од Кривичниот законик.
Имено осомничени се дека предизвикале пожар на градската депонија во Демир Хисар, а при преглед кај нив се пронајдени предмети со кои го предизвикале пожарот.
Според полицијата, по документирање на настанот, против нив ќе следува соодветна пријава.