Спорт
КК Црвена звезда го потврди доаѓањето на Смарт
Кошаркарскиот клуб Црвена звезда потврди нов играч на клубот стана Американецот Џавонте Смарт.
Смарт се карактеризира со извонреден шут од надворешните позиции и способност за постигнување голем број поени, силен е и брз и може да игра и како плејмејкер доколку е потребно.
Смарт, роден во 1999 година, висок е 194 сантиметри, на колеџот играше за ЛСУ, а по колеџот играше за Мајами, Милвоки и Филаделфија, како и за нивните тимови од Џи Лигата.
Токму од тимот на „Делавер Блу Коутс“, каде беше најдобар стрелец на тимот, пристигнува во Белград како засилување на црвено-белите.
Смарт потпиша договор со Црвена Звезда до крајот на сезоната со опција на клубот да го продолжи договорот на уште една сезона.
Црвена звезда мораше да ангажира нов играч поради повредите на Топиќ и Недовиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Фудбалерите се бесни поради новото натпреварување на ФИФА, подготвени се за штрајк
Професионалните фудбалери никогаш не биле поблиску до штрајк во услови на растечко незадоволство од раководните тела на фудбалот, особено од ФИФА и нејзиното обновено Светско клупско првенство, кое се споредува со Супер лигата, изјави во понеделникот шефот на синдикатот на играчи ФИФпро Европа.
Дејвид Териер разговараше за „Ројтерс“, откако ФИФпро Европа, асоцијацијата на европските лиги и шпанската Ла Лига ја обвинија ФИФА за злоупотреба и поднесоа заедничка жалба до антимонополските регулатори на Европската унија во врска со меѓународниот распоред на натпревари на глобалното раководно тело.
Териер рече дека само дијалогот помеѓу спортските чинители може да го спаси системот.
„Очигледно како синдикален лидер би требало да сонувам за штрајк бидејќи тоа ви дава поголема моќ, но јас сум многу посветен на концептот на социјален дијалог“, рече Териер.
„Би било сериозен неуспех да се достигне таа крајност, но таа крајност е се поблиску секој ден. Европската унија мора да ги потсети сите и да им каже дека мора да учествуваат во дијалогот во понеделник“.
ФИФпро Европа. Европските лиги и Ла Лига го нападнаа преполниот календар на натпревари на ФИФА, емитувајќи видеа од играчи, вклучително и капитенот на Франција, Килијан Мбапе, велејќи дека имаат премногу натпревари.
Фудбалерот на Манчестер сити, Родри ја отвори вратата за штрајк во септември, иако експерт за спортско право рече дека таков потег е малку веројатен во Премиер лигата.
„Дали ќе одиме до крај, да штрајкуваме? Играчите се подготвени и не можат да поднесат да не бидат слушнати или почитувани од ФИФА“, рече Териер.
„Се повеќе играчи ни кажуваат дека сакаат да организираат штрајк“, додаде тој, насочен кон Светското клупско првенство во САД. Европа ќе биде претставена со 12 клуба меѓу 32 клуба од 15 јуни до 13 јули 2025 година.
Териер го спореди настанот со обидот на 12 врвни клубови од Англија, Италија и Шпанија да основаат Супер лига во 2021 година, кој не успеа.
Спорт
(Видео) Албанија победи во Тбилиси, триумф на Словачка во Баку
Албанија ја победи Грузија во Тбилиси со 1:0 на стадионот „Микеил Мески“, во Б-дивизијата во Лигата на нации.
Грузија по две воведни победи доживеа втор пораз во низа, додека Албанија ја прекина серијата неуспеси.
Единствен стрелец на натпреварот беше Кристијан Аслани во 48. минута. Најпрво Туци одлично му асиситраше, а тој со удар од работ на шеснаесетникот ја смести топката во долниот лев агол од голот на Грузија.
По оваа победа Албанија се израмни на првото место на табелата со Грузија и Чешка кои имаат по шест бода.
Во следното коло Албанците ќе ја пречекаат Чешка, додека Грузија ја чека Украина.
Репрезентацијата на Словачка, цио Ц-дивизијата славеше на гостувањето против Азербејџан со 3:1.
Словаците со оваа победа го освоија десеттиот бод со што се искачија на лидерската позиција во групата 1, додека Азербејџан и по четвртото коло нема бодови.
Избраниците на Федерико Калцоне поведоа во 15. минута по автоголот на Рахил Мамадов. Домашните израмнија во 38. минута кога Бајрамов ја погоди мрежата на гостите.
Но, тука не завршија возбудувањата на овој натпревар, бидејќи Лукас Хараслин со својот гол во 75. минута им ја врати предноста на Словаците, која во 87.минута ја потврди Дурис.
Во следното коло, кое се игра во ноември, Словачка и гостува на Шведска, а Азербејџан ќе се обиде да ги освои првите бодови на гостувањето кај Естонија.
Спорт
„Алаба би можел да ја заврши кариерата“
Давид Алаба (32), се повреди пред една година, требаше да се врати на терените на крајот од овој месец, но според шпанските медиуми тоа нема да се случи. Според нив рехабилитацијата не оди според планиранот. „Релево“, откри дека враќањето на терените е одложено за три месеци, односно за јануари наредната година.
За разлика од тврдењата на „Реелво“, она што го објави „Онда Серо“ објави многу полоша вест.
„Постои страв дека Алаба нема да му се врати нао фудбалот. По секој тренинг чувствува силна болка бидејќи ‘рскавицата на коленото му е истрошена, поради што неговите коски потоа се тријат една со друга.
Алаба не игра за Реал од 17 декември минатата година. Тогаш на натпреварот против Виљареал ги скина предните вкрстени лигаменти на левото колено за што беше потребна операција и долга рехабилитација.
Ова се случува во најлошиот момент за Реал бидејќи, исто така, поради повреда на лигаментите, сезоната е завршена за Дани Карвахал, уште еден клучен дефанзивец.
Покрај тоа, Едер Милитао се уште е повреден, што значи дека Реал во втората четвртина од сезоната влегува сериозно ослабен во одбраната.
Алаба му се приклучи на Реал од Баерн без обештетување во летото 2021 година. Оттогаш, тој одигра 102 натпревари за Реал, постигна пет гола и забележа девет асистенции.