Македонија
ВМРО-ДПМНЕ реагира: Иста таква машина за бележење, за која обвинува СДС, набавила и Општина Струмица

„СДС брутално лаже за набавката на машините за бележење сообраќајници, одејќи со наратив дека е голема афера, а всушност станува збор за домаќинска набавка“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.
„СДС вели дека таквата машина можела да се набавки за (цитираме) „две до три илјади евра“.
Еве и да речеме дека е така, во прилог е линк на набавка на таква машина која ја направила општината Струмица каде градоначалник е Коста Костадинов од СДС. Таквата машина е набавена за сума од 15 илјади евра, или за 6 пати повисока од таа што тврди СДС дека може да се набави.
Оттука следствено на тоа ќе ги поставиме истите прашања кои ги поставува СДС.
Што и да кажат и лажат од клептоманската СДС, јасно е дека градоначалници на СДС се фатени со рацете во медот.
Наместо да се обидуваат да ја манипулираат јавноста, од СДС да кажат во чии џебови завршиле астрономските разлики“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Таткото на Вања: Во полицијата нѐ убедуваа дека се регрутирала за ИСИС и избегала во Шведска

Александар Ѓорчевски, таткото на убиената Вања Ѓорчевска кој е еден од осомничените за случајот денеска за првпат сведочеше во Основниот кривичен суд во Скопје.
Тој тврди дека нема инволвираност ни со случајот, ниту со обвинетите кои не ги познава, а и не може повеќе да ги гледа.
„Немам никаква инволвираност со овие луѓе од чии искази во текот на постапката забележавме дека не чувствуваат ниту вина, ниту се каат. Тие демонстрираат гнев и разочарување од ‘царот’“, рече тој, мислејќи на првообинетиот Љупчо Палевски – Палчо, кој бил запишан „царот“ во телефонот на обвинетот Кешишев.
На секое рочиште, сведочеше осомничениот татко, слушам што му правеле на моето дете. Кој имал задача да ја грабне и да ја врзе, ја трескале по гепеци, ја ставале по вреќи. Се обидувале да ги замачкаат доказите.
Рече дека од самиот почеток полицијата се сомневала во него. Тапкале во место, му покажувале слики од девојчиња, да потврдат дали тоа е Вања, ги убедувале дека не си го познаваат детето, дека Вања избегала со некој дечко накај Тетово, или решила да помине пат од 4 илјади километри до Шведска.
„Од комјутерот на Вања дознаа дека со другарче од платформата ‘Дискорт’ разменувале мислења и ги споредувале Библијата и Куранот, па нѐ убедуваа дека се регрутила наводно за ИСИС и отпатувала во Шведска. ИСИС, јас и не знам што е тоа. Еден од испекторите, Кире се викаше, зборуваше на дијалект од источна Македонија, на еден од долготрајните состаноци во полициска станица. Му се обратив со повисок тон, цитирам: ‘Киднапирана е Кире, киднапирана е’. Не е дека по своја волја скршнала од патот кон училиште“, сведочеше таткото.
Вели дека на состаноците во полицијата го правеле ретардиран во целата ситуација, а истрагата била водена во погрешна насока.
Македонија
Сомненија за шверц на златен накит вреден половина милион евра на скопскиот аеродром

Oбвинителството донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица, белгиски државјани, кои се осомничени дека како соизвршители сториле кривично дело шверцување.
Осомничените, маж и жена од Антверпен, на 6 април пристигнале во земјата со лет од Виена, па избегнувајќи ја царинската контрола на аеродромот, пренеле непријавени стоки – вкупно 209 парчиња златен накит со тежина од 1.711,1 грама и во вкупна вредност од 479.555 евра.
Откога ја поминале пасошката контрола на аеродромот во Скопје, осомничените поминале на зелениот канал, каде што поминуваат патници што немаат стока за пријавување, а второосомничениот при селекција од страна на царинскиот службеник бил упатен на преглед на личниот багаж на скенер, каде што било забележано дека двата куфера се наполнети со празни кутии за накит и други непријавени предмети. Тој појаснил дека патува со сопругата, која е првоосомничена, и дека таа ја поминала пасошката контрола. Нешто подоцна осомничената се вратила и при дополнителен царински преглед, во личниот багаж – ранецот, кој го носела, била пронајдена непријавената стока – златен накит, која ѝ била одземена.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за двајцата странски државјани осомничени за шверц на стока, која е во вредност од големи размери.
Македонија
29-годишниот Aлександар е 61. жртва на пожарот: имал 35 отсто изгореници од трет степен

Александар Гавриловски, роден на 7 март 1996 година, е 61. жртва на пожарот во кочанската дискотека „Пулс“.
Тој почина денес во 11 часот како еден од покритичните пациенти што се лекувале во Литванија.
Министерот Арбен Таравари изјави дека од 4 април му била влошена состојбата, а од вчера бил ставен на хемодијализа. На телото имал 35 отсто изгореници од трет степен, како и изгореници на дишните патишта.
Во моментот меѓу повредените што се лекувата има уште двајца критични пациенти, а нивната состојба е стабилна.
Александар е вториот пациент што почина во Литванија од 193-те повредени лица во пожарот.
Министерот Таравари изрази сочувство до семејството.
Во петокот минатата недела во Литванија почина и управителот на дискотеката „Пулс“, Александар Карадакоски. Министерот Таравари рече дека неговата состојба цело време била критична, на 1 април му откажале бубрезите, 36 отсто од телото му било со изгореници, а од вдишаниот пламен, дури 90 отсто од дишните патишта му биле изгорени.