Спорт
Хрватска без Мартиновиќ до крајот на ЕП
Хрватската ракометна репрезентација доживеа тежок удар пред продолжението на Европското првенство. Иван Мартиновиќ доживеа сериозна повреда и ќе мора да оди на операција.
Мартиновиќ, со осум гола беше најдобар поединец во историската победа на Хрватска над Шпанија од 39:29 во првото коло. Во втората рунда, во неочекуваното реми со Австрија 28:28, тој се повреди.
При резултат 21:20 за Хрватска, Мартиновиќ успеа да ја пробие австриската одбрана, при скокот врз него стартуваше еден австриски играч, тој падна и остана да лежи на теренот држејќи се за рамото.
Наместо него, во тимот, селекторот Горан Перковац, го приклучи Матео Мараш, членот на унгарска Татабања.
Во третото коло од групата Б, Хрватска во вторник од 18 часот ќе игра против најслабата селекција во групата Романија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Остон Ривс броеше до 51 – Лејкерси победија во Сакраменто
Лос Анџелес Лејкерс, без Леброн Џонс и Лука Дончиќ, славеа победа во Сакраменто со 127:120.
Во отсуство на двајцата најдобри играчи, блескаше Остин Ривс. Бекот на Лејкерси го одигра најдобриот меч во кариерата, за 39 минути забележа 51 поен, 11 скока и девет асистенции.
Ривс беше на едно додавање од тоа да стане 10-от играч во историјата на лигата што постигнал трипл-дабл со најмалку 50 поени. Та во кариерата им успеало на Никола Јокиќ, Лука Дончиќ, Карим Абдул-Џабар, Елгин Бејлор, Расел Вестбрук, Џејмс Харден, Вилт Чемберлен, Ричи Герин.
Ривс во Сакраменто голема помош доби од Деандре Ајтон со 22 поени и 15 скока и Руи Хачимура 18 поени.
Кај Сакраменто, Зак Лавин се истакна со 32 поени, ветеранот Демар Дерозан го заврши натпреварот со 21, Денис Шрудер имаше дабл-дабл (18 поени, 12 асистенции), 18 поени постигна и Расел Вестбрук.
Резултати:
Мајами Хит – Њујорк Никс 115:107
Вашингтон Визардс – Шарлот Хорнетс 113:139
Минесота Тимбервулвс – Индијана Пејсерс 114:110
Далас Маверикс – Торонто Репторс 139:129
Лос Анџелес Клиперс – Портланд Треилблејзерс 114:107
Сакраменто Кингс – Лос Анџелес Лејкерс 120:127
Спорт
ДАЗН: Не сака да биде заменет, Винисиус полуде на Алонсо
Реал Мадрид ја победи Барселона со 2:1 во десеттото коло од Ла Лига. Со триумфот во „Ел Класико“, се издвои на врвот со пет бода предност пред својот голем ривал и актуелен шампион на Шпанија.
Едно од најголемите дербија беше бурно за време и по натпреварот, а по натпреварот, кој беше добар, особено во првото полувреме, најмногу се зборува за Винисиус Жуниор.
Крилниот напаѓач на Реал полуде во 71-та минута кога тренерот Чаби Алонсо одлучи дека мора да ја напушти играта за да биде заменет од Родриго.
Лут поради измената Винисиус кога излезе од теренот не се поздрави со соиграчите и веднаш замина во соблекувалната, подоцна сепак се врати на клупата.
„ДAЗН“, тврди дека во моментот кога му станало јасно дека треба да го напушти теренот, Винисиус рекол: „Го напуштам тимот… Си одам, подобро да си одам!“
Винисиус ги одигра сите 13 натпревари за Реал оваа сезона, од кои 10 во стартната постава. Тој беше заменет седум пати и секој пат кога мораше да излее од теренот беше незадоволен, пишуваат Шпанците и додаваат „но никогаш вака“.
„Јас? Јас? Тренеру, тренеру!“, извика Бразилецот со раширени раце, барајќи објаснување“, пишува „ДАЗН“ и додава: „Додека „седумката“ на Реал удираше во гради, следеше неговата последна експлозија – јасно кажано „Е.и се!“
Чаби Алонсо, од своја страна, се обидел да ја смири ситуацијата: „Ајде, Вини, доста е“.
Истиот извор додава: „За да помогне во смирувањето на конфликтот, Луис Љопис, тренерот на голманите, морал да оди во соблекувалната и да разговара со Винисиус. Тој успеал да го смири и Бразилецот се вратил на клупата со своите соиграчи неколку минути подоцна.“
На прес-конференцијата, тренерот на Реал објави дека проблемот ќе биде решен во рамките на тимот, зад затворени врати.
Foto/ EPA
Спорт
Дуплантис и Бол најдобри во Европа за 2025 година
Холанѓанката Фемке Бол и Швеѓанецот Арманд Дуплантис се прогласени за најдобри атлетичари во Европа за 2025 година. Церемонијата на доделување награди се одржа во Батуми, Грузија, под покровителство на Европската атлетска федерација.
Ова е трет пат Бол и Дуплантис да ја освојат оваа престижна титула, а единствениот друг спортист кој ја освоил повеќе пати е Британецот Мохамед Фарах.
Арманд Дуплантис, кој повторно стана светски шампион во скок со стап оваа година, го сруши својот 14-ти светски рекорд, прескокнувајќи 6,30 метри. Овој исклучителен резултат е само потврда за неговата доминација во оваа дисциплина.
Од друга страна, Фемке Бол ја одбрани титулата светска шампионка во трките на 400 метри со пречки, што беше клучниот момент од нејзината извонредна сезона.
Наградата за „ѕвезда во подем“ им припадна на швајцарската атлетичарка Одри Веро и полскиот талент Хуберт Тросканк.

