Македонија
Бочварски – Дрекслер: Ја зголемуваме економската соработка меѓу двете земји

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, оствари работна средба со амбасадорката на Сојузна Република Германија во земјата, Петра Дрекслер.
Министерот Бочварски информира за силниот инвестициски циклус во инфрастурктурата со посебен осврт на проектите во патната и железничката инфраструктура и гасификацијата.
Тој на средбата истакна дека и Северна Македонија го либерализира железничкиот пазар, процес нотиран од страна на Европската комисија.
Исто така, на средбата се разговараше и за добрата поврзаност со Германија во делот на авиосообраќајот.
„Соработката помеѓу двете земји е на одлично ниво и таа несомнено треба да продолжи во сите области кои се од заемен интерес. Северна Македонија е посветена на евроинтеграциите, а поддршката од Германија е повеќе од добредојдена. Имаме одлични релации во авиосообраќајот и во делот на патниот транспорт, каде што минатата година го зголемивме контингентот на дозволи за македонските транспортери и тоа во делот на билатералните дозволи, транзитните дозволи и за и од трети земји“, истакна министерот Бочварски.
На средбата министерот Бочварски се заблагодари за силната поддршка на Германија за евроинтегративниот процес на Република Северна Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Дел од Центар денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:00 до 15:00 часот, корисниците на блокот згради од булеварот Партизански Одреди бр.17, кон улицата Максим Горки, општина Центар.
Македонија
Сончево со мала до умерена локална облачност, максималната температура до 20 степени

Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 18 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно време со сончеви периоди и со слаб до умерен јужен ветер. Во среда ќе има локални врнежи од дожд, а од четврток дневната температура ќе биде во пораст.
Македонија
Орце Ѓорѓиевски и Амар Мециновиќ одат во втор круг за градоначалник на Скопје, ВМРО-ДПМНЕ и Левица имаат најмногу гласови и во Советот

Кандидатите за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ и Левица, Орце Ѓорѓиевски и Амар Мециновиќ ќе се соочат во вториот круг од локалните избори што ќе се одржи на 2 ноември.
Според податоците на Државната изборна комисија, од пребројани 91 отсто од гласовите, во водство е Орце Ѓорѓиевски со 36,62 отсто, односно 82.155 гласови, а зад него е Мециновиќ со 13,35 проценти, односно 27.686 гласови.
Зад нив е Башким Бакиу од „Влен“ со 12,15 отсто, Каја Шукова од СДСМ со 11,52 отсто и Скендер Реџепи од ДУИ до 11 отсто од пребројаните гласови.
ВМРО-ДПМНЕ и Левица доминираат и во Советот на Град Скопје. Според официјалните податоци од ДИК, ВМРО-ДПМНЕ во Советот има 35,46 отсто од гласовите, а зад нив е Левица со 12,04 проценти.