Спорт
ФИФА ги прогласи најдобрите, Меси пред Халанд и Мбапе
Foto/ EPA
Во понеделник во Лондон беа доделени наградите на ФИФА, Бест на најдобрите фудбалери и тренери. Беа доделени и награди за фер-плеј и најдобар гол на годината, а традиционално беа избрани и најдобрите екипи во машка и женска конкуренција.
Најдобар фудбалер за 2023 година во изборот на ФИФА е Лионел Меси. Во најтесна конкуренција покрај Аргентинецот беа и Ерлинг Халанд и Килијан Мбапе.
Меси трет пат во кариерата ја доби оваа награда на ФИФА. Сигурно е дека ќе има многу реакции. Всушност, Меси и Халанд имаа ист број на поени во гласањето, Меси ја доби наградата бидејќи имаше повеќе „петки“.
Најдобра фудбалерка за 2023 година е Ајтана Бонмати. Конкурентки и беа Линда Каиседо и Џенифер Хермосо.
Посебна чест и беше доделена на легендарната бразилска фудбалерка Марта, која доби специјална награда од ФИФА. Дополнително, од следната година наградата за најдобар гол во женскиот фудбал ќе го носи името на Марта.
Наградите за најдобар голман ги добија Мери Ерпс, втора година по ред, и Едерсон.
Идеалниот машки тим е:
Голман: Тибо Куртоа
Одбрана: Кајл Вокер, Џон Стоунс, Рубен Дијаз
Среден ред: Бернардо Силва, Џуд Белингем, Кевин де Брујне
Напад: Ерлинг Халанд, Килијан Мбапе, Лионел Меси и Винисиус.
Најдобар тренер на машката екипа е сосема очекувано менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола. Гвардиола минатата сезона со Сити ги освои Премиер лигата, ФА Купот, Лигата на шампионите, УЕФА Суперкупот и Светското клупско првенство.
Најдобар тренер на женската селекција и оваа година е селекторот на репрезентацијата на Англија, Сарина Вигман.
Наградата за фер плеј на ФИФА ја доби бразилската фудбалска репрезентација за потег на солидарност со Винисиус, кој во текот на целата година трпеше ужасни расистички напади од трибините и на социјалните мрежи. Бразилците одиграа пријателски натпревар со Гвинеја во целосно црни дресови.
Наградата Пушкаш за најдобар гол отиде во рацете на Гилхерме Мадруга. Мадруга беше награден за погодокот за Ботофаго против Новоризонтино во втората лига на Бразил.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
МВП на Евролигата во Милвоки, Јанис нема да ги напушти Бакс
Јанис Адетокумбо, како шо сега стојат работите ќе остане во Милвоки најмалку до крајот на сезоната.
Според новинарот на „ESPN“, Шамс Чаранија, Кол Ентони и Амир Кофи се селат во Феникс, додека Ник Ричардс и Најџел Хејс-Дејвис ќе ги продолжат своите кариери во Милвоки.
Со овој потег, Бакс дополнително ја зајакнуваат ротацијата под кошот, со оглед на тоа што Ричардс носи физичко присуство и дефанзивна стабилност на центарската позиција, додека Хејс-Дејвис е играч кој може да придонесе енергија и ширина на ротацијата на крилата.
Од друга страна, Санс добиваат дополнителна длабочина во надворешната линија. Кол Ентони треба да преземе позначајна улога во организацијата на играта, како „бек-ап“ плејмејкер, додека Амир Кофи носи дефанзивна флексибилност и можност за покривање на повеќе позиции.
Официјална потврда за размената се очекува наскоро, откако двата тима ќе ги завршат сите административни детали.
Foto/ EPA
Спорт
Баерн го задржа Серж Гнабри
Фудбалерот на Баерн, Серж Гнабри, го продолжи договорот со клубот од Минхен до 30 јуни 2028 година, објави најтрофејниот германски клуб.
Во соопштението не се наведени финансиски детали за договорот.
„Воодушевен сум што ќе можам да играм за Баерн уште неколку години. Причините за продолжување на договорот се тимот, тренерите, целиот клуб, навивачите, градот, околината… Се чувствувам многу удобно во Баерн“, рече Гнабри, објави веб-страницата на клубот.
Гнабри (30) пристигна во Баерн во 2017 година од Вердер Бремен. Тој одигра 311 натпревари за клубот од Минхен и постигна 100 гола, а освои 15 трофеи со Баерн.
Foto/ depositphotos
Спорт
Четворица се враќаат, но Реал ќе биде сериозно ослабен во Валенсија
Во недела, Реал Мадрид ќе игра без Винисиус Жуниор и Џуд Белингам на гостувањето кај Валенсија во 23-то коло од шпанската Ла Лига.
Винисиус го пропушта натпреварот поради пет жолти картони, додека Белингам нема да игра поради повреда на тетивата. Не е прецизиран датум за неговото враќање, но се очекува да отсуствува до шест недели.
Реал Мадрид има шест победи по ред во првенството, но сепак е втор на табелата со 54 бода, еден помалку од лидерот Барселона.
Добри вести за тренерот Арвало Арбелоа е дека за место во тимот ќе конкурираат: Трент Александар-Арнолд, Антонио Ридигер, Дани Карвахал и Ферланд Менди.
Foto/ depositphotos

