Македонија
Пендаровски – Џејмс O’Брајан: Вашингтон се надева дека Македонија ќе продолжи на патот кон ЕУ
Претседателот Стево Пендаровски, во рамките на учеството на Светскиот економски форум во Давос, оствари средба со Џејмс O’Брајан, помошник-државен секретар за европски и евроазиски прашања во американскиот Стејт департмент.
На средбата се разговараше за актуелните состојби поврзани со европските интеграции на Северна Македонија, за реформскиот процес, како и за политичките состојби во нашата држава и во регионот.
На средбата беше реафирмирана поддршката на САД за европските аспирации на Северна Македонија и беше изразено очекувањето од официјален Вашингтон дека државата ќе го продолжи патот кон полноправно членство во Европската Унија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Герасимовски: Воведуваме ваучери за користење на вештачка интелигенција, современа поддршка за младите во Центар
„Воведуваме месечни ваучери за користење на вештачка интелигенција, со цел младите да добијат пристап до современи дигитални алатки и да ги унапредат своите знаења и вештини. Во новиот мандат вложуваме во младите преку конкретни мерки кои ќе им овозможат да го развијат својот потенцијал и да бидат подготвени за иднината,“ изјави кандидатот за градоначалник на Општина Центар за втор мандат, Горан Герасимовски.
Тој посочи дека особено внимание ќе биде насочено кон младите кои не се вклучени во образование, вработување или обуки.
„За оваа група креиравме програми за активно вклучување преку обуки, интерактивни работилници и волонтерски ангажмани, со цел да ги поттикнеме нивната мотивација и личен развој,“ нагласи Герасимовски.
Дополнително, Општина Центар, како што е соопштено, ќе ги зголеми за 50% стипендиите за талентирани ученици, а ќе продолжи и со субвенциите за полагање возачки испит и за купување велосипеди.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Скопје – Куманово
Во 13:30 часот на патниот правец Скопје – Куманово, на клучка Хиподром кон Куманово, сообраќајот е нормализиран, соопшти АМСМ.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
(Видео) Mециновиќ за отпадот во Скопје: Владата намерно го остави градот да дојде до колапс, за потоа да се прикажува како херој
Амар Мециновиќ, кандидатот на Левица зa градоначалник на Град Скопје во вториот круг на локалните избори, со предупредување за алармантната состојба со ѓубрето во градот, нарекувајќи ја ситуацијата „најапсурдна што Скопје некогаш ја имало“.
Тој го претстави планот на партијата за решавање на овој проблем, преку санација и реформа на јавното комунално претпријатие.
„Повторно се вжештува ситуацијата околу сметот. Никој не можеше да претпостави дека ќе дојдеме во состојба на вакво преплавување со отпад и целосен колапс на комуналните претпријатија и градските власти“, истакна Мециновиќ и додаде дека без оглед кој ќе победи на изборите новата администрација ќе мора веднаш да започне со санирање на состојбата.
„Јавноста треба да знае дека независно кој ќе добие поддршка, треба веднаш да се почне со чистење. Ги повикувам сите скопски градоначалници, и оние што веќе победија, и оние што одат во втор круг, да бидат спремни, независно од политичката припадност, да работиме заедно на решавање на оваа криза.“
Мециновиќ потенцираше дека во Скопје се гледа апсурдниот крах на локалната власт, која последните четири години, според него, била под контрола на ВМРО-ДПМНЕ.
„Четири години локалната власт беше во нивни раце, и на ниво на град, и во најголем дел од скопските општини. Не смееме повторно да си дозволиме луксуз да се играме со здравјето на скопјани и да поддржуваме партии кои од суета создаваат кризи“.
Тој ја обвини актуелната влада дека намерно дозволила градот да западне во хаос пред изборите, за потоа „да се претстави како спасител“.
„Ова повикување на кризна состојба токму пред избори покажа дека Владата намерно го остави градот да дојде до колапс, за потоа да се прикажува како херој. Но, граѓаните тоа го гледаат.“
Мециновиќ најави дека, доколку ја добие поддршката на скопјани, веднаш ќе отпочне со санација и реформа на ЈП „Комунална хигиена“, спротивставувајќи се на плановите за негово приватизирање.
„Премиерот Мицковски јавно изјави дека има план за јавно-приватно партнерство во „Комунална хигиена“. Тоа е јасен сигнал дека нивната намера била да го колабираат претпријатието за потоа да го продадат. Ние тоа нема да го дозволиме.“
Наместо приватизација, Мециновиќ предлага окрупнување на капацитетите, модернизација на механизацијата и подобрување на условите за работа во јавните комунални претпријатија.
Тој презентираше иновативно решение за третман на отпадот, кое, според него, веќе се користи во неколку европски градови.
„Разгледуваме технологија за преработка на комунален отпад во горивни деривати. За Вардариште може да се изгради централа од 720 м² која би чинела шест милиони евра, а за Дрисла, модерна постројка од 60 милиони евра со затворен систем за преработка.“
Упати повик, до граѓаните на Скопје, да го претворат гневот и разочараноста во активна одлука на втори ноември: „Некој дозволи да дојдеме до ова дереџе, некој мисли дека ќе профитира од нашиот хаос. Но, тоа треба да го претвориме во одлука, одлука што ќе го врати градот во нормала и ќе го врати достоинството на Скопје“, заврши Мециновиќ.

