Скопје
Без вода дел од Гази Баба
ЈП „Водовод и канализација“ известува дека денеска, поради водоводен приклучок од ф 125 мм на улицата Методија Андонов-Ченто бр. 75 а, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Методија Андонов-Ченто, зградите бр. 72, 74 и 76 во општина Гази Баба.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9 часот до завршување на интервенцијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Без струја дел од Карпош и Центар
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, ги известува граѓаните дека поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
во периодот од 09:00 до 14:00 часот, без електрична енергија ќе останат дел од ул.Ринхини и ул.Езерци. (Општина Карпош) и
во периодот од 12:00 до 15:00 часот, без електрична енергија ќе останат дел од ул.Борка Талески и ул.20-ти Октомври (Општина Центар)
Скопје
Паркингот во Центар денеска е бесплатен
По повод Македонските претседателски и парламентарни избори, од ЈП Паркинзи на општина Центар известуваат дека денеска паркиралиштата со кои стопанисува јавното претпријатие ќе бидат без наплата за сите граѓани.
Дирекцијата на ЈП Паркинзи на Општина Центар во катната гаража „Судска палата“ нема да работи, а сите услуги можат да се користат електронски на www.poc.mk.
Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и работењето на дирекцијата ќе продолжат од утре со вообичаено работно време.
Скопје
Извршена ларвицидна дезинсекција во општина Илинден
Во согласност со програмата за спроведување општи мерки за заштита на населението од заразни болести за 2024 година, Општина Илинден во координација со екипите на ДТУ ТОКСИ ВЕТ – Скопје, реализира прскање против ларви од комарци на целата територија на општината.
Во согласност со елаборатот за спроведување на превентивна дезинсекција за спречување и искоренување вектор преносливи заболувања, во овој период се врши ларвицидна дезинсекција на водни површини за уништување ларви од комарци.
Со третирањето се опфатени сите водни површини на отворените одводни канали (главни, секундарни и терцијални), речното корито на Сува Река и вештачката акумулација во Бучинци, на вкупна површина од 50 хектари.
Дезинсекција се врши со еколошко средство, кое е безопасно за здравјето на луѓето, одобрено и пуштено во промет од Бирото за лекови.