Спорт
(Видео) Шпанија преку Хрватска до европската титула
Foto/ EPA
Ватерполистите на Шпанија прв пат во својата историја станаа европски шампиони во ватерполо. Шпанците, среде Загреб, ја детронизираа Хрватска со победата 11:10 (3:5, 3:2, 2:3, 3:0). Шпанија покрај титулата обезбеди и место на Олимписките игри во Париз.
Финалниот меч апослутно ги исполни очекувањата на неутралните навивачи. Хрватите фуриозно влегоа во натпреварот, првиот период го добија со 5:3, а на почетокот на втората четвртина стекнаа предност и од три гола.
На криљата на одличниот голман Бијач (12 интервенции), Хрватска ја чуваше предноста од два гола до почетокот на последниот период.
Во решавачките осум минути, Хрватите не можеа никако да го најдат ритамот во нападот, а кај Шпанците се разбуди Гранадос. Најдобриот играч на „црвентата фурија“ изедначи на 10:10 на 90 секунди до крајот, истиот играч постигна брилијантен гол за водство на Шпанија на 45 секунди до крајот на мечот.
Хрватска лошо го организираше последниот напад и мораше да ја предаде титулата.
Следува Светското првенство во Доха, кое започнува на 5 февруари. Пасман на Олимписките игри изборија селекциите на Франција, Грција, Унгарија, Шпанија, САД, Јапонија, Австралија и Јужна Африка.
На СП ќе се делат уште четири визи за ОИ во Париз.
Jel ovo najbolji gol za titulu ikad? 😱#waterpolo #granados pic.twitter.com/pj4FeQullO
— Roman Morovic (@GundjoZd) January 16, 2024
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Милан и Јувентус ги разочараа навивачите
Без победник и без голови заврши 242. соочување на Милан и Јувентус. Великаните на италијанскиот фудбал, пред 80.000 гледачи на „Сан Сиро“ одиграа натпревар под сите стандарди.
Милан и Јувентус во дербито се појавија со јасна цел и план, да не загубат. Така на теренот ги поставија своите фудбалери Поло Фонсека и Тијаго Мота. Тренерите одиграа партија шах на теренот, буквално секој играч имаше јасна задача на теренот, поради што гледачите не видоа апсолутно ништо.
Јувентус го освои 25.бод во Серија А, колку што имаат со натпревар помалку Фиорентина, Аталанта и Лацио, бод повеќе има Наполи, а три бода повеќе Интер. Милан е седми со 19 бодови.
Спорт
(Видео) Два гола на Миовски во интервал од шест минути
Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски блеска во малото каталонско дерби. На половина од првото полувреме, Џирона води против Еспањол со 3:0.
Тандемот Брајан Хил-Бојан Миовски го уништи Еспањол за само 22 минути.
Македонскиот репрезентативец му асиситраше на Хил во четвртата минута за првиот гол. Потоа Хил му се реваншира со две асистенции во 16. и 22.минута.
🇪🇸 Bijon Miovski GOAL vs Espanyol #Girona LaLiga #Espanyol pic.twitter.com/vwD9kjiU0j
— MUHAMMAD zohaib (@RealMzohaib) November 23, 2024
MIOVSKI EXTENDS GIRONA'S LEAD TO THREE…..
Follow for more goals and highlights 🔥 pic.twitter.com/nuKVKlyAvV
— Matchday Goals ⚽ (@MDay_goals) November 23, 2024
Ова се првите голови за Миовски во Примера, откако летово пристигна во Џирона од Абердин во трансфер вреден осум милиони евра.
Пред репрезентативната пауза Миовски постигна два гола за Џирона против Екстрамадура во Купот на Кралот.
Спорт
(Видео) Чоло со победа го прослави 700. меч на клупата на Атлетико и 300. победа во Примера
Атлетико Мадрид тешко, во последните 15 минути го скрши отпоот на Алавес и славеше со 2:1 во 13.коло во Примера. Тренерот на Атлетико, Диего Чоло Симеоне влезе во историјат на шпанскиот фудбал, 700. пат го водеше својот тим, ја забележа 300. победа во кариерата во Примера. Симеоне во 700 натпревари има 413 победи, 156 нерешени и 131 пораз. Неговиот тим постигна 1.168 гола, прими 577, а на 326 натпревари мрежата на Атлетико не се затресе.
Аткетико се мачеше да му обезбеди победа на својот тренер. Гостите го шокираа „Метрополитано“ во шестата минута. Бланко се обиде да нафрли, топката го погоди во раката Хави Галан, а пеналот во гол го претвори Гуриди.
Тоа беше се што направи играчите на Алавес пред голот на Јан Облак, кој немаше ниту една интервенција, а ударот на Гуриди беше единствениот упатен кон неговиот гол.
Од таа шеста минута до крајот се играше на половината на Алвес. Блескаше на голото на гостинскиот тим Сивера, кој на крајот имаше шест одбрани.
Атлетико најдобрата шанса во првиот дел ја имаше преки Лино кој ја погоди гредата. Потоа се редеа шансите на Коке, Љоренте, Ленле, Џулијано Симеоне.
Гостите имаа предност до 76.минута, кога Атлетико доби пенал. Реализатор беше Гризман. Десет минути подоцна, Сорлот во гол ја претвори асистенцијата на Де Пол и го комплетираше пресвртот.