Црна хроника
Фатен скопјанец кој од девојче украл мобилен телефон во автобус
Полицијата на подрачјетона Бит-пазар го приведе А. Б. (55) од Скопје.
При качување во автобус тој бил затекнат при вршење кражба на мобилен телефон од малолетничка од Скопје.
„Одземеното било пронајдено и вратено на сопственичката, а лицето било приведено во полициска станица“, велат од МВР.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Струмичанец со тројца малолетници нападнал сопружници во нивниот дом и го избол мажот
Триесет и седумгодишниот Е.М. од Струмица, заедно со тројца малолетници физички ги нападнале Е.И.(23) и неговата сопруга во нивниот дом.
„Е.М. со остар предмет му нанел повреда на Е.И.. Тој бил задржан во Полициската станица Струмица и за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица“, објави МВР.
По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Со мотицикл излетал од патот Новаци – Македонски Брод, тешко повреден возачот
Вчера во 16.27 часот во СВР Битола било пријавено дека на регионалниот пат Новаци – Македонски Брод мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од Љ.К.(67) од с.Тепавци, општина Новаци, излетал надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничка болница Битола.
Извршен бил од увидна екипа од СВР Битола.
Црна хроника
Возило на патот Велес – Градско излетало од патот, тешко повреден возачот
Вчера во 14.45 часот во СВР Велес било пријавено дека на регионалниот пат Велес – Градско, патничко возило „фолксваген поло“ со велешки регистарски ознаки, управувано од К.Г.(29) од Велес, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот К.Г., а неговиот сопатник Б.Е.(27) од Велес се здобил со телесни повреди, констатирани во Општа болница Велес.
За настанот бил известен јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Велес.