Скопје
Станковиќ: Арсовска закажа вонредна седница за тековни точки на која не дојде, а не закажува за над 100 партиски вработувања во „Паркови и зеленило“
Денеска, се бараше вонредна седница, на која ни градоначалничката не е присутна, со самото тоа е јасно колку овие точки го задоволуваат критериумот за вонредна седница. Направен е опасен преседан, се свикува вонредна седница за точки што вообичаено одат на редовни седници, а ниедна од овие точки не го задоволува критериумот во согласност со Деловникот и Статутот на Град Скопје за вонредни седници, изјави советникот од коалицијата „За обнова на Македонија“, Малиша Станковиќ, на денешната вонредна седница на Советот на Скопје.
Станковиќ истакна дека тоа што заслужува да се најде на вонредна седница е суспендирањето на одлуките на Советот на Град Скопје.
„Имаме јавно претпријатие, кое и покрај волјата на советниците да не го изгласа годишниот план за вработување, гледаме дека изминатите три дена ЈП ‘Паркови и зеленило’ распиша оглас за вработување над 100 извршители на разни позиции“, потенцира тој.
Станковиќ нагласи дека тоа е истото она ЈП што во петокот побара свикување вонредна седница за парична помош поради тешкотии во работењето.
Претпријатие што има тешкотии во работењето и чија економска состојба е загрижувачка во исто време бара да бидат вработени 100 извршители на разни работни места. Ова исто ЈП на 40 вработени во нивниот „Флораком“ им нема исплатено плата последните 3 месеци за што вработените се стапени во штрајк, истото ЈП на своите вработени им нема исплатено К-15, во извештаите доставени до советниците само за период од 15 месеци од претпријатие што работеше позитивно, има минус од фрапантни 120 милиони денари, изјави Станковиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја делови од Гази Баба и Ѓорче Петров
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 14.30 часот, корисниците на обејкт на Меркур Македонија. (општина Гази Баба)
· во периодот од 09.00 до 14.30 часот, корисниците на дел од улицата Радушка (општина Ѓорче Петров)
Македонија
(Фото) Општина Центар: Се отстрануваат паднатите дрвја кај училиштето „Киро Глигоров“
Општина Центар информира дека во моментот екипите на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ и ЈП „Паркови и зеленило“ работат на отстранување на двете паднати дрвја во близина на ООУ „Киро Глигоров“.

Улицата е непроодна за возила додека не завршат активностите, а се очекува дрвјата да бидат целосно отстранети во рок од еден час.




Македонија
Герасимовски: Во Центар одлучуваат граѓаните, во вторник заедно го креираме буџетот за наредната година
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски ги повикува сите жители на општината да учествуваат на првиот буџетски форум за 2026 година, кој ќе се одржи во вторник, 28 октомври, во ООУ „Киро Глигоров“ со почеток во 19.30 часот.
Овој форум претставува можност граѓаните активно да учествуваат во креирањето на општинскиот буџет, да даваат предлози и иницијативи со што ќе придонесат за подобар и поквалитетен живот во општината.
„Заедно со граѓаните, во изминатите четири години реализиравме голем број успешни и квалитетни проекти, а така ќе биде и во наредните четири години. Ги поканувам граѓаните со своите предлози, идеи и размислувања да се вклучат во дефинирањето на приоритетите што ќе придонесат за развој на локалната самоуправа,“ порача Герасимовски.

На буџетскиот форумот ќе учествуваат раководителите од општинската администрација, претставниците на месните и урбани заедници, претставници на невладиниот сектор, и сите жители што сакаат да учествуваат во планирање на општинскиот буџет.
Општина Центар останува посветена на процесот на вклучување на граѓаните во донесување на клучните одлуки, со цел да се обезбеди транспарентност и отчестност, но и за да се задоволат реалните потреби на заедницата.
„Ги поканувам сите центарци да присуствуваат на форумот. Гласот на граѓаните е важен, секоја иницијатива е добредојдена, бидејќи сите заедно сме одговорни за животот во нашата општина,“ додаде Герасимовски.

