Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Од Мала Речица му суфлирале на Ковачевски да не бранува за М-НАВ и ако треба, да пушти курбан од своите ако сака коалиција
Лицемерието на Европскиот фронт и зелената агенда на оваа власт се гледаат најдобро во М-НАВ. Функционерите на СДС и ДУИ за дебели плати од по неколку илјади евра вработиле роднини, сестри, снаи, синови, чичковци, братучеди, внуци во македонската навигација. Ова е лицето на коалицијата на бандитизмот, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
„Ковачевски вели дека не бил портпарол на неговите министри, кои ја наполниле М-НАВ со непотистички вработувања, а вистината е дека Али Ахмети му суфлирал да не бранува многу, затоа што во спротивно нема да го земе на заеднички листи или нема да му даде поддршка за заеднички кандидат за претседател.
Пораката што му ја упатуваат од Мала Речица е да не зборува ништо ниту за вдомувањето на фамилиите на министрите од ДУИ, а уште помалку за тепањето во контролната кула од страна на екипата тесно врзана со ДУИ со што беше доведен во опасност воздушниот сообраќај над Македонија. Единствено што му дозволуваат на Ковачевски е да пушти низ вода некој од своите министри (читај Николовски) како курбан за коалицискиот мир.
Сега за да се отплеткаат од скандалот во кој се најдоа, ќе се обвинуваат, ќе дефокусираат, ќе се препелкаат и што ли уште не. Но веќе се му е јасно на народот, никогаш не било полошо, и овој бандитизам важно е да го поразиме!“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ: МВР итно да постапи, запален е автомобилот на претседателот на Општинската организација Кривогаштани
СДСМ објави дека најостро го осудува вандалскиот чин и палењето на возилото на претседателот на Општинската организација Кривогаштани, Антонио Симоноски.
Партијата бара од МВР и сите останати надлежни институции веднаш да постапат, да ги пронајдат сторителите и да ги изнесат пред лицето на правдата.
„Надлежните органи мора да утврдат и дали овој напад е политички мотивиран, особено што Симоновски немал никакви недоразбирања со било кого. Очигледно неспособноста на МВР и партизацијата којашто се случува во институциите, ги охрабрува насилниците“, велат од СДСМ.
Потсетуваат дека во изминатиот период имало серија на инциденти со запалени возила дури и на полицајци.
Македонија
Претпладне променливо облачно, претежно во западните делови со повремен снег, попладне облачноста ќе се намали
Времето денеска, претпладне променливо облачно, претежно во западните делови со повремен снег. Попладне облачноста ќе се намали. Уште од ноќта ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец (над 70 km/h) и засилен ветер особено долж Повардарието ќе има до крајот на денот. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 2 до 11 степени.
Во Скопје претпладне променливо облачно, од пладне сончево. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Утре во претпладневните часови времето ќе биде променливо облачно со повремен снег претежно во западните делови. Уште од преку ноќта ќе дува умерен, а особено долж Повардарието засилен северен ветер (над 70 km/h).
Во деновите потоа времето ќе биде стабилно и тивко со ниски утрински температури и со услови за појава на магла по котлините.
Македонија
(Видео) Прокисна инвестицијата од 350 милиони евра, со кофи се собира дождовница во трговскиот центар„Дајмонд“
Со кофи вечерва се собираше вода дождовница на последниот кат од трговскиот центар „Дајмонд“„
Центарот чија проектна вредност како што беше најавено при неговото отворање достигнува 350 милиони евра и нуди вработувања за над илјада лица од разни сектори попушти по вечерашниот дожд кој во попладневните часови го зафати главниот град.
Одговорните своевремено преку него најавија инвестиција од која ќе живне економијата и ќе се отворат нови работни места.