Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните изложени на нечовечки услови за да се фотографираат за пасоши, Спасовски, наместо ред, продуцира неред
Спасовски наместо ред, продуцира неред, наместо навреме да добијат граѓаните лични документи тој ги остава да се малтретираат и се грижи само за себепромоција, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
„Власта предводена од СДС и ДУИ се грижи за партиските интереси, за интересите на поединци, а граѓаните ги има заборавено.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски наместо ред и безбедност за граѓаните, тој продуцира неред и безмилосно ги остава граѓаните во крајно нечовечки услови да чекаат да се сликаат за личен документ, а потоа и во нечовечки услови да ги подигнат истите, ако воопшто успеат.
Оливер Спасовски ако сакаше можеше да ја изменаџира ситуацијата и сите навреме и во соодветни услови да добијат лични документи.
Хаосот во врска со личните документи е доказ дека Оливер Спасовски се грижи само за себепромоција, а граѓаните не му се ни на крај памет.
Оливер Спасовски покажа дека ги третира подостинствено криминалците на кои организирано им даде патни испрати, односно пасоши.
Оливер Спасовски покажува само како го злоупотребува целото МВР да работи исклучиво на негова промоција.
Единствен лек за граѓаните кои патуваат, кои имаат потреба да одат во други држави на лекување е Уставниот суд да донесе времена мерка, бидејќи оние граѓани кои имаат неопходна потреба од пасош не можат да го добијат ниту по итна постапка.
Власта на СДС и ДУИ ќе ја казнат граѓаните! Никогаш не било полошо! Важно е да ги поразиме!“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

