Свет
Објавени први снимки: Пакистан го ракетира Иран, има мртви

Пакистан изврши напади во Иран насочени кон сепаратистичките милитанти, соопшти пакистанското Министерство за надворешни работи, два дена откако Техеран соопшти дека нападнал бази на милитанти поврзани со Израел на пакистанска територија.
Иранските медиуми јавуваат дека неколку проектили погодиле локација во провинцијата Систан и во Белуџистан, која се граничи со Пакистан, при што загинале три жени и четири деца, од кои ниту едно по потекло од Иран.
„Неколку терористи беа убиени за време на оваа операција заснована на разузнавање“, се вели во соопштението на пакистанското министерство опишувајќи ја операцијата како „серија високо координирани и конкретно насочени воени напади против терористичките засолништа“.
⚡️ ❗🇵🇰🇮🇷 Videos from Iran confirming attack by Pakistan.
Pakistan Airforce is reportedly been involved in Strikes inside Iran.#Pakistan #Iran pic.twitter.com/QnpZ2tYgNq
— The Macro Story (@themacrostory) January 18, 2024
„Пакистан целосно ги почитува суверенитетот и територијалниот интегритет на Исламската Република Иран“, додаде Министерството за надворешни работи и објасни дека „единствената цел на денешниот чин е да се обезбеди безбедноста и националниот интерес на Пакистан, кои се најважни и не може да бидат загрозени“.
Пакистански разузнавачки извор за „Ројтерс“ изјави дека нападите биле извршени со воени авиони.
„Нашите сили извршија напади врз милитантите на Белуџистан во Иран“, изјави разузнавач во пакистанската престолнина Исламабад.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Напад во кривичниот суд во Њујорк, има повредени

Тројца судски службеници денес биле нападнати со нож и повредени во зградата на Кривичниот суд на Менхетен, потврдија два извори од њујоршката полиција кои се запознаени со нападот.
„Осомничениот напаѓач е приведен по нападот врз службениците во зградата на судот на Централната улица во Њујорк. Нападот се случил близу фоајето“, изјавил неименуван полициски извор за NBC.
Еден судски службеник се здобил со посекотини на лицето, друг на вратот, а третиот бил повреден кога осомничениот го фрлил на подот обидувајќи се да побегне, се наведува во извештајот на американската телевизиска мрежа.
Сите тројца повредени се медицински згрижени и се чувствуваат добро, а истрагата е во тек, иако засега не е јасно што бил мотивот за нападот.
Свет
„Ерусалим пост“: Трамп ќе му даде на Иран последна шанса

Американскиот претседател, Доналд Трамп, планира да му упати на Иран последна шанса за договор, објави „Ерусалим пост“, повикувајќи се на американски и европски претставници.
Според неофицијални информации, новата понуда би можела да биде уште поповолна од онаа од пред недела и половина, но сепак би се базирала на американското барање за нулта толеранција за збогатување ураниум.
Според истиот извор, Иран се обидел да посредува со американската администрација преку Оман и Катар со цел да ги запре израелските напади и да ги обнови преговорите за нуклеарната програма. Саудиска Арабија наводно дејствува преку посебен канал со иста цел – постигнување прекин на огнот.
Свет
Претседателот на Иран: Не сакаме ширење на војната

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави дека Иран не сака да ја прошири војната со Израел, но ќе одговори пропорционално на секој напад, пренесува државната иранска новинска агенција.
Пезешкијан ова го рекол за време на телефонскиот разговор со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
„Иранските научни, воени и цивилни објекти беа под израелска агресија, при што беа убиени цивили, научници и воени водачи“, рече Пезешкијан.
„Иран не ја започна оваа војна, но ќе одговори според нивото на напад“, изјави.
Тој додаде дека учеството на Иран во нуклеарните преговори со САД зависи исклучиво од прекинот на нападите на ционистичкиот режим врз земјите во регионот.
Турскиот претседател Ердоган, според турската државна агенција, му рекол на Пезешкијан дека Турција е подготвена да игра улога на посредник за да помогне во деескалацијата на конфликтот и да го поддржи враќањето на преговорите за нуклеарната програма.