Спорт
Африканскиот куп на нации го доби најстариот хет-трик стрелец во историјата

Фудбалската репрезентација на Екваторијална Гвинеја победи во Абиџан против Гвинеја-Бисао со 4:2, во натпреварот од второто коло од групата А на Африканскиот куп на нации.
Во 21. минута стрелец за Екваторијална Гвинеја беше Емилио Нсуе, а неговиот соиграч Естебан Ороско израмни со автогол во 37. минута.
Хозете Миранда и донесе нова предност на Екваторијална Гвинеја во 46. минута, а потоа Нсуе постигна два гола во 51. и 61. минута.
Нсуе (34) исто така испиша историја и стана најстариот фудбалер кој постигнал хет-трик во групната фаза на Африканскиот куп на нации.
Интересно е што три гола на еден натпревар во ова натпреварување не се видени од 2008 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Баер го продолжи договорот со Шик

Баер Леверкузен ја продолжи соработката со 29-годишниот централен напаѓач и чешки репрезентативец Патрик Шик, а голгетерот висок 191 см се обврза да остане во редовите на популарните „фармацевти“ до 2030 година.
Шик помина пет сезони во овој тим и значително придонесе пред две сезони, кога Баер ја освои Бундеслигата и ја прекина децениската апсолутна доминација на Баерн во германскиот фудбал.
Вкупно, Шик одигра 121 натпревар во Бундеслигата и постигна 64 гола, а постигна и девет гола во 33 натпревари во европските натпреварувања.
Кариерата на Шик започна во Спарта од неговата родна Прага, каде што не играше, а својата прва можност ја доби во дресот на Бохемијанс, каде што беше позајмен во сезоната 2015/16.
Следеше италијанската епизода, една сезона во Сампдорија и две во Рома, потоа неговото прво искуство во Бундеслигата во Лајпциг, каде што постигна 10 гола на 22 натпревари во елитниот ранг на германскиот фудбал во сезоната 2019/20.
Кога станува збор за чешката репрезентација, Шик постигна 24 гола на 46 натпревари.
Спорт
Реал го отпушти медицинскиот тим

Реал Мадрид имаше неуспешна сезона во која не освои ниту еден трофеј.
Шпанските медиуми наведуваат дека една од причините е тоа што голем број играчи се повредиле во последната сезона под водство на Карло Анчелоти.
За да се спречи ова повторно да се случи, новиот тренер Чаби Алонсо заедно со раководството одлучи да го отпушти целиот медицински тим.
Како што пишуваат шпанските медиуми, имало лоши односи во тимот задолжен за здравјето на играчите и тоа ги принудило луѓето во „кралскиот клуб“ да направат радикален потег.
Спорт
Фудбалот е повеќе од игра – Караванот на Mozzart пристигнува во Свети Николе!

После Охрид и Велес, радоста и спортскиот дух продолжуваат да го освојуваат и Свети Николе. Караванот „Фудбалот е повеќе од игра“ утре ќе го донесе третиот мини пич терен, ново место каде младите соништа ќе се будат, топките ќе тропаат со надеж, а срцата ќе чукаат во ритамот на спортот.
Оваа акција, започната во Србија, годинава со љубов и посветеност се реализира и во Македонија. Секој терен е доказ дека фудбалот поврзува генерации, зајакнува заедници и инспирира идни шампиони.
Теренот во Свети Николе со гордост ќе го носи името на легендарниот македонски фудбалер Бобан Бабунски, додавајќи му посебен дух и чест на овој простор. Претходно, фудбалската магија веќе оживеа во Охрид со теренот на Гоце Толески и во Велес со теренот посветен на Панче Ќумбев.
Свеченото отворање ќе се одржи утре, на 05.08.2025, со почеток во 18:30 часот, на ул. 29 Ноември.
Mozzart ве поканува да бидете дел од овој незаборавен момент – да го прославиме спортот, заедништвото и соништата.
„Ве покануваме сите љубители на фудбалот – дојдете, поддржете, инспирирајте! Заедно да го заокружиме патувањето на караванот оваа година со радост, емоција и верба дека фудбалот навистина е повеќе од игра,“ порачуваат од компанијата Mozzart.
(ПР)