Црна хроника
Приведен крадец од Конче

Вчера во Штип, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Штип го лишиле од слобода 31-годишниот И.А. од село Габревци, општина Конче, кој бил баран од Одделението за внатрешни работи Радовиш поради сомнение дека е сторител на повеќе кривични дела на подрачје на Радовиш, извести МВР.
„Врз основа на судска наредба, извршен е претрес во неговиот дом во село Габревци, при што биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривичните дела. Со него бил извршен службен разбовор, при што признал дека во реонот на брана „Мантово“, општина Конче, извршил шест кривични дела „тешка кражба“ и едно кривично дело „кражба“, пријавени во периодот од октомври 2023 до јануари 2024 година“, соопшти МВР.
Лицето е задржано во просториите на Полициската станица Радовиш, за настанот е запознаен Јавен обвинител од Основното обвинителство Радовиш и против него се поднесени соодветни пријави по член 236 и член 235 од Кривичниот законик.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Жена од Липково ја удрило струја додека чистела во двор

Жена од Липково ја удрило струја додека чистела во дворот на нејзината куќа.
Вчера во 12.23 часот во СВР Куманово, од Општа болница Куманово било пријавено дека кај нив во бессознание била донесена А.Ф.(36) од село Матејче, општина Липково. Според пријавеното, таа се здобила со повреди од струен удар додека чистела во дворот од семејната куќа, во близина на машина која била во дефект. Увид бил извршен.
Црна хроника
Полицаец издавал кога ќе има полициски и финансиски контроли по казина и локали

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното обвинителство поднесе кривична пријава против З.С., полициски службеник во Тетово поради основано сомнение дека сторил кривично дело „оддавање на службена тајна“, предвидено и казниво по член 360 став 1 од Кривичниот законик.
Пријавениот како службено лице – полициски службеник во 2023 и 2024 година прибавувал податоци што претставуваат службена тајна на начин што имал увид во билтенот за дневни настани на МВР и анекс планови за планирани акциски контроли и активности по казина и угостителски објекти планирани и преземени од полициски службеници од СВР Тетово, УЈП, ДПИ и ДИТ.
Прибавените податоци ги сторил достапни на физичко лице вработено во казино.
Црна хроника
Загина велосипедист на патот Прилеп – Битола

На 15.06.2025 околу 21 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп-Битола, патничко возило „рено“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Т.Д.(51) од с.Галичани, прилепско, удрило во М.Б.(49) од Прилеп, кој туркал велосипед.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.Б., констатирани во Општа болница Прилеп, каде што подоцна им подлегнал на повредите. Лекар констатирал смрт, а увид извршила увидна екипа од ОВР Прилеп и јавен обвинител, по чија наредба, телото на починатиот било дадено на обдукција.