Спорт
ЕП во ракомет: Германија за влакно се спаси од пораз против Австрија
Домаќинот на 16. Европско првенство во ракомет, репрезентацијата на Германија синоќа избегна пораз од Австрија во последниот натпревар од 3. коло во Групата-1 во Главната фаза. Австријците водеа со четири голови разлика во последните пет минути, но на крајот мораа да се задоволат само со бод.
На другите два натпревара бодовите ги освоија Франција и Унгарија.
Резултати:
Франција – Исланд 39:32
Унгарија – Хрватска 29:26
Германија – Австрија 22:22.
Табела: Франција 6 бода, Унгарија и Австрија по 4, Германија 3, Хрватска 1, Исланд 0.
До крајот остануваат уште две кола, а пласман во полуфиналето ќе обезбедат двете првопласирани репрезентации.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Родри: За разлика од Арсенал ние имаме победнички менталитет
Манчестер сити вчера ја одбрани титулата во Премиер лигата. Избраниците на Пеп Гвардиола во последното коло влегоа со два бода предност пред Арсенал, а на натпреварот против Вест Хем потврдија дека се најдобри во Англија.
За менаџерот Пеп Гвардиола тоа беше шеста шампионска титула на клупата на англискиот клуб. Сити заврши со два бода повеќе од второпласираниот Арсенал.
Шпанецот Родри беше еден од клучните играчи во тимот на Гвардиола, а по освојувањето на титулата ја објасни разликата помеѓу Сити и Арсенал.
„Кога Арсенал дојде на „Етихад“, почувствував дека тие момци не сакаат да победуваат. Тие сакаа да одиграат нерешено, ние го немаме тој менталитет“.
Родри, вчера против Вест Хем го постигна третиот гол за Манчестер сити.
Спорт
(Видео) Епска катастрофа на Денвер од +20 до елиминација од Минесота
Кошаркарите на Денвер Нагетс загубија од Минесота Тимбервулфс со 98:90 во мајсторката за пласман во финалето во Западната конференција. Минестоа во финалната серија која ќе започне во четврток ќе игра против Далас Маверикас.
Актуелните шампиони загубија и покрај тоа што на стартот од вториот дел имаа предност од 20 поени (58:38), но потоа следеше епски колапс на Нагетс.
Минесота успеа да го направи најголемиот пресврт во историјата на мајсторките и заслужено се пласираше во финалето.
На почетокот на четвртата четвртина Минесота целосно ја презеде контролата врз играта, Нагетс не можеа да затворат ништо, а гостите постојано ја одржуваа предноста.
Руди Гобер се истакна,а одличен придонес дадоа и Таунс, Гобер, МекДаниелс, Конли, Едвардс.
Никола Јокиќ имаше 34 поени, 19 скока и седум асистенции, но интересно само две асистенции во вториот дел. Погоди за 13-28 од поле.
Го следеше Мареј со 35 поени, а останатите потфрлија. Портер постигна седум поени, Поуп пет, а Гордон четири. Неверојатен е податокот дека резервите на Денвер постигнаа само пет поени.
Минесота до победата ја предводеа МекДаниелс и Таунс со по 23 поени, Едвардс постигна 16, Гобер 13.
Спорт
(Видео) Индијана надмоќно ја доби мајсторката во Њујорк
Индијана Пејсерс ќе им се спротивстави на Бостон Селтикс во финалето на Источната конференција во НБА лигата. Пејсерс ја добија мајсторката во Њујорк со 130:109. Финалната серија на Исторкот започнува во среда наутро по средноевропско време.
Пејсерси ги искористија сите проблеми кои го следеа Њујорк, фантастично шутираа и без проблем го добија седмиот натпревар. Индијана во првото полувреме имше реализација од речиси 80 отсто, во првата четвртина стекна двоцифрена предност.
Њујорк се обиде во третиот период разликата од 22 поени ја спуштија Никс на шест, но немаа сили за пресврт.
Повредите ги уништија Никс во оваа серија, Ануноби се обиди, одигра пет минути, а Харт го одигра речиси целиот натпревар, но не беше на очелуваното ниво. Надежите на Никс се урнаа во третата четвртина кога најдобриот играч Брансон се здоби со фрактура на дланката.
Од претходно во Њујорк ги немаше Рендл, Робинсон и Богдановиќ.
Халибартон со 26 поени, четири скока и шест асистенции ја предводеше Индијана, по 20 поени постигнаа Нембхард и Сиакам, 19 додаде Нејсмит со 8-8 од игра.
Кај Никс се истакнаа ДиВинченцо со 39 поени (10 тројки), Буркс додаде 26, а Брансон уфрли 17 поени.