Контакт

Регион

Патници од Скопје среде хаос на белградскиот аеродром „Никола Тесла“

Објавено пред

Поради грешка во функционирањето на услугите на операторот на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград, во неделата околу 17:00 часот во транзитната зона настанало мешање меѓу патници кои пристигнале од Скопје и други патници кои имаат намера да патуваат до европски и светски дестинации, а над кои претходно била извршена контрола и преглед на лица и багаж.

dobivaj vesti na viber

Поради ваквата состојба, а со цел да се обезбедат неопходните услови за безбедност на авионите и патниците, барањата на операторот и персоналот на аеродромот до МВР беа да се запре понатамошната пасошка контрола на излезот од Србија и на влезот на нови патници во транзитната зона, додека транзитната зона не се испразни и не се изврши повторен безбедносен преглед на сите лица во таа зона, што вообичаено го врши персоналот на операторот на аеродромот Никола Тесла, согласно Законот за воздушен сообраќај.

Од наведените причини граничната полиција привремено ја прекина пасошката контрола со цел да се почитуваат безбедносните услови и да се воспостави целосна безбедност на лицата и воздухопловите.

Сето ова предизвика хаод на белградкиот аеродром „Никога Тесла“, а патници паѓале во несвест поради големата концентрација на луѓе на мал простор. Од компанијата Ер Србија најавија дека ќе ги компензираат или пренасочат патниците кои претрпеле штета или пропуштиле понатамошни летови.

Регион

Пожар во затвор во Сплит, неколку затвореници хоспитализирани

Објавено пред

Неколку затвореници се повредени во пожарот во сплитскиот затвор Билице, кој е изгаснат, соопшти денес Сплитскиот противпожарен оперативен центар.

dobivaj vesti na viber

Како што е наведено, затворскиот персонал го изгаснал пожарот што избувнал синоќа, а пожарникарите ги евакуирале затворениците, од кои неколку побарале медицинска помош поради вдишување чад и биле пренесени во сплитската болница.

„Добивме дојава за пожар во една од ќелиите на затворот околу 21:30 часот, а по пристигнувањето на пожарникарите затворскиот персонал веќе го изгаснал пожарот во најголем дел, а пожарникарите веднаш ги евакуирале затворениците“, изјавиле за Хина од Противпожарниот центар.

Прикажи повеќе...

Регион

Драма во Црна Гора: две жени од Србија извлечени на брегот од силните морски струи и ветер

Објавено пред

Две српски државјанки беа спасени денес во водите на Јадранското Море, откако силни морски струи ги одвлекоа далеку од брегот.

dobivaj vesti na viber

Како што соопшти Управата за поморска безбедност и управување со пристаништата во Црна Гора, двете жени од Србија биле однесени од брегот кај Сутоморе од силните морски струи и ветер.

Управата изјави дека центарот за поморски операции добил повик за помош утрово во 8:33 часот, по што спасувачкиот брод со екипажот испловил кон областа Сутоморе.

„На лице место пронашле две српски државјанки кои биле во морето. Тие веднаш биле извлечени од водата и безбедно транспортирани со брод на Управата за поморска безбедност и управување со пристаништата до брегот, каде што ги пречекала екипата за итни случаи“, се додава во соопштението.

Управата истакна дека акцијата била завршена брзо и ефикасно, а спасувачката екипа била поддржана од брод од Секторот за гранична полиција со екипаж.

Прикажи повеќе...

Регион

Вештак открива детали за момчето-убиец од Белград: „Сакал да биде психопат“

Објавено пред

Вишиот суд во Белград на 5 јуни ја продолжи кривичната постапка против родителите на момчето (Коста К.) кое уби 10 лица во основното училиште „Владислав Рибникар“ во мај минатата година. На судењето присуствуваше судскиот експерт за невропсихијатрија д-р Анета Лакиќ, која ги презентираше наодите од психијатриското и психолошкото испитување на момчето, објавува Блиц.

dobivaj vesti na viber

Според неа, момчето не покажало знаци на каење, иако било свесно за сериозноста на своите постапки. Тој изјавил дека немало да го стори тоа што го сторил доколку знаел какви ќе бидат последиците, но не изразил никакви чувства на вина. Вештакот истакнал дека момчето систематски се обидува да ја минимизира сериозноста на кривичното дело и користи одбранбени механизми за да избегне непријатни прашања – на пример, го прекинува разговорот и го бара својот лекар.

Според наодите, момчето било свесно дека поради неговата возраст нема да биде кривично одговорно. Веднаш по извршувањето на кривичното дело, знаело кого да повика и како да се однесува. Тој исто така изјавил дека се чувствува безбедно бидејќи, како што рекол, е „заштитен од одмаздата на оние чии деца ги убил“.

„Кога нешто во разговорот го вознемирува и прави да се чувствува непријатно, тој совршено добро знае како да прекине, веднаш станува и вели: ‘Сакам да го посетам мојот лекар’. Тој го прави ова за да се заштити“, заклучи Лакиќ.

За време на вештачењето, исто така беше споменато дека пред да го изврши злосторството, момчето пребарувало на интернет информации за доживотни и смртни казни, и наводно очекувало да заврши во затворска установа каде што ќе има мир и ќе чита книги.

Вештакот исто така изјави дека момчето изјавило дека „некое време сакал да стане ‘психопат’, инспириран од случаите на момчиња убијци од САД, но дека подоцна се откажал од тоа“.

Зборувајќи за неговите семејни односи, тој изјави дека бил најблизок со неговата баба и чичко, додека остатокот од неговото семејство го опиша како „проколнат“. Д-р Лакиќ додаде дека момчето давало лажни информации за своето здравје, како на пример дека има астма и дека неговиот дедо починал, што го користел за да избегнува училиште.

Кога адвокатот ја прашал зошто не разговарала со родителите на обвинетиот, вештакот објаснил дека таков разговор би можел да ги компромитира наодите бидејќи целта била да се процени перцепцијата и расудувањето на момчето во времето на кривичното дело.

Судската постапка против родителите на момчето продолжува.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ2 часа

(Видео) Кузеска: Власта ги покачи платите на функционерите за 200 евра

Срамно и дрско – народoт едвај преживува, а власта ги покачува само платите на функционерите, обвини Богданка Кузеска, портпаролка на...

Македонија2 часа

Студентите ќе добијат по 250 евра за набавка на електронски уреди од септември, најави Мицкоски

Премиерот, Христијан Мицкоски денес изјави дека Владата планира ученички стипендии за наредната година, а во однос на новинарското прашање за...

Македонија2 часа

Тошковски најави поголема набавка на униформи за полицијата од онаа за специјалците: Спорната набавка е законска, но немаше доволно критериуми во тендерот

На нов тендер Министерството за внатрешни работи ќе бара униформи за 6.000 полицајци, најави денес министерот за внатрешни работи Панче...

Македонија3 часа

Стојанче Ангелов ќе зема повисока плата: Владата одобрила покачување

По измената на коефициентот за пресметка на плата, одлука објавена во Службен весник, се зголемува и платата на директорот на...

Македонија4 часа

Во „Пониква“ не можеш ниту на одмор да одиш, а не пак да третираш сериозни медицински состојби: Филипче од Кочани со критики до власта

Претседателот на СДСМ Венко Филипче од Кочани, со критики до актуелната власт за како што рече, неспособноста да се справи...

Македонија5 часа

Изготвил лажни одобренија за градење, трошел повеќе од дозволеното за репрезентација и ненаменски трошел пари предвидени за гориво, кривична за градоначалникот на Росоман

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе кривична пријава против С.Н во својство на Градоначалник на Општина...

Македонија5 часа

Оваа учебна година направивме многу, обезбедивме учебници, ги зголемивме платите на наставниците и тие ќе продoлжат да растат: Јаневска за крајот на учебната година

На основците и средношколците што денес ја завршуваат учебната година им честитам на напорната работа и заслужениот успех. Пред вас...

Македонија5 часа

Власта системски го отстранува албанскиот јазик од јавната сфера, велат од ДУИ

Уставниот суд е во завршна фаза на подготовки за укинување на Законот за употреба на јазиците, истакнуваат од ДУИ. Од...

Македонија5 часа

Ниту повредените, ниту семејствата на починатите не се сами, Кочани е наш приоритет, велат од Владата

Трагедијата во Кочани во која животот во загубија 62 млади лица е од невидени размери, велат од Владата и додаваат...

Македонија6 часа

Цените повторно растат, а Владата реши да ги покачи платите само на функционерите, велат од СДСМ

Македонија повторно се соочува со огромен раст на цените и инфлацијата, а Владата реши да ги покачи платите на функционерите....

Свет6 часа

Орбан: Дипломатите мора да ја преземат контролата од генералите, оваа војна не може да се добие

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека на Украина ѝ е потребно примирје, преговори и мир, како и дека „дипломатите треба...

Свет6 часа

(Видео) „Останете во засолништата“ погодена породилна болница во Одеса, Киев со часови под силен руски напад

Русија изврши силен напад со беспилотни летала врз украинскиот главен град, изјави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко. Во Одеса, погодена...

Свет7 часа

Трамп: Непочитувањето нема да се толерира, ќе удриме посилно од кога било

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека учесниците на протестот во Лос Анџелес „имаат тенденција да плукаат во лице“ на членовите...

Свет20 часа

Руте: Русија би можела да не нападне во рок од пет години

Русија би можела да започне напад врз НАТО во рок од пет години, предупреди шефот на воената алијанса, Марк Руте,...

Македонија21 час

(Видео) Тренчевска: Хаосот во здравството не може да го среди министер информатичар

Владата, наместо да гради систем што треба да се грижи за здравјето на граѓаните, создава систем што го става во...

Македонија21 час

Aлиу нов министер за здравство

Попладнево пратениците во Собранието го избраа Азир Алиу за нов министер за здравство. Алиу кој доаѓа од редовите на коалицијата...

Македонија22 часа

Даночна измама, перење пари, злосторничко здружување: кривични за 23 физички и 15 правни лица од Струмица, го оштетиле државниот буџет за над 94 милиони евра

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал криминал, во соработка со Оддел за криминалистичка полиција, Управата за финансиска полиција...

Македонија23 часа

Обвинителството не докажа дека таткото на Вања го сторил делото, освен нечија перцепција дека бил чуден, нема доказ дека е вмешан, вели адвокатот Туфегџиќ

По денешното судење за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и пензионерот Панче Жежовски, Владимир Туфегџиќ, адвокатот на таткото на убиената...

Македонија1 ден

Приведен бизнисменот Ристо Крмзов, осомничен за финансиски криминал

Полицијата утрово го привела Ристо Крмзов, бизнисмен од Струмица, за кого минатата година во септември беше отворена предистрага за финансиски...

Економија1 ден

Се зголемува цената на дизелот

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...