Македонија
„Сопругата на директорот на разузнавање, Муслиу, зела 620.000 евра грант по налог на владата на Ковачевски“, вели ВМРО-ДПМНЕ
„Сопругата на Директорот на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу земала 620.000 евра грант, додека над 600.000 наши сограѓани живеат на прагот на сиромаштијата. По налог на владата на Димитар Ковачевски, сопругата на Муслиу добила странски грант за тема поврзана со тероризам, односно токму тоа е предмет на работа на Агенцијата за разунавање чиј директор е токму Муслиу“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Со склучување на меморандум помеѓу Националниот координатор за борба со тероризмот и конзорциумот составен од невладини организации чиј сопственик на една од тие НВО е сопругата на Муслиу и се дадени 620.000 евра грант.
Дополнително симптоматично е тоа што, меморандумот не е достапен за јавноста, што отвора сомнеж дека власта свесно се обидува да го затскрие, а се поставува и прашањето зошто.
Доколку владата на СДС и ДУИ не склучила договор за конзорциум со овие НВО, немало ниту да ги добијат овие 620.000 евра.
Секогаш кога се фатени во криминал, функционерите на владата на СДС и ДУИ, ја обвинуваат ВМРО-ДПМНЕ за албанофобија. Но, не е албанофобија кога грабаат грантови од 620.000 евра и вршат трговија на влијание.
Во која европска држава или НАТО земја членка, освен Македонија, се доделуваат повеќе од пола милион евра на сопруга на директот на Агенција за разузнавање чија работа е дел од службата?
До сега да беше Македонија нормална држава во која функционира владеењето на правото, не само што Муслиу ќе си поднесеше оставка, сопругата ќе ги вратеше парите, туку и Јавното обвинителство и ДКСК ќе отвореше веднаш предмет за истрага.
ВМРО-ДПМНЕ постојано апелира дека владата на СДС и ДУИ е криминилизирана до гуша.
ВМРО-ДПМНЕ постојано со докази, факти и аргументи укажува дека владата на СДС и ДУИ ги користи ресурсите на државата за вршење на криминал, богатење на поединци, задоволување на одредени интереси и бенефити за лицата од власта, но ЈО и останатите институции наместо да реагираат, останува без слух и одбираат да се соучесници во криминалот на СДС и ДУИ.
СДС и ДУИ се криминално здружение кои од државата гледаат само можност за лично богатење. СДС и ДУИ мора да заминат, бидејќи со нив секој ден е само криминал повеќе. Со СДС и ДУИ никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме!“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, реагираше на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски.
„Наместо да ги спроведе реформите што Европа ги бара две години, Мицкоски нуди само изолација и анти-ЕУ кампања. Преку 70% од граѓаните сакаат ЕУ – а тој зборува за „булинг“ и „прва и втора лига“. Тоа не е булинг, тоа е последица од неисполнување на обврските: правда, слобода на медиуми, борба против корупција. ВМРО секојдневно создава конфликти со соседите а на критиките од Брисел одговара со напади врз ЕУ. Затоа нема напредок, затоа 5 тони дрога излегуваат преку македонската граница неказнето, затоа судството и обвинителството се под контрола, а медиумите се задушени преку моделот на Орбан. Европа ни даде јасна шанса до 2027, заедно со регионот! Црна Гора и Албанија напредуваат. Ние? Само ако престанеме со оваа политика на изолација што намерно ја турка Мицкоски. Мицкоски ВМРО не сакаат ЕУ – сакаат да крадат на тендери без надзор. Тоа не е европска вредност. Тоа е криминална вредност. Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски“ стои во реацијата на претседателот Филипче.
Македонија
(Видео) Не гледам потреба за одржување на предвремени парламентарни избори, вели премиерот Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски не гледа потреба за одржување на предвремени парламентарни избори. Тој нагласи дека во разговорите со меѓународната заедница и со граѓаните како главен приоритет се посочуваат реформите и нивната реализација.
„Тоа е она што е главен фокус и приоритет на оваа Влада. Реформи и испорака. Се разбира дека ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка партија во државата мора да се однесува одговорно кон граѓаните, иако после локалните избори и оној апсолутен триумф, политички гледано нас ни одговара да има предвремени парламентарни избори, но и покрај сето тоа нашиот приоритет и фокус е испорака и реформи за подобар живот и стандард на граѓаните“, истакна Мицкоски.
Македонија
(Видео) Манасиевски: Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, морало се да оди по насока на Заев
Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, кажа денеска на прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Ристо Катевеновски, поранешен судија на Врховниот суд тврди дека бил разрешен поради тоа што не дал позитивно мислење за судски случај по барање на тогашните власти СДС и ДУИ. На судско рочиште судијата Катевеновски истакнал дека нема да даде позитивно мислење во случајот поврзан со поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, и дека ќе биде потребно да се разговара со неговите колеги за понатамошно дејствие. Но, по само еден ден од оваа дадена изјава на Катевеновски, кој вели дека била дадена зад затворени врати, Судскиот совет свикал итна седница на која тој бил разрешен. Сведоштвото на Катевеновски води кон тогашните власти, а како што вели тој – неговото разрешување дошло од СДС и ДУИ, или во превод од Зоран Заев и Али Ахмети“, рече Манасиевски.
Тој истакна дека „правдата и вистината која Заев ја ветуваше кога дојде на власт се покажа како селективна“.
„Но, она што е клучно е тоа дека повторно добиваме сведоштва за притисокот на СДС и ДУИ, кон правосудните органи. Она кое ние го говориме во јавноста со години, сега веќе и се потврдува. Тие биле оние кои одлучувале кој ќе се апси, а кој ќе се апстрахира од одреден случај. СДС и ДУИ си ја партизираа државата и нејзините институции. ВМРО-ДПМНЕ тоа повеќе нема да го дозволи повеќе. Потребна е одговорност!“, заклучи Манасиевски.

