Македонија
„Лукаревска е одговорна за криминалната исплата на 22 милиона евра поврат на ДДВ на фирми што не се достапни за институциите“, вели ВМРО-ДПМНЕ
„Лукаревска се препелка струмичко-косовскиот скандал со поврат на ДДВ тежок десетици милиони евра. Излегуваат нови документи кои говорат за сериозен милионски криминал кој таа како најодговорна во најмала рака не го спречила“, соопшти ВМРО-ДПММЕ.
„Имено документите покажуваат дека освен струмичката фирма АКТИКО, и друга струмичка фирма ХАНТОНОС, и двете отворени во 2022 година, биле продадени на косовски граѓани, откако претходно крајно сомнително повратиле вкупно 22 милиони евра по основ на ДДВ. Методот на малверзација е ист. Двете ново основани компании, набавуваат роба од неверојатни 50 МИЛИОНИ ЕВРА, добиваат право на одбивка на данок од по 11 милиони евра и после се продаваат на мистериозни лица од Косово, кои не се достапни ниту за УЈП, ниту за македонските институции.
Прво, како е можно за УЈП и за македонските институции да не биде сомнително две ново основани компании да увезуваат роба од по 50-тина милиони евра?!
Второ, зошто овие компании не биле проверени, пред да добијат право на одбивка на данок од 11 милиони евра?!
Трето, зарем за институциите не им било сомнително како една екстремно “успешна“ компанија да се продаде преку ноќ после добивањето на средствата?!
Како е можно толку сомнителна купопродажба да помине под радарот на институциите и истите компании и сметководства потоа да станат недостапни за надлежните?!
Овде се работи за два случаи со 22 милиони евра кои сега со леснотија Лукаревска и УЈП ги ставаат само на листата на должници. Овде постои сериозен сомнеж за криминал кој не е можен без знаење и дозвола од високи функционери од власта на ДУИ и СДС. Лукаревска треба да знае дека таа е одговорна што оваа разработена шема се случила и порано или подоцна ќе треба да дава одговори“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Силјановска се заблагодари за честитката од ЕУ: Со нетпрение очекувам да ја продолжиме соработката
Силјановска Давкова се заблагодари за честитката од ЕУ и порачува дека со нетпрение очекува да ја продолжам соработка со Европската Унија за конечно заокружување на европската интеграција на целиот регион.
„Денеска, како избрана претседателка, добив официјално соопштение од Европската Унија со кое ми се честита победата на изборите. Темелот на мојата на кампања беше градењето на консензус помеѓу сите политички партии во Собранието, како од власта, така и од опозицијата, граѓанското општество и македонските граѓани, независно од нивните разлики. Нашиот клучен стратешки проект е европската интеграција и истата останува да биде темел за градењето на консензус помеѓу различните чинители во општеството. Потенцирам дека под мое водство нашата надворешна политика ќе продолжи да биде целосно усогласена со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија. Со нетпрение очекувам да ја продолжам соработка со Европската Унија за конечно заокружување на европската интеграција на целиот регион“, се наведува во соопштенеито испратено од тимот на Гордана Силјановска Давкова.
Европската унија и честита на Гордана Силјановска Давкова за нејзината победа на претседателските избори во Македонија и со нетрпение очекува да работи со првата жена лидер во земјата, изјавија високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел и европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархеи.
Борел и Вархеи, во заедничката изјава објавена по повод вториот круг од претседателските и редовните парламентарни избори во Северна Македонија, ги охрабрија „релевантните политички актери да работат на формирање парламент и стабилна влада“.
Македонија
(Видео) Стоилковски го поздрави лидерот на ДУИ јадејќи бисквита: „Поздрав, Али“
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, на социјалните мрежи објави видео во кое, јадејќи бисквита го поздрави лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Стоилковски вели дека оди на состанок со коалициските партнери на ВМРО-ДПМНЕ, а потоа зема бисквита и почнува да ја јаде.
„Поздрав, Али“ , вели Стоилковски.
Стоилковски алудира на изјавата на Ахмети која тој ја даде од митингот на „Европскиот фронт“ во Скопје пред одржувањето на првиот круг од претседателските избори кога рече оти лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е израснат со бисквити и гурабии.
Македонија
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија, парламентот и владата за да работиме на европскиот пат
Европската унија и честита на Гордана Силјановска Давкова за нејзината победа на претседателските избори во Македонија и со нетрпение очекува да работи со првата жена лидер во земјата, изјавија високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел и европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархељи
Борел и Вархеи, во заедничката изјава објавена по повод вториот круг од претседателските и редовните парламентарни избори во Северна Македонија, ги охрабрија „релевантните политички актери да работат на формирање парламент и стабилна влада“.
„Двете институции треба да работат заедно на подобрување на европскиот пат на Северна Македонија, кој вклучува имплементација на клучните реформи, особено во областа на владеењето на правото и борбата против корупцијата, во интерес на сите нејзини граѓани“, се вели во заедничката изјава на Борел и Вархеи.