Забава
„Почувствував како ми трпне левата, па десната рака“: холивудски актер итно хоспитализиран
Холивудскиот актер Џејми Дорнан е итно хоспитализиран.
Холивудскиот актер Џејми Дорнан (41) е хоспитализиран откога доживеал „симптоми слични на срцев удар“ додека бил на одмор во Португалија. Здравствените проблеми настанале кога актерот налетал на токсични гасеници, открил за медиумите неговиот пријател – водителот Гордон Смарт (43).
Славниот 41-годишник уживал на одмор во Португалија со Смарт и уште неколку пријатели, но друштвото набргу се соочило со непријатни здравствени проблеми.
Гордон истакна дека и самиот чувствувал „печење и скокоткање во левата рака“, а набргу во болница му рекле дека има забрзано чукање на срцето, односно дека има 120 отчукувања во минута. Кога бил пуштен од болница, тој се вратил во хотелот, каде што го пронашол Дорнан во амбулантно возило како се жали на „вкочанетост во екстремитетите“, пренесува „Дејли мејл“.
„Излегува дека налетавме на влакнести гасеници и имавме среќа што воопшто сме живи“, рече Гордон.
Малите влакна на овие гасеници, кои се претвораат во молци, имаат протеин тауметопеја, кој може да предизвика болни иритации на кожата, очите и грлото, како и осип, а во ретки случаи и алергиски реакции. Влакната лесно се отстрануваат од телото на гасениците, а ги има многу и ветрот лесно ги дува, така што допираат до луѓето и ги предизвикуваат гореспоменатите заболувања.
„Првиот ден одлично се забавувавме, игравме голф, излеговме, испивме многу вино и мартини. Како и да е, следниот ден повторно игравме голф и почнав да чувствувам прво печење, а потоа скокоткање во левата рака. Јас сум син на општ лекар и мојата прва мисла беше: ‘Ова е обично знак за почеток на срцев удар’. Јас сум прилично здрава личност, но кога ќе почнете да мислите дека имате срцев удар, сосема сте сигурни дека ќе доживеете еден“, вели британскиот водител.
По тоа, веднаш се упатил кон болницата, каде што набргу колабирал. Се разбудил во болнички кревет покрај доктор, кој го прашал: „Што направи вчера, млад човеку?“. Како и да е, набргу бил пуштен, а кога се вратил во хотелот, го чекало непријатно изненадување.
„20 минути по заминувањето, мојата лева рака ми се вкочани, левата нога му се вкочани, десната нога ми се вкочани и мораа да повикаат брза помош“, му рекол на Гордон, Џејми Дорнан, ѕвездата на филмот „50 нијанси сиво“.
Една недела подоцна, оваа приказна доби пресврт – докторот му се јави на Гордон и го извести дека неговите и симптомите на Џејми се предизвикани од токсични гасеници. „Се утврди дека на терените за голф на југот на Португалија има гасеници, кои може да убијат кучиња, а може да предизвикаат срцев удар кај мажи во 40-тите години“, објасни водителот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Снуп Дог застана во одбрана на Дејвид Бекам по обвинувањата од синот Бруклин
Снуп Дог застана во одбрана на Дејвид Бекам и Викторија Бекам, откако нивниот син Бруклин Бекам јавно ги нападна родителите и порача дека не сака помирување со нив.
Во интервју за „Мирор“, Снуп Дог, кој повеќе од 20 години е пријател со Дејвид Бекам, изјави дека тој е „семеен човек“ и дека без оглед на успехот, ништо не му е поважно од семејството. Тој додаде дека се надева оти Бруклин со текот на времето ќе се помири со родителите, за кои рече дека се длабоко погодени.
Снуп Дог нагласи дека ниту едно семејство не е совршено и дека притисокот е уште поголем кога семејниот живот е постојано под лупа на јавноста, но изрази уверување дека проблемите ќе бидат надминати.
Во својата објава, Бруклин Бекам ги обвини родителите дека се обидуваат да му го нарушат односот со сопругата Никола Пелц, а наведе и дека неговата мајка на свадбата во 2022 година „непримерено“ танцувала со него.
Диџејот на свадбата, Диџеј Фет Тони, кој гостуваше во емисијата „This Morning“ на ITV, инцидентот го опиша како „навистина непријатен“ и потврди дека Никола Пелц во солзи го напуштила приемот.
Забава
(Фото/Видео) Сидни Свини профитираше од својот сексапил, ја распродаде долната облека за само неколку часа
Се чини дека Сидни Свини реши да „заработи“ на своите луксузни облини и неодолив изглед, па лансираше линија долна облека наречена „Syrn“.
Линијата брзо стана глобален успех, а моделите на интимна долна облека беа распродадени во рок од неколку часа од нејзиното лансирање. Исто така, треба да се напомене дека контроверзното рекламирање на брендот вроди со плод, дополнително зголемувајќи ја неговата цена и популарност.
Самата колекција е комбинација од филмски гламур и женска сексапилност. Меѓу парчињата што се истакнуваат се чипканите корсети и долната облека што ја одразуваат старата холивудска естетика, по која е позната и самата Свини.
„Сакав бренд за долна облека што навистина ги разбира жените. Syrn ја слави самодовербата без притисок, тоа чувство да се биде секси, моќен, нежен, разигран или сите тие работи во ист ден.
Имав јасна визија, сакав нешто што функционира во реалниот живот и не наметнува ограничувања на никого“, изјави актерката за ELLE.
Забава
(Видео) Меланија Трамп блесна на премиерата на нејзиниот документарец
Меланија Трамп блесна на премиерата на документарецот „Melania: Twenty Days to History“ во Центарот Кенеди во Вашингтон. Нејзино друштво на црвениот тепих беше, секако, нејзиниот сопруг и претседател на САД Доналд Трамп.
THE PREMIERE OF "MELANIA" AT THE TRUMP-KENNEDY CENTER 🤩🍿pic.twitter.com/MEy6VLmcZW
— The White House (@WhiteHouse) January 30, 2026
Првата дама на САД одлучи да остане верна на својот специфичен моден израз за оваа пригода, и избра црн фустан од „Долче и Габана“. Станува збор за креација која претставува совршена комбинација од чиста елеганција и вечерна облека, а е украсена со здолниште со рамен крој и струкирано сако.
За да го „разбие“ овој деловен фустан и да го истакне струкот, таа додаде тенок ремен. Признаваме, овој моден детаљ ја однесе целата комбинација на следно ниво, а не треба да ги заборавиме и црните потпетици кои го заокружија стилот.
Ја стилизираше косата на наједноставен начин – се одлучи за брановидна фризура што паѓаше по рамената, а што се однесува до шминката – Меланија остана верна на нежните, невпечатливи тонови.

